Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Зато ни е сега чудно со СЈО, не сме навикнати некој да истражува и обвинува
ami što istražuva ??? Luk i Voda.... Magla prodava... što ne istraži Sopot, Monstrum, divlje naselje i takvi raboti ...
istiot kuklen teatar samo plus vrabotija skapoplateni glumci, vsušnost obični statisti....
 
Ако сега не добие притвор овој горан дефинитивно работата тешко дека ќе оди напред.
 
Повеке од сомнително е уништувањето на опремата во МВР за следење на телекомуникации во период кога на јавноста и беше обелоденето дека се вршело незаконито следење на грагани,политичари,новинари,активисти,експерти,амбасадори....а истовремено имаше и обвинителна постапка против лидерот на опозицијата кој всушност обелодени дека власта незаконски прислушкувала.
Едноставно премногу е сомнителен овој потег на уништување на доказ со кој може да се докаже или побие факт дали е следено и со која обемност е правено бидејки дигитален формат колку што знам тешко се брише стопроцентно.
Во овој обвинителен случај се надевам нема пак некое жртвено јагне да осудат како што направија од она неспецијално обвинителсво/судот а СЈО се надевам дека имаат сведоци кои нема да си дозволат да бидат жртвени јагниња.
 
Последно уредено од модератор:
ami što istražuva ??? Luk i Voda.... Magla prodava... što ne istraži Sopot, Monstrum, divlje naselje i takvi raboti ...
istiot kuklen teatar samo plus vrabotija skapoplateni glumci, vsušnost obični statisti....
Прво мора да се расчисти ситуацијата со власта во држжавата и судска и извршна , како ќе решаваш судски случаеви ако судот е корумпиран или политички обоен?
Обвинителсто покренува обвинение, судот отфрла ради партиски или лични интереси и тука е крај. Да се постават искрени и некорумпирани и неполитички луѓе како судии како обвинители како истражители или инспектори па после да се расчистат сите сомнителни случаеви.
Монструм си има судска разрешница. Судиите се исти кои и донеле таква пресуда, исти се и инспектори и истражители, и пак да се покрене обвинение, нема ништо да се промени.
Да се воведе владеење на закон и право да се ослободат институциите од зависност или страв при носење на одлуки, да знае судија или обвинител или службеник било каде дека не му зависи работноо место негово и на семејството од желбата на шефот да му заврши некоја нелегална работа
Да се ослободиме од она “ќути бе прај ко шо ти велат, парче леб земаме од таа работа“
 
Повеке од сомнително е уништувањето на опремата во МВР за следење на телекомуникации во период кога на јавноста и беше обелоденето дека се вршело незаконито следење на грагани,.
Абе, коинциденција.....
 
Можат овие да изненадат, а ?

Засилено полициско присуство пред Кривичниот суд, се чека одлука за бараниот притвор
Пред 22 и 30 часот се засили полициското присуство пред Кривичниот суд во Скопје, во очекување на одлуката на судот дали ќе одреди притвор за началникот на УБК, Горан Груевски. Адвокатите на осомничениот Груевски заминаа и немаа одговор каква ќе биде одлуката на судот.
 
Обично ова се случува кога има причина, освен во случаи кога намерно се крева тензија што мислам дека не е сега случај
 
30 дена притвор, официјално излегоа медиумите, за началникот Горан.
 
Нееееееееее........

Со лисици на рацете вечерва едно лице е спроведено пред Основниот суд Скопје еден, во придружба на засилено полициско обезбедување,
 
А за Јанкуловска прифатено е барањето? мислам за куќен притвор така нешто имаше...
 
Нееееееееее........

Со лисици на рацете вечерва едно лице е спроведено пред Основниот суд Скопје еден, во придружба на засилено полициско обезбедување,
Што не?
 
Мислам дека ќе играат на овој началник во притвор да потклекне и да ја смени страната, па така да паднат Горде и Сашо.
 
Мислам дека ќе играат на овој началник во притвор да потклекне и да ја смени страната, па така да паднат Горде и Сашо.
Ќе дојде редот за сите, еден по еден
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom