- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.482
- Поени од реакции
- 5.951
Мене би ме интересирало судењето за овој случај. Сакам аферата за прислушување да се разјасни, а и двете страни во спорот би можеле да го направат тоа. Тоа што конкретно ме интересира, а денес не беше објаснето (со оправдана причина) е
- што се случува со логовите што таа опрема секојдневно ги креира, дали и тие се уништени (најбитното прашање)
- зошто опремата што не се употребувала уште од 2009та не била уништена веднаш
- зошто (ако се докаже дека се) имало потреба да се фалсификуваат документи и внесуваат во деловодни книги со стари датуми.
Притоа, паралелно со тоа би сакал и нов закон за лустрација, со кој на сите што имале пристап до таква или слична опрема им се одзема правото да работат на истите или слични работни места во иднина.
Колку што имам прочитано, во 2008-ма и во 2011-та е набавена опрема од Израел.
Е сега не знаеме која опрема е уништена, а пошто прислушкувани разговори има и од пред 2011 година, тогаш претпоставувам дека со опремата од 2008-ма се прислушкувало.
Но како и да е, доста сомнителна одлука, да се уништи опрема во време кога се објавуваат прислушкувани разговори, а премиерот еден месец пред тоа одржува прес конференција во која ги обвинува странските служби и најавува судства разрешница.
Еве и ова беше изнесено денес
Еден од системите за прислушување за кои станува збор бил во употреба сѐ до уништувањето.
Веројатно некој се уплашил од затвор и се согласил да сведочи против наредбодавачите.
Последно уредено: