ГДОМ пак со протести во Скопје, в четврток пред Собрание
Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) в четврток вечер пак ќе организираа протест во Скопје, овојпат пред Собрание.
На собирот ќе се побара изборите да се одржат на 5 јуни како единствен излез од кризата во која се наоѓа земјата.
Минатата недела ГДОМ организираше неколку протести пред штабот на СДСМ во Скопје. Потоа информираа дека тие целта веќе ја постигнаа, дека изборите ќе се одржат на 5 јуни по потпишувањето на решението за избори од претседателот на Собранието и по соопштението на ДИК дека избирачкиот список е прочистен.
Сепак, вчера ГДОМ одржаа собири во Штип, Битола и Велес.