Акции на СЈО (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Grmys
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако на било кои наредни избори, искочат моменталниве опции. И ако на тие избори има излезност поголема од 16%, и дефинитивно ни нема спас и се ова што ни се дешава си го заслужуваме од почеток до крај.
 
Добро, не ми е јасно, кое колективно лудило постои во државава што има луѓе што бранат ваква работа.
Фројд да не анализира ќе дигнеше раце досега.
 
Да, излезност од 82-3% во мало сиромашно место било невидена работа. :D Па уште и во сите балкански држави... Швајцарија не е на Балкан, ниту Шипковица со пола фантоми репер. Ако оној гревон од претседател на ДИК реши да ги брише, тогаш цело Кичево ќе треба да се префрли во 6ка. И наместо да делите 16-17, ќе делите 12-3 таму. Тогаш сигурно ќе почнеш аритмии да добиваш.

Мислев дека таму нема сиромаштија, секој ден гледам по Сител се отвараат фабрики.
Дали и Крива Паланка е мало сиромашно место, пошто извадија 77,2% излезност. (според ДЗС во оваа општина има 16.500 жители над 18 години, а во избирачкиот список има 17.200 гласачи)

Србија излезност: 53%
Бугарија: 51%
Грција: 56%

Што се однесува до избирачките списоци, многу добро објаснуваа твоите од дпмне, велеа дека во избирачкиот список има и печалбари, кои според нив и тие заслужуваат да гласат.

Србија има 6,7 милиони гласачи, а 7,1 милион жители.
Бугарија 6,8 милиони гласачи, 7,2 милиони жители.

Така ќе биде и кај нас, печалбарите нема да бидат избришани, но ќе се избришат тие од Пустец, Гора, Србија .... кои немаат допирна точка со Македонија, се губат ако ги пуштиш пред наводните живеалишта, пошто човечињата никогаш не биле во Скопје, којзнае кај ги сликале за лични карти.
Ќе се избришат и умрените, за кои Јанкуловска се радуваше што Амди Бајрам ги користил за коалицијата.
 
Последно уредено:
но ќе се избришат тие од Пустец, Гора, Србија .... кои немаат допирна точка со Македонија
Сигурно. Туку, замисли на што се е подготвен Али за 6ка да не мора да се рекомпонира.
 
Мислев дека таму нема сиромаштија, секој ден гледам по Сител се отвараат фабрики.
Дали и Крива Паланка е мало сиромашно место, пошто извадија 77,2% излезност. (според ДЗС во оваа општина има 16.500 жители над 18 години, а во избирачкиот список има 17.200 гласачи)

Србија излезност: 53%
Бугарија: 51%
Грција: 56%

Што се однесува до избирачките списоци, многу добро објаснуваа твоите од дпмне, велеа дека во избирачкиот список има и печалбари, кои според нив и тие заслужуваат да гласат.

Србија има 6,7 милиони гласачи, а 7,1 милион жители.
Бугарија 6,8 милиони гласачи, 7,2 милиони жители.

Така ќе биде и кај нас, печалбарите нема да бидат избришани, но ќе се избришат тие од Пустец, Гора, Србија .... кои немаат допирна точка со Македонија, се губат ако ги пуштиш пред наводните живеалишта, пошто човечињата никогаш не биле во Скопје, којзнае кај ги сликале за лични карти.
Ќе се избришат и умрените, за кои Јанкуловска се радуваше што Амди Бајрам ги користил за коалицијата.
а ке ги бришат ли шарпланинските швицарци :D
 
Сигурно. Туку, замисли на што се е подготвен Али за 6ка да не мора да се рекомпонира.

Договорени се Дпмне и Дуи, ако падне 6ка, ќе падне и 3ка .. ако не падне 6ка, нема да падне ни 3ка.
85% излезност не е за верување, се степаа таму кој прв да стигне до Бугарски пасош или до стан во Скопје, а овдека 85% излезност ... видовме што се прави.
Албанците ги имаат своите 21% гласови, при каква била математика тие не се губат.
 
Договорени се, за тоа се согласувам. Само ти нешто во последно време имаш проблем со договорот. За волја на вистината, Заев дополнително ве доутепа. Ве запали за Смилковци и останати глупости, а на крај од него добивте оспорен Рамковен и Бадинтер. За тоа државата треба да му биде благодарна.
 
Да потсетиме на изјавата на Фатиме Фетаи .

Имено, некои лица се фотографирани во еден град, а лична карта добиле во друг град, односно во општина Центар, се разбира и во избирачкиот список се таму, и гласале, потоа определени се 15000 нови матични броеви, тука да не стане забуна, не се работи за новороденчиња, изготвени се 35000 лични карти кои не се подигнати од барателите, и никој незнае зошто стојат во МВР, имаме и 60000 нови македонски државјани, а што се однесува до дијаспората и улогата на конзуларните претставништва, за неа ќе се отвори посебен предмет, што би рекол почитуваниот г-дин Прибе.
се јави во медиумите една жена што новата лична карта и ја зеле специалните, таа е во странство привремено, но има право на лична карта, не е трајно иселена, има мкд државјанство, но сега ја малтретират скапоплатените гуски
 
Договорени се, за тоа се согласувам. Само ти нешто во последно време имаш проблем со договорот. За волја на вистината, Заев дополнително ве доутепа. Ве запали за Смилковци и останати глупости, а на крај од него добивте оспорен Рамковен и Бадинтер. За тоа државата треба да му биде благодарна.

Знае Заев, а знае и Груевски ... ако се смени власта, веќе на следните локални избори ќе се случи голема промена, албанците ќе одлучат и за тоа кој македонец ќе биде градоначалник и кој ќе биде претседател, а тоа на Дпмне не баш му се допаѓа .... на претходните избори успешно ги задржија албанците за врат да не излезат против Иванов или против некои градоначалници, но чим се смени власта, тркалото ќе се сврти од другата страна.
Дпмне националистичкиот настап во овие 10 години ќе ги кошта уште долги години натаму. (ако знае Заев да го искористи тоа)
Албанците си вадат над 200.000 редовно, многу одлучувачки. (237.000 во последните избори)
 
За да станете гласач кој за ДИК е спорен а за СДСМ фантомски треба да ве нема во една од базите чии податоци се вкрстуваат. Па така, ако неколку години не сте биле кај Вашиот матичен лекар или пак воопшто го немате, веднаш станувате според гласач, бидејќи вашето име ќе се јави во базата на МВР но не и во базата на Министерството за здравство. Спорни гласачи се и семејствата во кои живеат лица со три различни презимиња па така ако две ќерки по стапувањето во брак ги смениле презимињата но не и адресите или останале да живеат во домот на своите родители, стануваат спорени гласачи. Според гласач станувате и ако се преселите и ја смените адресата во личната карта но не и во пасошот, или пак, ако сте невработен и подолг период не се пријавувате во агенцијата за вработување.
Според информациите, речиси 90 отсо од овие гласачи се етнички Албанци а за повеќе од една третина од нив, МВР веќе ставило забелешка дека подолг период се исселени од Македонија.

***
Штотуку дознав дека сум фантом пошто исполнувам еден од овие критериуми. Фала СДС.
website-Untitled2.jpg
 
Знае Заев, а знае и Груевски ... ако се смени власта, веќе на следните локални избори ќе се случи голема промена, албанците ќе одлучат и за тоа кој македонец ќе биде градоначалник и кој ќе биде претседател, а тоа на Дпмне не баш му се допаѓа .... на претходните избори успешно ги задржија албанците за врат да не излезат против Иванов или против некои градоначалници, но чим се смени власта, тркалото ќе се сврти од другата страна.
Дпмне националистичкиот настап во овие 10 години ќе ги кошта уште долги години натаму. (ако знае Заев да го искористи тоа)
Албанците си вадат над 200.000 редовно, многу одлучувачки. (237.000 во последните избори)
Каков шамар изедовте за Иванов, леле мајко...
 
Знае Заев, а знае и Груевски ... ако се смени власта, веќе на следните локални избори ќе се случи голема промена, албанците ќе одлучат и за тоа кој македонец ќе биде градоначалник и кој ќе биде претседател, а тоа на Дпмне не баш му се допаѓа .... на претходните избори успешно ги задржија албанците за врат да не излезат против Иванов или против некои градоначалници, но чим се смени власта, тркалото ќе се сврти од другата страна.
Дпмне националистичкиот настап во овие 10 години ќе ги кошта уште долги години натаму. (ако знае Заев да го искористи тоа)
Албанците си вадат над 200.000 редовно, многу одлучувачки.
Отвори го линкот што Брутус го ставил погоре. Оди прво ставка 16. Во прва, трета и четврта ИЕ по 17-18000 луѓе им излегле. Во двојка и петка има 25 и 27000. Во шестка 37000. Што е тоа што го има во 2 и 5 а го нема во другиве? Албанци. Што е тоа што го има во шестка, а го нема во другиве? Мнозинство Албанци.

Одиме понатаму. Ставка 22: сомнение за фантоми. Во изборна единица 1, 3 и 4 : 18000 вкупно. Изборни единици 2 и 5 : 14 и 20 илјади. Изборна единица 6: 45651. :vozbud:

Почнав да се премислувам за Заев. Треба повторно да се аболира.
 
Мислам дека дедо и баба нема да гласаат на следниве избори:icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom