Ај на чај!

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Црн чај, дефинитивно. А ти ако сакаш направи ги и бувите такви, премногу зрачат беливе :)
 
Ај да не ги фалам, али во чаршија најубав чај има во Македонија.
 
Секое утро - зелен чај, да си го кренам притисокот...:)
Откако ги ифрлив газираните пијалоци, се навлеков на чаеви, дури и во лето си правам леден чај за освежување.
Сите ги сакам - шипка, нане, камилица, брусница, шумско овошје...you name it, I'll drink it.
 
Чајот од рози и етеричното масло дале добри резултати против инфекции на уринарните органи, особено при циститис и уретритис, како и при воспаление на жолчката. Чајот и етеричното масло се употребуваат против заболувања на респираторните органи при бронхитис (акутен и хроничен), како и при други инфламаторни заболувања на респираторните органи. При овие заболувања доаѓаат до израз антимикробното, антиинфламаторното и спазмолитичкото дејство.
Една лажичка (5 г) иситнети исушени латици од рози се попаруваат со 200 мл топла вода и се оставаат да отстојат 20 минути во покриен сад. Потоа се процедува и вака приготвениот чај се пие на двапати (по 100 мл).
 
кога порачувам обично во зимскио период в кафич од брусница и од боровница не ми е убав не засладен , а цело време зелен чај како замена за кафе пошто убав бил за диета и помалце кофеин од кафето и ....без шеќер....
 
Омилен чај ми е Earl Grey. Додај и малку млеко и нема поубаво нешто од ова.
Без млеко е многу горчлив. :D
 
Моментално пијам од цедевита, порткал и цимет.
Препорачете најубав, секако секој со вкусот.
Освен домашниве. :)
 
Јаготка со ванила :love:
Бидејќи сум алергична на јагоди, пробувам да им најдам супститут, за среќа од чајов немам реакции никакви :)
 
Моментално заради состојбата, исклучиво кантарион, чат пат и камилица.
 
Го делам татко ми мислењето дека чај се прави од билки па и мене како и него исто не ми се по ќејф овошните чаеви, знам чаш пат и таков да испијам ама во главно пијам од тревастите. Омилен ми е од нане, се што има вкус на ментол или слично во принцип ми се допаѓа биле тоа бомбони, мастики, или мастика пијалокот. Други чаеви кој исто ми се по ќејф се планински, камилица, мајчина душица, зелен и црн овој последниот го претпочитам во ориентални атмосфери. Најубави се природните чаеви оние што ти ги даваат на цели гранчиња а не тие од супермаркетите, кои ги сушат набрзинка под разноразни топлински ламби. Вкусот е некогаш и многу драстично интензивен кај овие првите, го осеќаш чајот во максималниот свој вкус и арома. Така да од мене препорака-Баталете ги пакуваните чаеви, ако знаете некој еснаф човек кој придодно ги одлгледува и суши не се двоумете и сами ќе приметите разлика. Едно подзаборавено хитче на темава

 
Моментално пијам од цедевита, порткал и цимет.
Препорачете најубав, секако секој со вкусот.
Освен домашниве. :)
Тие од Франк како се викаа, од цреша, јаболко цимет ми се закон мене.
Иначе шипка моментално буфтам, че ми никни в стомак после 4та чаша во сат време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom