Ај да се кладиме!

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Колку често се кладите? Зборам за кладби помеѓу другари и пријатели најчесто за некои двоумења кои ги имаме.

Се кладите често?
Најчесто на што се кладите? Милка, 50-100 денари, пиво, сок ...
Си ги исполнувате секогаш загубените кладби?
А која е најголемата кладба која сте ја добиле?
 
Не се кладам често... Сум добивала, сум губела. Секогаш си ги исполнувам кладбите, иако ми остана уште една неисполнета од пред одредено време, ама и таа ќе си ја исполнам кад-тад. Како и се што сфаќам сериозно и тоа го сфаќам сериозно и сметам дека кога ќе изгубам морам да си ја исполнам кладбата. :)
 
еднаш се кладев со една од маало дека ферги е баба стара и се дог. дека ке ми дае и бев у право ама не ми дала уште :(
 
Ха, интересно навистина..
Си се кладам кога сум прилично сигурен дека сум во право, не би сакал да дадам 100- че или пак Милка, а имам давано многу пати..:/
 
Се кладам само кога сум потполно сигурен*,и тогаш најчесто го зголемувам облогот :) Ама и да добиеш облог,зависи од другата страна дали ќе сака да го "плати",не е една беља :)
-ова не важи за кладилници
 
Најчесто се кладиме на тренинг-утакмица кога имаме меѓусебно со некој од другата екипа,најчесто на кафе или сок. Кладбите ги исполнуваме. :)

Исто и кога играме билјардо,играме на тоа кој губи тој плаќа. :)
 
Незнам дали спаѓа во кладби,ама најчесто со другари играме турнир у Сони и тој шо ке изгуби на сите им купува нешо до 100 ден и секако ги исполнуваме
п.с.
Еднаш се иам кладено со другари на одмор седнуваме у кафана и викаме на кој ке му се јават прв тој плаќа за сите!
 
...Прилично често се кладам...Кога е ств. вистинска и реална кладбата ја исполнувам ако е онака...Не! Иначе најмногу се кладиме у частење и такви ствари...Кој изгуби части пиење, плаќа такси и така...:helou::baeh:
 
се кладам чат-пат со другари на пијачка и слично и секогаш ги исполнувам ако изгубам

поголема кладба имав еднаш и таа ја изгубив :kesa:
јас и еден другар му се кладевме на друг другар за безвеза на 1000 ден, ние сигурни ептен и си рековме ќе го ќариме, ама на крај тој си доби 1000
поштено си плативме и :toe:
после тоа од пијачка погоре не
 
Колку често се кладите? Зборам за кладби помеѓу другари и пријатели најчесто за некои двоумења кои ги имаме.

Се кладите често?
Најчесто на што се кладите? Милка, 50-100 денари, пиво, сок ...
Си ги исполнувате секогаш загубените кладби?
А која е најголемата кладба која сте ја добиле?

Доби идеја од fb за темава? Има една група За сите оние кои се кладат во Милка.

Не се кладам често. Знам понекогаш (ама и тоа ретко) да речам "Во што кладба" (и одговорот е, секако, во Милка) само колку да покажам некому дека сум 100% сигурна во нешто. Али после никако не барам да ми купат Милка, ни па јас купувам Милка ако сум изгубила.
 
Ретко се кладам.Мора да бидам ептен сигурна за тоа што се кладам,инаку ништо од кладбата.Не ми е толку битно по што се кладиме,најчесто за ситници,ама и за една мастика нека станува збор,ако не сум сигурна не се кладам.Не сакам да губам,не научив да се справувам најдобро со пораз,а не е за тоа што го давам.
Два три пати годишно ако се кладам во просек.Секогаш добивам.:)
 
Се кладам само кога во нешто сум сигурен и сигурен сум дека е така.
Кога на некој му кажувам за нешто,а тој не ми верува тогаш следува Ај да се кладиме:)
 
На времето ептен се кладев -ама со тек на време прекинав(можда затоа што повеќе губев одколку што добивав:toe::pipi:)
Иако и сега чат пат ми се слушува да се кладам:pipi:
 
Моментално имам кладба со еден другар на пиво. Он беше сигурен дека прво играат Јуве - Баерн, а јас викав 6 - то коло ќе играат. Мислам дека ќе тепам.:aplauz:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom