Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.485
- Поени од реакции
- 35.415
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
"Наспроти намалувањето на бројот на лица кои се заразуваат со вирусот кога станува збор за одредени земји, статистиката покажува дека вкупниот број на зарзаените од СИДА во светот и натаму се зголемува" - дел од заедничкиот годишен извештај на програмата на Обединетите Нации за борба против СИДА (UNAIDS) и Светската здравствена Организација (WHO).
Во текот на 2005 година, во светот починале повеќе од 3 милиони лица. Во однос на 2003 година, кога од вирусот биле заразени 37,5 милиони, денес со него живеат 40,3 милиони, што е досега најголемата регистрирана бројка. Жалосен е податокот кој вели дека повеќе од десет милиони од заболените се луца на возраст помеѓу 15 и 24 години.
Во просек, 14.000 луѓе секојдневно се инфицираат со ХИВ вирусот.
Според податоците на двете спомнати организации, бројот на заболените е се поголем во земјите од Источна Европа и Средна Азија, додека најголем проблем претставува африканскиот континент, каде што живеат скоро две третини од серопозитивните на планетава. Застрашувачки е што кога се во прашање жените кои се заболени, од вкупниот број - три четвртини или 77% се од Африка. Само во текот на 2005 година, од ХИВ вирусот се инфицирале 3,2 милиони Африканци.