AIDS - СИДА

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

Дали користите кондом?

  • Редовно.

    Гласови: 33 64,7%
  • Зависи од партнерот.

    Гласови: 9 17,6%
  • Ретко.

    Гласови: 4 7,8%
  • Воопшто не користам.

    Гласови: 5 9,8%

  • Вкупно гласачи
    51
Virus напиша:
...дека сидата за прв пат се појавува во 1979 во африка така што се појавува кај еден вид мајмуни кој биле ХИВ негативни и биле носители на вирусот а немале никави последици од него и поради тоа многу научници не знаеле што е таа болест и решиле да ги испитувааат тие мајмуни при што неколку од научниците несакалки или сакајки се заразиле со таа болест и без да го знаат тоа тие го започнуваат проширувањето на СИДАТА

Само претпоставка!

Како тоа дури во 1980 година се појавува "нешто" што делува контра-имунолошки и се проширува со огромна брзина? Само по себе настанало?
Мајмуните за кои се претпоставува дека биле првите носители на ХИВ, не беа нов вид на мајмуни! Таквата раса е откриена многу години претходно. Зошто тогаш никој не се заразил?
Според законите на физиката, перпетум мобиле од 1 степен НЕ ПОСТОИ.
Енергијата не може сама по себе да се создаде. ХИВ вирусот не може сам по себе да се создаде.
Постои веројатност, долгогодишната еволуција проследена со различни биолошки и временески разлики, + влијанието на X - фактори да придонело за еволуција на претходникот од ова денес што се нарекува ХИВ.
Но, како што кажа Гижо, нов вид на биолошко оружје или (според мене) "подарок" од вселената, се многу подискутабилни прашања. ;)
 
Кина тестира лек од билки против сида

Kina pocna so testiranje na lek na baza na bilki za da utvrdi kolku e efikasen vo lekuvanjeto na infekcii so virusot HIV pisuva kineskiot vesnik na angliski "Cajna dejli".
Ekspertite od kineskata Voeno-medicinska akademija pocnaa ispituvanje na okolu 200 dobrovolci, sto treba da trae sest meseci. "Ako se potvrdi deka se efektivni, lekovite ke se pojavat na pazarot za dve godini"., izjavi naucnikot Dong Junsing koj raboti na proektot.
Spored nego, istrazuvanjata pokazale deka ekstraktot od kineska bilka "inula britanik" moze da dejstvuva na virusot i toa na poinakov nacin od lekovite koi momentalno se prodavaat.
 
Сончогледот како лек против СИДА

Факултетот во Бон го објави своето револуционерно откритие: супстанцата од сончогледовите семки го спречува размножувањето на ХИВ вирусот.

Тие веќе неколку години работат на лековите за болестите во модерната доба и откриле како дикафеонинската киселина го спречува размножувањето на овој вирус.

Иако за сега оваа работа сеуште е во испитување, сепак се докажа дека оваа киселина ги напаѓа вирусните ензими без кои што ХИВ вирусот не може да се размножува.

Лошата вест е дека само еден грам од оваа киселина вреди "само" милион евра, но Германците патентирале и нова метода за вештачко создавање на оваа киселина.
 
суги напиша:
Како тоа дури во 1980 година се појавува "нешто" што делува контра-имунолошки и се проширува со огромна брзина? Само по себе настанало?
Мајмуните за кои се претпоставува дека биле првите носители на ХИВ, не беа нов вид на мајмуни! Таквата раса е откриена многу години претходно. Зошто тогаш никој не се заразил?
Според законите на физиката, перпетум мобиле од 1 степен НЕ ПОСТОИ.
Енергијата не може сама по себе да се создаде. ХИВ вирусот не може сам по себе да се создаде.
Постои веројатност, долгогодишната еволуција проследена со различни биолошки и временески разлики, + влијанието на X - фактори да придонело за еволуција на претходникот од ова денес што се нарекува ХИВ.
Но, како што кажа Гижо, нов вид на биолошко оружје или (според мене) "подарок" од вселената, се многу подискутабилни прашања. ;)

Па нормално дека е еволуција на некој стар вирус. Си слушнал за природен имунитет? Природниот имунитет им дозволува на најсилните да опстанат, т.е. Дарвиновата теорија. Така да после толку многу влијанија од природата, после многу мутации, итн итн се родил ХИВ вирусот. Нормално дека не настанал така од воздухот, али не ни постоел од кога постои човекот. Сто посто има мутирано на почетокот на 80тите и конечно се има раширено кај човекот во 85та.
Исто е и со други бактерии. Зошто нашите родители пораснаа на пеницилин, а ние на вермицилин, или не знам како се вика новиот антибиотик? За 10тина години и вермицилинот нема да биде веќе корисен па ке мора да се најде нова вакцина. И за 70-80тина години, пак ке се вратиме на пеницилин и циклусот пак ке почне. Тоа ти е сето заради природен имунитет и мутации, затоа што бактериите мутираат и стануваат отпорни на новите вакцини после одредено време. Истото се има случено и со вирусот кој што има мутирано во ХИВ.
 
Статистика за во Македонија

Првиот ХИВ позитивен случај е регистриран во 1987, а првиот случај на СИДА во 1989 година. Според Републичкиот завод за здравствена заштита (заклучно со 23.11.2006):
• Вкупниот број на регистрирани лица е 94 (67-СИДА и 27-ХИВ +)
• Бројот на починати лица е 53
• Во 2006 регистрирани се 15 случаи (4 СИДА и 11 ХИВ) што претставува највисок број на заразени досега на годишно ниво Според начин на пренос ХИВ најчесто и доминантно се пренесува по хетеросексуален пат 61 лице (65%), потоа хомосексуален 12 (13%), интравенски 9 (9%), хемофиличари 5 (5%), од мајка на дете 4 (4%) и непознато кај 3 (4%). Според пол од вкупно 94 регистрирани ХИВ+ лица, 65 се мажи и 29 жени или однос 2.2/1.

Според националноста

• 51% се македонци,
• 34% се албанци,
• 9% се роми,
• 1% турци,
• 1% срби,
• 1% бошњаци и
• 3% странци.

Според возраста

• од 0-9 години се 3 (3%)
• од 10-19 години се 4 (4%)
• од 20-29 години се 23 (24%)
• од 30-39 години се 40 (43%)
• од 40-49 години се 13 (14%)
• од 50-59 години се 10 (11%) и над 60 години 1 (1%).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom