AIDS - СИДА

Дали користите кондом?

  • Редовно.

    Гласови: 33 64,7%
  • Зависи од партнерот.

    Гласови: 9 17,6%
  • Ретко.

    Гласови: 4 7,8%
  • Воопшто не користам.

    Гласови: 5 9,8%

  • Вкупно гласачи
    51

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Во Македонија регистрирани 63 лица болни од СИДА

Според најновите податоци во земјава се регистрирани 63 лица болни од СИДА и 16 носители на вирусот ХИВ, предизвикувачот на СИДА-та. Повеќето од нив, 44, се мажи. Најголемиот дел од болните се на возраст од 30 и 39 години и се хетеросексуалци, осум се хомосексуалци, седум се зависници од дрога, четворица се хемофиличари, а кај тројца не е познат начинот на заразување.
Најмногу болни има регистрирано во Скопје-19, Тетово-18, Прилеп, осум и Куманово, четири лица.
Податоците велат дека 20% од случаевите се регистрирани во селата, 38% се Македонци, 28% Албанци, седумина Роми.

П.С. Ејсид, до каде си со темата?
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
и сеа што бидна со темата...ќе ја отварате или јас да ја отворам и грижливо :) да се грижам за неа
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.417
city напиша:
и сеа што бидна со темата...ќе ја отварате или јас да ја отворам и грижливо :) да се грижам за неа
Отвори ја и почни да ја полниш со информации. Ќе служи само за читање и информирање таа, а оваа ќе биде за дискусии. Нека идексира се Гугл, па нека се информираат младите кога ќе побараат нешто за сидата...

Ти колку што знам си активист на МИА, кај тебе се материјалите. :wink:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Acid напиша:
Ти колку што знам си активист на МИА, кај тебе се материјалите. :wink:
од кај го осозна ова, јас имам кажано или по мислењата заклучи? ДА тренер сум за ХИВ/СИДА и еве јавно кажувам на кого и да му треба кондоми слободно кај мене нека се обрати
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.417
По мислењата кои повеќето ти се на темите за ХИВ/СИДА, па по официлајните резултати од анкетите на МИА, па после од темата за невладини организации - кога ми укажа дека сум бил во заблуда дека во МИА не работеле ништо. :wink:

Иначе, дојди на роденденската журка на Кајгана и раздели од тоа кондомите. :wink:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Аха значи така, тогаш ОК,него на журката не можам да дојдам зошто нема да бидам во Мк, а ако сакате можеме да ви дадеме нека подели некој од вас.а?што викаш?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.417
city напиша:
Аха значи така, тогаш ОК,него на журката не можам да дојдам зошто нема да бидам во Мк, а ако сакате можеме да ви дадеме нека подели некој од вас.а?што викаш?
Зошто да не?
Ќе има и возрасни, ќе има и тинејџери. Би било добро. Само мислев и ти ако идеш на собирот, вака незнам како ќе ја изведеме работата... Единствено ако ти или некој од вашите активисти живеете во Аеродром, па да се остават во кафичот на Louweed (кај што ќе се одржи журката), па после да ги поделиме.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
јас ќе се обидам...ама не гарантирам зошто сум во ненормална гужва...ќе направам се за да стигнам...ако не успеам...нема друга опција...тука следната собиранка да го направиме ова
а уште кажи ми колку мислиш дека ќе требаат?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.417
city напиша:
јас ќе се обидам...ама не гарантирам зошто сум во ненормална гужва...ќе направам се за да стигнам...ако не успеам...нема друга опција...тука следната собиранка да го направиме ова
а уште кажи ми колку мислиш дека ќе требаат?
Абе види, ако не може да се изведе, нека остане за друг пат. Али ќе беше добро зошто на роденденот ќе имаше највеќе луѓе. Незнам колку требаат, ама знам дека ќе има сигурно околу 60 луѓе на овој собир, а најверојатно и повеќе. :)

Него назад не темата, може да продолжиме ние по ПП.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Хив/Сида


Распространетост
Се проценува дека над 38 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ или СИДА. Половината од новите случаи се млади луѓе од 15-24 години. Во некои делови на светот, стапката на инфекцијата со ХИВ и СИДА рапидно расте и СИДА преставува главна причина за заболување и за смртност. Во нашата земја инфекцијата со ХИВ сеуште не е честа.

Што е ХИВ?
ХИВ е скратеница за хуманиот вирус на имунодефициенција. Тоа е вирус кој го напаѓа имуниот систем. Имуниот систем помага да се заштитиме од болест. Кога нашиот имун сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имуниот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.

Преку што се добива ХИВ?
ХИВ се шири преку инфицирани телесни секрети, доколку тие доспеат во крвта кај друг човек. Во телесни течности спаѓаат крв, сперма и вагинални секрети.
  • Инфекцијата може да се пренесе преку употреба на заеднички игли бидејќи клетки кои го содржат вирусот може да се сеуште присутни на иглата, без да може да се видат.
  • ХИВ може да се пренесе со сексуален контакт ( анален или вагинален) ако при тоа не се превземат мерки на заштита.Инфицирана сперма, вагиналните секрети вклучувајќи ја и менструалната крв може да навлезат преку мали гребнатинки ( абразии) во организмот на партнерот.
  • Жени кои се ХИВ позитивни може да го пренесат вирусот на нивните бебиња во тек на бременоста, породувањето или во тек на доењето.
  • Во минатото ХИВ можел да се пренесе и преку трансфузии. Од 1985, целокупната донирана крв и органи во нашата земја ( и во други земји) се тестира на ХИВ и веќе не е можен преност на ХИВ на тој начин.
Банките на сперма исто така се тестираат на ХИВ.

Преку што не може да се добие ХИВ?
  • Ракување или допирање или преку обично бакнување на ХИВ позитивни лица.
  • Преку убод на комарец или инсекти.
  • Ако го делите домот со ХИВ позитивно лице.
  • Ако работите или одите на училиште со лице кое е ХИВ позитивно.
  • Ако донирате крв .
  • Преку клозетски шољи, кваки на вратите или преку шољи за кафе
ХИВ не може да живее долго надвор од организмот. Само по една минута престој надвор од организмот, ризикот за да се инфцирате со ХИВ е многу мал. Вирусот лесно се уништува со сапун и вода , обични дезифициенси или со сушење.

Како делува ХИВ во организмот?
ХИВ го напаѓа имуниот систем, чија улога е борба против инфекција и спречување на растот на повеќето канцери. Кога ХИВ ќе го нападне имуниот систем, во организмот настанува битка помеѓу имуниот систем и ХИВ, која може да трае повеќе години. Вo тој период, инфицираните луѓе не чувствуваат никакви симптоми. Со поминување на времето, доаѓа до оштетување на имуниот систем и тој веќе не може да работи така добро како што работел ( не може ефикасно да се брани од инфекции). Инфекциите стануваат потешки ( на пример наместо обична настинка, таквото лице ќе добие пнеумониа). Може да се развијат ретки канцери.

Како да знаете дали имате ХИВ?
Тестирањето на крвта ќе покаже дали се присутни антитела на ХИВ , односно дали некое лице е ХИВ позитивно – не постојат клинички знаци кои ќе ви укажат на тоа. Вакво тестирање кај нас може да се направи на Клиниката за инфективни болести. По инфекцијата со вирусот, потребни се три месеци за да се создадат антитела, кои можат да се утврдат со тестот. Можно е, лицето да е инфицирано ( да го има вирусот во организмот) пред испитувањето на крвта да го покаже тоа.

Третман на ХИВ
  • Сеуште нема ефикасен и специфичен лек нити вакцина за ХИВ. Во последно време, во светот и во нашата земја се применуваат антиретровирусни лекови, кои имаат одредено влијание на вирусот.
  • На ова поле, во светот се работи многу и веројатно е дека во иднина ќе се создаде можност за уште поефикасно лекување. Во меѓувреме, се применува терапија која овозможува инфицираните лица да останат здрави, колку што е можно подолго. За таа намена се даваат повеќе лекови, со кои се зајакнува имуниот систем. Исхраната треба да е квалитетна а инфицираното лице треба да е физички активно.
  • Некои веруваат во алтернативните терапии, како масажа, реики и акупунктура.
Како да се превенира ХИВ инфекција?
  • Секогаш внимавајте на мерките на безбедност при сексуалниот контакт.
  • Никогаш немојте да делите игли или прибор за инжектирање, со други.
  • Треба да се внимава со различни акциденти, на пример ако некој крвари или со манипулацијата со медицинскиот отпад ( игли).
  • ХИВ е заболување кое треба да се пријави во нашата земја. Тоа значи кога ќе се открие позитивен крвен тест, кој означува дека некое лице има ХИВ, тоа се пријавува во соответната служба во министерството за здравство. Се контактираат сексуалните партнери и им се даваат совети за безбеден секс.
Што е СИДА?
СИДА означува синдром на стекната имунодефициенција. Кога ХИВ долго време се борел со имуниот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза.

Кои се знаците за СИДА?
Најчестите знаци кои укажуваат дека ХИВ прогредирал во стадиум на СИДА вклучуваат:
  • Постојано чувство на замор.
  • Ноќно потење- како резултат на ноќните температури.
  • Послабо помнење.
  • Брза загуба на тежина.
Третман на СИДА
Во третманот се користат антиретровирусни лекови кои се усмерени против предизвикувачот (вирусот на СИДА) , како и други лекови, вперени против опортуните инфекции и компликациите на болеста.

Како да се живее со ХИВ/СИДА?
Емоциите и реакциите кога луѓето ќе дознаат дека се ХИВ позитивни се движат од чувство на збунетост, лутина, вознемиреност, страв, паника, тага, депресија, самоубиствено расположение, неверување, чувство дека тоа не е фер. Со време, повеќето луѓе стануваат способни да ја прифатат болеста и да научат да живеат со неа, стануваат посилни, со духот и емотивно. Сфаќајќи што е вистински важно во животот, го живеат животот во потполност. Луѓето кои се ХИВ позитивни, се соочени со тоа, како да им кажат на своите фамилии, пријатели и сакани. Тие многу често се соочени со дискриминација, преку игноранција и недостаточна едукација.

Каде да побарате помош?
  • Вашиот лекар
  • Психолог
  • Клиника за инфективни болеси
 

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
Хм...

Гижо напиша:
мене повеќе ме интересира дали тој вирус е создаден во лабараторија, и кој го пуштил помеѓу луѓето
јас се извинувам али дури сеа прочитав така да дури сеа ќе ви кажам дека сидата за прв пат се појавува во 1979 во африка така што се појавува кај еден вид мајмуни кој биле ХИВ негативни и биле носители на вирусот а немале никави последици од него и поради тоа многу научници не знаеле што е таа болест и решиле да ги испитувааат тие мајмуни при што неколку од научниците несакалки или сакајки се заразиле со таа болест и без да го знаат тоа тие го започнуваат проширувањето на СИДАТА

а Катја колку за информација во Македонија има за 2005 година зборам има 111 заразени и 63 починати луѓе кој се или биле заразени со вирусот СИДА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom