Сидата слабее
Вирусот кој предизвикува СИДА станува послаб, соопштија научниците од Антверп кои проучувале примероци на вирусот од различни децении.
Резултатите покажале дека новите примероци не се размножуваат со иста брзина како порано а се и почувствителни на лекарства.
Се претпоставува дека при секое пренесување на ХИВ вирусот од еден човек на друг, неговите патогени ефекти бледеат во судир со имунитетниот систем на новиот носител.
Заради тоа, со секое пренесување, вирусот е се послаб. Се разбира, тој и натаму останува смртоносен.
Некои експерти проценуваат дека ќе бидат потребни најмалку 50 до 60 години за човекот да стане сосема имун на оваа болест.
Eкспертot за ХИВ од СЗО, Марко Виторија, изјави дека и други болести - сипаници, туберкулоза, сифилис - имале слични тенденции на слабеење со текот на времето.
"Постои природен тренд за постигнување 'рамнотежа', меѓу вирусот и неговиот носител, која обезбедува услови за нивен соживот на подолг период," изјави Виторија.
Дел од научната јавност го осудува оптимизмот што го носат ваквите студии сметајќи дека тие предизвикуваат збунетост и намалување на претпазливоста меѓу луѓето.