Агностицизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Брокер
  • Време на започнување Време на започнување

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Агностицизмот е гледиште кој тврди дека знаењето дали Бог постои или не е недостижно, и дека не можеме да бидеме во право ни верувајќи дека Бог постои, ни верувајќи дека Бог не постои. Зборот Агностицизам во суштина преведено на Грчки значи непознат, без знаење. Агностицизмот на прв поглед некому може да изгледа контрадикторен, затоа што агностицизмот не зазема никаков став, во врска со тоа дали постои бог или не, целиот агностицизам можеме да го сведеме во една реченица: "Можеби постои Бог, можеби не, но тоа што е сигурно е дека не можеме да знаеме за сигурно". затоа агностицизмот смета дека животот е многу краток за да се трудиме да дознаеме дали постои бог или не. Агностиците најчесто биле научници, а за прв пат овој термин го употребил Томас Хаксли, а денес голем број на научници и филозофи се класифицираат како агностици, исто така сакам да споменам дека Агностицизмот е концепт и гледиште, а не религија.

Што мислите за агностицизмот?
Има ли форумџии агностици?
Дали ви се допаѓа овој начин на размислување?
 
Накратко,не ми се допаѓа:smir:
Се базира на апатија и неутралност:toe:
Или џа или бу,атеизам или теизам,е сега знаеш,етееее,нелиии,не знаемееее,
ммм,да почекаме:kesa:(во стилот на Гошев и Милошевски на Еднооки:wink:)
Мислам smart ass ја имаше дефиницијата некаде...педерски:pos2:
 
Нормално дека ми се допаѓа таквиот начин на размислување, подобро тоа отколку да тресиш глупости кои или ти ги кажале баба и дедо или се засноваат на неколку прочитани книги, без разлика на која религија припаѓаш, без да имаш директно некаково мистично искуство па да речеме, си видел, си почувствувал си доживеал нешто, па тврдиш дека нешто постои или не. Мислам дека агностицизмот е според мене најреалното гледиште за тоа дали нешто постои или не постои.
 
агностицизмот е многу плитко гледиште за мене да се потпрам на еден таков систем за да си ги осознаам работите и доколку би оделе по тој пат мислам дека би западнале во нихилизам на крај и би го поврзала исто така со скептицизам и доколку би го примениле во животот ние не би знаеле прости работи дека постојат како на пр планината кожув додека ние сами не отидеме да да ја видиме така да неможам да го земам во предвид агностицизмот и да се потпрам на него во ниеден случај
 
Накратко,не ми се допаѓа:smir:
Се базира на апатија и неутралност:toe:
Или џа или бу,атеизам или теизам,е сега знаеш,етееее,нелиии,не знаемееее,
ммм,да почекаме:kesa:(во стилот на Гошев и Милошевски на Еднооки:wink:)
Мислам smart ass ја имаше дефиницијата некаде...педерски:pos2:

Можиш да бидиш и гностик. :}
 
Агностицизмот не ти дава можност да се потпреш, не е религија и во почетниот пост е нагласено, обично размислување е. Прашањето за постоењето на Бог е толку комплексно, што само простите умови без потреба од сериозна... многу сериозна анализа можат да констатираат дека тој постои или не.

Прифаќам аргументирани ставови и за едното и за другото, ама кога човек ќе застане на средина, ќе сфати дека и едните и другите се подеднакво во право и имаат подеднакво празнини во своите теории. Агностицизмот е добро размислување според мене.
 
Накратко,не ми се допаѓа:smir:
Се базира на апатија и неутралност:toe:
Или џа или бу,атеизам или теизам,е сега знаеш,етееее,нелиии,не знаемееее,
ммм,да почекаме:kesa:(во стилот на Гошев и Милошевски на Еднооки:wink:)
Мислам smart ass ја имаше дефиницијата некаде...педерски:pos2:

Е па сега види, атеизмот тврди дека бог постои но не е сигурен за тоа, исто така и теизмот има тврд став дека бог постои но и тука има некоја сомнеж, агностицизмот, не учи да не се замараме со бог, самите да бидеме бог на своето тело и да не тврдиме нешто што не сме сигурни, во моментот мислам дека неутралноста е баш она што ни треба за општ просперитет на луѓето

Можиш да бидиш и гностик. :}

Еве малку и за гностицизмот кога веќе го споменавме:
Гностицизмот е ранохристијанска ерес (една од првите, се појавува некаде во 2 век.), можеме да речиме рани атеисти, која тврдела дека Спасението доаѓа преку спознавање на мудроста, а не на Спасителот. Најверојатно верувале во Демиург (помал бог кој не е совршен, туку е ограничен) и во дуализам (две божествени сили кои се спротивставени: зло и добро, или пак соврешно и несоврешено). Заговарале тотално откажување од материјата како зла, и целосно посветување на духовно егзистирање. Биле Докетисти, т.е. верувале дека Христос само „навидум“ бил човек, додека во суштина цело време тој бил само Бог. Сепак биле свесни за постоењето на исус не го отфрлале, но сметале дека бог никогаш не бил во човечко тело само на нас така ни изгледало на прв поглед.
 
Мислам smart ass ја имаше дефиницијата некаде...педерски:pos2:
не е педерски да признаеш дека не си компетентен да одговараш на прашања врзани со религијата.

Агностицизмот е воедно и најреален израз, кој реално кажува дека личноста која е агностик, не би знаел/а дали господ навистина постои или навистина не постои.
Многу научници биле агностици, само поради фактот дека биле верници пред да се втурнат во водите на науката.
 
Е па сега види, атеизмот тврди дека бог постои но не е сигурен за тоа, исто така и теизмот има тврд став дека бог постои но и тука има некоја сомнеж, агностицизмот, не учи да не се замараме со бог, самите да бидеме бог на своето тело и да не тврдиме нешто што не сме сигурни, во моментот мислам дека неутралноста е баш она што ни треба за општ просперитет на луѓето

За црвенково си грешка,Атеизмот воглавно се дели на мек и цврст.
Мекиот наликува на агностицизмот,они не се "компетентни"да размислуваат на таа тема односно не знам сега,ќе ти се јавам пред да станам...
Тврд,цврст силен атеизам е верување во непостоење на виша сила.
 
За црвенково си грешка,Атеизмот воглавно се дели на мек и цврст.
Мекиот наликува на агностицизмот,они не се "компетентни"да размислуваат...
Тврд,цврст силен атеизам е верување во непостоење на виша сила.

да да во право си се уште ги немавме спомнато поделбите има две, првата, дека може да се тврди дека знаењето за постоењето на Бог е недостижно според тоа што ниту еден доказ не може да го оправда религиозното верување, ова е тврдиот,цврст и второ, дека може да се тврди дека знаењето за постоењето на Бог е недостижно бидејќи доказите за постоењето на Бог се недостижни.

За црвенково си грешка,Атеизмот воглавно се дели на мек и цврст.
Мекиот наликува на агностицизмот,они не се "компетентни"да размислуваат на таа тема односно не знам сега,ќе ти се јавам пред да станам...
Тврд,цврст силен атеизам е верување во непостоење на виша сила.

Ова јас што го објаснував беше за мекиот, па нели зборуваме за агностицизмот?
 
Реално сите ние луѓето сме агностици сакале да признаеме или не, ние имаме некои уверувања мисли идеи за стварноста или метафизиката но дека тие одговараат на реалната слика на универзумот по себе за тоа немаме никаков доказ, значи во таа смисла умот не може сда ги спознае крајните ствари на стварноста и таа секогаш ќе биде битие по себе или ако неа ја означиме како волја, енергија пак не знаеме што е таа по себе, затоа агностицизмот заедно со скептицизмот и нихилизмот е најдоследно изведен правец. Не знаеме ништо освен дека знаеме дека се сомневаме во се и дека секоја поединечност се враќа во општоста што значи дека секое поединечно искуство се сведува на ништо-нихилизам!
 
Агностицизмот е гледиште кој тврди дека знаењето дали Бог постои или не е недостижно, и дека не можеме да бидеме во право ни верувајќи дека Бог постои, ни верувајќи дека Бог не постои. Зборот Агностицизам во суштина преведено на Грчки значи непознат, без знаење. Агностицизмот на прв поглед некому може да изгледа контрадикторен, затоа што агностицизмот не зазема никаков став, во врска со тоа дали постои бог или не, целиот агностицизам можеме да го сведеме во една реченица: "Можеби постои Бог, можеби не, но тоа што е сигурно е дека не можеме да знаеме за сигурно". затоа агностицизмот смета дека животот е многу краток за да се трудиме да дознаеме дали постои бог или не. Агностиците најчесто биле научници, а за прв пат овој термин го употребил Томас Хаксли, а денес голем број на научници и филозофи се класифицираат како агностици, исто така сакам да споменам дека Агностицизмот е концепт и гледиште, а не религија.

Што мислите за агностицизмот?
Има ли форумџии агностици?
Дали ви се допаѓа овој начин на размислување?

Добро кога вака ќе прочита човек изгледа како некое КОМПРОМИСНО решение што би требало да биде прифатливо за сите .

Но баш за тоа дека е компромисно за мене лично е НЕПРИФАТЛИВО .

Разликите се суштински , конкретни непомирливи и нема место за компромис .

Атеизмот е многу конкретен реален приземен . Атеизмот работи само со конкретни цели , ИЗДЕФИНИРАНИ работи- цели за кој може здраворазумно логички да се расудува , да се испитува , да се изнајдат модуси начини на ПРОВЕРКА , да се изработи соодветен мерен инструментариум итн .се со цел нечије трвдење да се ДОКАЖЕ .

Значи целиот проблем е во ДОКАЖЛИВОСТА .
Инаку ако одиме по таква логика дека несе негира постоење на битие Бог тогаш атеистите не негираат дека во вселената можеби (претпоставка ) има и вонземјани дека не сме единствеии живи суштества во вселената . Дури има и математичка формула за можноста-веројатноста да постои и друг вид на интелигентни битија во вселената . А да не збориме за целата забава колку филмови се снимени за вонземјани кој дошле или се на планетава . НО на ниикој атеист не му паѓа на памет од ПРЕТПОСТАВКА да прави ОРГАНИЗАЦИЈА на верувачи кој би сакале да бидат државен фактор .( има здруженија љубители на НЛО но овие немаат никакви политички и државни амбиции ) .

Атеистите ништо однапред не отфрлаат како тема за разговор под услов другиот да не се просерава со недефинирани работи .Атеистите досегашните трдења за некаков омнисцентен омнипотентен бог логички ДОКАЖАА дека се неиздржани =невозможни .

Атеистите меѓусебе си задале многу строги критериуми . Кој нешто тврди тој тоа свое тврдење мора и да го ДОКАЖЕ . Кој нобеловец земал награда од верување = претпоставка = теорија ? ..НЕ ! Од сите нив се барало својте тврдења да си ги докажат и тие во тоа успеале и за тоа добиле неграда =признание .

Нема што да се верува и верувањето да си биде доказ за верување во нешто недокажано .( хахаха глупости невидени ) .

Атеистите не организираат религии или вери врз основ на сомнеж = претпоставка =верување = теорија и не се здружуваат врз таква основа . Единствен исклучок кога атеистите се здружуваат врз база на препоставка е кога формираат ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ , па си пишуваат ПОЛИТИЧКИ ПРОГРАМИ па излезат на избори образложат на граѓаните ШТО БИ НАПРАВИЛЕ ако им дадат доверба избирачите . Па кој зборел вистина ќе се види , кој лажел пак ќе се види НО СЕТО ТОА Е ПРОВЕРЛИВО И ДОКАЖЛИВО . Нема бегање од тоа што е ветено оти секогаш е под суд – критика на јавноста граѓаните ,медиумите и разни други фактори .. .Значи атеистите не се просераваат од претпоствки да градат организации со ритуали богови и други глупости туку тоа го викаат ПОЛИТИКА

Е за разлика од атеистите кој си задале високи но реални критеруми па својте тврдења да мора да си ги докажат ОД друга страна има една лешперска група која својте политички амбиции не сака како атеистите чесно да се претстави на граѓаните туку од митови легенди претопставки си создале ПАРАПОЛИТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ СИ ГИ НАРЕКЛЕ РЕЛИГИИ и бегаат се кријат оти неможе или не се способни да си ги докажат тврдењата . Затоа религии и вери градат монархиостички тоталитарни клерофашистички режими каде никој не смее за ништо да ги праша или да побара од нив да си ги докажат тврдењата .

Значи :
1) ако агниостицизмот подлегнал на притисоци на вери религии дека треба да се верува = претпоставува значи како доказ за нечија претпоствка се користи друга ......претпоставка тоа е веќе турлитава и забегување .

2) ако има за цел агностицизмот да се претсави како потолерантен од атеизмот или негова помека варијанта тоа е ЛАЖНА претстава .

Атеистите немаат табу теми па да не разговараат за било што па и за Бог .НО под услов да се издефинира за што точно станува збор , која е темата на разговорот итн.
Глупостите што ги наметнува другата страна дека ..”се е ствар на верување = претпоставка “ ...за атеистите се неприфатливи и сулуди а историјата докажа дека без исклучок секогаш зад таквите тврдења стојат криминалци , воени профитери , белосветски пробисвети и пропалици .

Атеистите земаат целосна одговорност за својте тврдења а од другата страна имаме бегање од било каква одговорност криење зад некакви недокажани мистични загадочни незнатно неспознатливи виртуелни суштества на кој им се припишува цела одговорност ( зад сите работи стои некаков бог )

Да не збориме што би станало со некој атеист или група атеисти ако се повикуваат на некоја книга во која се издадени гаранции од типот :

Марко: 16

17 А овие знаци ќе ги придружуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови; ќе зборуваат нови јазици;
18 - ќе фаќаат змии; ако испијат и нешто смртоносно - нема да им напакости. Ќе полагаат раце на болни и тие ќе оздравуваат.

ЗНАЧИ ИМА ДАДЕНА ГАРАНЦИЈА АКО СЕ НАПРАВАТ НЕКОЈ РАБОТИ КАКО ШТО ГИ ПИШУВА ВО БИБЛИЈА ДЕКА ЌЕ ИМА КОНКРЕТНИ ДОКАЗИ

Дела апостоски 14

8 Во Листра седеше некој човек немоќен во нозете, хром од мајчината утроба, кој никогаш не одел.
9 Тој го слушаше Павла кога зборуваше, а кога Павле го погледна виде дека има вера за исцелување,
10 и му рече со силен глас: „Исправи се на своите нозе!” И тој скокна и прооде.
11 А множеството народ кога виде што направи Павле, го подигна својот глас, велејќи на ликаонски: „Боговите станаа како луѓе и слегоа при нас!”
Дела апостолски 28 :

3 А кога Павле собра многу гранки и ги стави на огнот, излезе змија, натерана од горештината, и му се фати за раката.
4 Домородците, кога видоа дека животното му виси на раката, си велеа еден на друг: „Овој човек секако е убиец: кој се спасил од морето, но и правдата не го остава да живее.”
5 Но тој ја истресе ЗМИЈАТА во огнот И НЕ МУ СТАНА НИШТО ЛОШО ..
6 А тие чекаа дека ќе отече или одненадеж да падне мртов. Откако чекаа долго, видоа дека не му се случи никакво зло, го сменија своето мнение и рекоа дека е бог.
ЗНЧИ ИЗДАДЕНАТА ГАРАНЦИЈА НЕ САМО ШТО ТОЈ ШТО ЈА ДАЛ И ЈА ДОКАЖАЛ ТУКУ ИДРУГИ ЈА ДОКАЖАЛЕ .
СТАНУВА ЗБОР ЗА РЕЦЕПТ КАКО СЕ ПРАВАТ ТИЕ РАБОТИ .КАКО СЕ ДОКАЖУВААТ ...
.

Ако атеистите се повикаат на ваква книга СЕКОЈ АТЕИСТ со полно право ќе побара да си ги докажат тврдењата оти тоа им е ДОЛЖНОСТ .
А кукавна религиозна сорта бега е крие ...”се било ствар на верување “???????!!!!

Ај сите верници нека стават рака кај змија отровница ДА ДОКАЖАТ ДЕКА ИСУС НЕЛАЖЕЛ .
ДА ДОКАЖАТ ДЕКА СЕ ВИСТИНСКИ ВЕРНИЦИ ДЕКА СТВАРНО НИШТО НЕМА ДА ИМ БИДЕ ОД ОТРОВОТ ..ДЕКА МУ ВЕРУВААТ НА ИСУС И БОГ .
ВЕРУВАЊА АКО НЕ СЕ ДОКАЖАТ СЕ ОБИЧНО БЕЗВРЕДНО СРАЊЕ ЃУБРЕ
САМО ДОКАЖАНИ ВЕРУВАЊА ТВРДЕЊА СЕ ВРЕДНИ ........СЕ ДРУГО СЕ ПРОПАДНАТИ ЕКПЕРИМЕНТИ .
 
Ја бев атеист. Се замарав ко вас да ги просветлувам верниците и едно време ми се здосади.

Сега сум агностик, и топ ми е. Не се замарам ни дали постои ни дали не постои и што ако постои/не постои. Сеедно ми е. И да постои, и да не постои, ја не верувам во него.
 
Темата треба да оди во Филозофија, инаку можи да се речи дека сум агностик, најреално и најприземјено е.
 
јас овде припаѓам, агностик сум, или како и да се вика :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom