PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Сеа влагаш од општа тема у примерска подтемаДа го искривиме патчево малце, иако ќе го оставам главниот знак кој вели “АГНОСТИЦИЗАМ 30км“.
Кога ќе се случи некое “чудо“ (по апострофите се гледа мојот став), верникот вели дека тоа е господ.
Човекот кој не верува во господ, но и тој неможе да го поткрепи дејствието со факти од науката, вели дека Не знае како се случило тоа и тоа.
Дали тоа го прави агностик или атеист?

Чудата немаат задолжителна врска со вербата и религиозноста у случајов.
Вака математички:
-Еден ќе рече дека чудото е од Господ ---> тој (очигледно) е верник.
-Друг ќе рече дека чудото сигурно не е од Господ, пошто Господ не постои ---> тој очигледно е атеист/неверник.
-Трет ќе рече „Не знам како се случило тоа“ ---> тој не е очигледно дали е верник, ниту дали е атеист. Можно е да е агностик, но само доколку се изјасни вака:
„Можно е да е од Господ, ама нема доволно докази да ми го потврдат тоа, затоа не знам“
или па:
„Не е многу веројатно да е од Господ, ама нема доволно докази, затоа не знам.“
Е сеа, ваљда и у агностицизам има некои си нијанси, па така овој првиов би бил понаклонет кон теоријата дека е можно да постои Господ, а другиов е понаклонет у обратен правец на оскава. Мада ваљда за да си прав агностик не треба да си „наклонет“ спрема ниедна страна на оската, туку да стоиш „незнајно“ на точката нула, пошо ако си понаклонет кон една или друга страна, тоа више може да забега у верување во едното или во другото и така ќе се самопобие поентата на агностицизмот

Ти одговорив на прашањето?
