Агим Красниќи и неговата дружина добија вкупно 53 години затвор

  • Креатор на темата Креатор на темата Airbus
  • Време на започнување Време на започнување

Airbus

Fighter Pilot
Член од
12 јануари 2008
Мислења
299
Поени од реакции
230
Локација
Skopje
Кондовецот Агим Красниќи денеска во скопскиот Основен суд беше осуден на шест и пол години затворска казна. Најпознатиот кондовец за само неколку месеци во две експресни судења доби две затворски казни кои допрва ќе ги издржува. Така, на оваа казна ќе му се додаде и една година затвор заради киднапирање на Шеваљ Муареми од скопското село Грчец.

На вчерашното последно рочиште Красниќи беше прогласен за виновен по двете точки од обвинителниот акт, злосторничко здружување недозволено држење на оружје и распрскувачки материјали за кои доби една и пол односно шест години затвор но судот ја преиначи одлуката во единствена казна од шест и пол години. И останатите седуммина членови на неговата вооружена банда беа прогласени за виновни за истите дела и беа осудени на по шест односно пет години и три месеци. Така наредните шест годни друштво на својот водач во “Идризово“ ќе му прават Мустафа Нухи (29), Сехат Рамадани (24), Халим Рамадани (61), Даим Фазлиев (28), Имер Исмаил (30) и Бедри Мемети (30) додека Абдула Јусуфи ( 25) и Рихан Мемеди (19) добија затворска казна во траење од пет години и три месеци.

По објавувањето на судската пресуда сите обвинети без спроведени на издржување на затворските казни во кои ќе им биде пресметано времето минато во притвор. Покрај тоа судот одлучи да ги заплени и двата џипа, “чироки“ и “мерцедес“, во кои се превезуваа обвинетите.

Во образложението на пресудата судијата Лидија Неделкова наведе дека изведените докази во текот на процесот недвосмилено укажувале дека Красниќи и неговата група формирале злосторничко здружение со намера да предизвикаат изборни нерегелуарности. Меѓутоа иако тоа не го сториле тие биле вооружени “до заби“ со неконвенционални оружја, кои можат да предизвикаат огромен број на жртви. Покрај тоа како отежнителни околности се сметаат и криминалните досиеа на повеќето обвинети како убиство, тероризам и грабнување за кои има судски пресуди или се водат постапки. Според Неделкова, Красниќи и неговата група се виновни и поради негативната оцена што државата ја доби за изборите од меѓународните институции. Исто така таа наведе дека при експертизата на крим техничатрите било утврдено дека само двајца од обвинетите немале траги од барутнио черстички на рацете и облеката и дека од сите запленети оружја било пукано.Адвокатот на Красниќи, Владо Пешлиевски, не ја коментираше судската пресуда но најави дека ќе ја обжали.

Инаку во завршните зборови заменкиот Јавен обвинител, Славица Темелковска, го повлече делот од обвинението кое се однесуваше токму на предизивкувањето на изборни инциденти бидејќи во суштина Красниќи. Со ова делумно се намали висината на казната за групата. Според обвинението, Агим Красниќи, Мустафа Нухи (29), Авдула Јусуфи (25) Сехат Рамадани (24), Халим Рамадани (61), Даум Фазлиев (28), Имер Исмаил (30), Рихан Мемеди (19) и Бедри Мемети (30) се товарат дека на 1 јуни со два џипа, во кои имало поголемо количество оружје, муниција, рачни бомби и рачни ракетни фрлачи, тргнале кон селото Црн Врв за да се пресметаат со активисти и симпатизери на ДУИ, кои таму наводно полнеле гласачки кутии
 
so ke bese ako dpa bese vo vlasta,a sto e so slucajot mavrovo i drugite dvajca pratenici sto mu go odzedoa imuniteto(dvojni arshini)
ama dobro e,um za drugite e voa:vozbud:
desetka od mene so mal minus
 
срамота е само 6 и пол години да добие, па тој за она што го направи требаше да добие најмалку доживотен затвор
 
Кондовецот Агим Красниќи денеска во скопскиот Основен суд беше осуден на шест и пол години затворска казна. Најпознатиот кондовец за само неколку месеци во две експресни судења доби две затворски казни кои допрва ќе ги издржува. Така, на оваа казна ќе му се додаде и една година затвор заради киднапирање на Шеваљ Муареми од скопското село Грчец.



6 i pol godini?!!

Malku be!
 
срамота е само 6 и пол години да добие, па тој за она што го направи требаше да добие најмалку доживотен затвор

I jas mislam deka treba dozivoten. Dosta se zanesuvase i se pravese nedopirliv.
 
треба и повеќе ама ајде добро е можеше и неказнети да поминат:tapp:
 
Како само лукаво Вмро им ги затвора поранешните учки, ако на наредни избори дуи падне во затвор одат негови луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom