Against Modern Football

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Не верувам дека името Тоти е минливо.На времето кога бевме копиљаци муабетот беше глеј ми играм како тоти,дел пиеро, бекам, фиго..Не се забораваат таквите легенди,а уште помалце оние верните.Исто како да ми кажеш дека еден Сколс и Гигс ќе бидат заборавени за 10 години.Бош муабет морам да признаам.

Иначе се што е модерно,се што е направено на сила со пари го губи шмекот,ја губи страста...И клубовите постојат ради навивачите тоа е факт.Клубот и да нема пари навивачите ќе се тука,фановите нема.Првите ќе направат се за да го спасат ,а фановите се тука само кога се работи за успех.
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126

Прав клип зошто уствари правите навивачи се против модерниот фудбал,кој разбере,разбере ;)
Чувството кога ќе видиш дека од 6 до 66 години, сите пеат...и тоа за клуб од најнизок можен ранг.
Ех бре, кј сум се родил да си ебем мајката...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Не викај два пати ;)
Ќе видиме. Досега биле. Рим имал многу принцеви. :)
Исто како да ми кажеш дека еден Сколс и Гигс ќе бидат заборавени за 10 години.Бош муабет морам да признаам.

И клубовите постојат ради навивачите тоа е факт.
Ќе бидат. За 10 ќе бидат на ниво на Рој Кин сега, помладите фанови ќе ги знаат само како приказна на постарите, за 30-тина ќе бидат скроз заборавени. Додека пак, Роналдо ќе биде многу повеќе паметен. Бидејќи освои награда за најдобар светски играч со Јунајтед. Иако потоа замина.

Клубовите (барем врвните) одамна се независни од навивачите. Пример за тоа е Јунајтед. Ги изгуби најверните навивачи со доаѓањето на Глејзер, на клубот нит влакно не му фали. Напротив, ги постигнува најголемите и спортски и комерцијални успеси во овој период. А „верните“ фудбалери, што биле светост за навивачите, од прв до последен останаа во Јунајтед. Ниту еден не се побуни, ниту го поддржа Јунајтед оф Манчестер. Толку од нивната лојалност кон духот на клубот. Сепак, парите биле во прашање.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576

Ама признај дека слабо се разбираш од навивање и навивачка култура ? :)

Момак,принцот на Рим е еден и единствен,отсекогаш бил Франческо Тоти.
Иако на моменти е гомно човек со некои нечовечки потези,ама да останеш цела кариера во еден клуб и покрај мултимилионски понуди од 1000 пати побогати и поамбициозни тимови е навистина за респект.

Ај наброј ми барем уште еден играч кој што го заслужил и го имал прекарот што го држи Тоти ?
Само еден.

Во врска со вториот дел од постот,и тука грешиш.

Клубовите,оние врвните многу зависат од навивачите,ама зависи ти кои клубови ги гледаш како врвни.
Реал Мадрид или Барселона на пример никогаш не зависеле од навивачите,бидејќи и ги немаат ;)
Јунајтед изгуби голем број навивачи од кога Глејзерови влегоа во клубот.Истовремено го пратеа и Манчестер Јунајтед и Јунајтед,во трета/четврта лига,мање битно.
Друго,фудбалот без навивачи не е фудбал,исто и клубот.Клубот без навивачи не е клуб.Макар и мала бројка верни навивачи,играчите да има со кого да се радуваат после секоја победа,да тагуваат после секој пораз,да имаат со кого да го споделат освоениот трофеј.
Верувај,огромна бројка го прати Јунајтед оф Манчестер,не тропај глупости без врска ;)

Ова околу Гигс и Занети и за тоа дека некој ќе ги замени не ни сакам да ти го искоментирам.Кога ќе увидиш што грешка си направил,дојди и поправи си ја ;)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.918

Прав клип зошто уствари правите навивачи се против модерниот фудбал,кој разбере,разбере ;)
Најхипстерски клуб ever! :)

Фудбал без стоење и чадни бомби не е фудбал...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Ама признај дека слабо се разбираш од навивање и навивачка култура ? :)
Нигде не го тврдам спротивното. За тебе знам дека си навивач и затоа неколку пати пишав досега дека ја почитувам вашата пасија. Акцијава дури и ми изгледа симпатично, кога би ја воделе некои навивачки групи од тимовите кои стварно постојат заради своите навивачи (како повеќето на Балканов). Но, навивачи на Ајакс да се жалат за влијанието на парите врз фудбалот е во најмала рака лицемерно.

За останатото треба да се согласиме дека не се согласуваме. :) Кој е во право, и дали воопшто некој е во право или тие паралелни светови на навивачи и фанови ќе продолжат да си постојат засекогаш и се повеќе и повеќе ќе се одделуваат еден од друг до ниво да не си сметаат, ќе покажат наредниве 10-тина години.
 
F

FARANG

Гостин

Повеќето тимови на балканот се комуњарска творба и постојат ради некоја фабрика, армија, полиција итн итн... Балканските навивачи се најголемо зло за фудбалот овде, само прават инциденти и го коштаат клубот во казни а неможат 500денари да соберат за да си платат годишен билет. Први да направат зло за клубот последни да помогнат. Хипокрити до максимум
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Повеќето тимови на балканот се комуњарска творба и постојат ради некоја фабрика, армија, полиција итн итн... Балканските навивачи се најголемо зло за фудбалот овде, само прават инциденти и го коштаат клубот во казни а неможат 500денари да соберат за да си платат годишен билет. Први да направат зло за клубот последни да помогнат. Хипокрити до максимум
Ти пријателе си ги измешал брзините,а посебно болдираното.Не ни планирам да ти објаснувам,поради тоа што се гледа дека не ги познаваш навивачите и тој свет за тебе е шпанско село.
 
F

FARANG

Гостин
Јас кога сум идел на стадион а идам и ден денес прашање е ти дали бил роден. И до ден денес сум на запад во секоја прилика. Тоа што го напишав е реалноста и вистината сакал ти да признаеш или не. Почни од Мак тифо групите и направи математика колку го коштаат а колку финансиски помагаат на клубот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Повеќето тимови на балканот се комуњарска творба и постојат ради некоја фабрика, армија, полиција итн итн... Балканските навивачи се најголемо зло за фудбалот овде, само прават инциденти и го коштаат клубот во казни а неможат 500денари да соберат за да си платат годишен билет. Први да направат зло за клубот последни да помогнат. Хипокрити до максимум
Така се основани клубовите, да. Но, да не се навивачите конкретно македонските клубови ќе немаат ни 20 луѓе во публика. Ретко кој овде би платил карта за да гледа фудбал.
 
F

FARANG

Гостин
Така се основани клубовите, да. Но, да не се навивачите конкретно македонските клубови ќе немаат ни 20 луѓе во публика. Ретко кој овде би платил карта за да гледа фудбал.
Па они се први што не плаќаат. Гагаџии со години а со „навивањето“ го уништуваат клубот дополнително. На времето на Ѕинго речиси секоја недела кркавме по 10 000 ДМ казна за Ѕинго педер напред Вардаре. Барем 2-3 помошни игралишта го коштаа клубот само казните тие 3-4 сезони па сега види ти....

Познавам луѓе што не идат на стадион баш ради навивањето и навивачите. Луге кој би платите карта.

Да не бидам грешно разбран јас сум за НАВИВАЧИ ама ко во англија. Да си платат карта, да си навиваат во рамките на дозволеното а не да продаваат пуфки овде за модерен фудбал а они вода во очи немаат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom