Аеросмит со нов студиски албум
Групата Аеросмит е подготвена да почне да работи на следниот студиски албум, соопштил тапанарот Џо Крејмер.
Денеска е прв ден како што јас и Тони(Хамилтон басистот) седнавме да работиме- напишал Крејмер на веб сајтот на групата.Вежбавме два часа и чувството беше одлично.Едвај чекаме да влеземе во студио и да почнеме да го работиме она што најдобро го знаеме.
Веќе почна работата на материјалот на групата по објавувањето на албумот Just Push play) од 2001 година.Аеросмит направи пауза на проектот што го почнаа лани додека групата закрепнуваше од различните здраствени проблеми, како што беше рехабилитација на пејачот Стивен Тајлер и операцијата на коленото на гитаристот Џо Пери.
Нема најавено датуми за новиот албум а се знае дека ке го издаде Колумбија оваа година.Аеросмит има закажано еден концерт на 1 февруари на Олимпискиот стадион во Каракас, Венецуела.