Аеродромот во Денвер

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Дали се масонските симболи секаде околу нас?
Од пирамидата со око на врвот на американските пари, Shell маслото за мотори, Тексако, Exxon со два споени "Х" (double
cross, we're double crossed?) и многу други.

Новиот аеродром во Денвер
До јавноста не допрела многу аферата со градоначалникот на Денвер, кого CIA го потплатила со 1.5 мил. долари за да ги издаде сите потребни документи за да може специјално да се декорираат ѕидовите на аеродромската зграда.
Од сликите може да се утврди следното:
- Каменот со посвета на градителите има масонски симбол во себе во потписот "New World Airport Commission"
- на еден од големите цртежи има има нацртано 3 ковчези со мртви луѓе: бело американско девојче со библија во рацете, во друг ковчег е мала индијанка, а во третиот црномуресто (афро-американско) девојче
- Во позадината има запален град и шума, а едно девојче стои пред градот и во рацете го носи пророштвото на Маја која збори за уништување на цивилизацијата
- војник кој со меч го уништува градот и деца кои своето оружје го предаваат на германски нивни врсници. Со тоа, наводно, симболично се покажува дека германските тајни масони стојат позади изработката на аеродромот
Приказната за аеродромот продолжува со тоа што неговата градба продолжува во подземен град кој се простира на 4.5 квадратни милји и 88.5 квадратни милји голема подземна база длабока 8 нивоа....

Толку успеав да најдам и преведам, ако некој знае нешто повеќе нека повели, ми изгледа како интересна сторија :)
nazi-airport-swastika.jpg
nazi-airport-covered.jpg

*аеродромот сликан одозгора

DIA-4.jpg
*девојчињата
mural_denver_airport.gif

*Заканата ја нема. Оганот исчезнува и сите се среќни. Лотусот е спасот





*ова е дел од текст кој го најдов на интерент, преведен од српско-хрватски јазик
 
Глупости живи.Дали ако пистите на некој аеродром се распоредени вака ||| значи дека се римјани?
 
Глупостиве погоре не вреди да се коментираат. Кукастиот крст не е масонски симбол, а ЦИА нема ингеренции во САД туку сам онадвор од САД.

Инаку аеродромската зграда во Денвер е во вид на мноштво Индијански шатори -- и е архитектонски многу штосна. Лично сум бил таму и тврдам дека е многу комфорен аеродромот.

Denver-.jpg
 
архитектура?:)

Глупостиве погоре не вреди да се коментираат. Кукастиот крст не е масонски симбол, а ЦИА нема ингеренции во САД туку сам онадвор од САД.

Инаку аеродромската зграда во Денвер е во вид на мноштво Индијански шатори -- и е архитектонски многу штосна. Лично сум бил таму и тврдам дека е многу комфорен аеродромот.

Denver-.jpg
Aрхитектура од причина што тука ќе искоментираат и веќе искоментираа компетентни личности кои сепак ретко или воопшто ги нема во мистерии а и целава оваа работа можеше лесно да се провери... како и што се случи со "мистеријава"
 
Не ни личи на кукаст крст. А и да личи, кукастиот крст ниту е масонски симбол, ниту пак е измислен од нацистите. Она со индијанските шатори има некаква симболика и е интересна градба. Не сум бил никогаш но сега гледав на нет, многу интересно е изграден аеродромот.
 
Ајдее уште да почнете да барате заговор во дупките од снегот што се прават кога мочате...
Инаку интересно изгледа аеродромов, интересен дизајн, необичен :)
 
Ајдее уште да почнете да барате заговор во дупките од снегот што се прават кога мочате...
Инаку интересно изгледа аеродромов, интересен дизајн, необичен :)
Да, интересена градба е, само не знам кој нормален човек би нацртал 3 мали девојчиња во мртовечки сандак.
 
Немаат значење, но да бидам искрен, ми се гади од разни мукти-култи детски, уличарски и истанати “уметности’’ кои ги закачуваат. Само не би им додал идеолошки предзнам (масони или нешто слично), но дека има такви грди работи на многу места - има.

Хиспаноамериканци цртаат слични такви работи, тие имаат мотиви од секојдневната сиромашна реалност исполнета со кражби и убиства.

Меѓутоа, ако збориме за внатрешноста на тој аеродром, доста е необичен и убав, јас не се сеќавам на такви слики, а баш го имам шпартано.
 
За првана слика со девојчиња во ковчег малце гадно доаѓа, а за масонскине ствари веќе досадно станува. Се што ќе најдеме што барем малце наликува одма го правиме масони не знам што.
 
А ова како??

Приказната за аеродромот продолжува со тоа што неговата градба продолжува во подземен град кој се простира на 4.5 квадратни милји и 88.5 квадратни милји голема подземна база длабока 8 нивоа....

Или она потцртаното е само доказ дека и не е така-нејсе подземен град,па база(88.5 милји!?!?!)...некој ќе забележи и ТЕ КАКО:toe:
 
Има ли објаснување за сликите што симболизираат?
Ако нема еве јас би дал објаснување на овие слики. Секако тоа е мое лично согледување и мислење

Бело девојче со Библија во раката - мислам дека ги симболизира убивствата на белите луѓе од страна на нацистите кои со своето таканаречено предавство на белата раса со помош на Библијата која не учи дека сите пред Бога сме еднакви без разлика на боја на кожа и раса, нацистите ги сметале за предавници белите луѓе кои ја подржуваат оваа теорија и истите тие се ужаснувале со се што е напишано во Библијата и затоа им пречело на нивната идеологија за чиста и совршена Ариевска раса.
За другите две деца мислам дека сите знаете за што станува збор. Чистење на светот на заостанатите и примитивни раси во светот според нацистите, најголем неостварлив сон на Хитлер.

Војник кој со меч го уништува градот и деца кои своето оружје го предаваат на германски нивни врсници- мислам станува збор за НОВИОТ НАЦИСТИЧКИ СВЕТСКИ ПОРЕДОК кој ќе го предводи Германија во иднина како светска сила и нејзините синови кои ќе станат господари на светот
За масонските симболи кои се наоѓаат во аеродромот, мислам дека ја предвиделе неостварената желба на Хитлер преку прекриена симболика, и сите масони на своите градби кои ги конструирале оставаат свои печати. Е сега мистерија е зашто тоа го направиле на аеродром и што значи пораката "New World Airport Commission"
Инаку за овој аеродром првпат слушам од вас дека воопшто постои.
 
Back
На врв Bottom