Аца Лукас

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.805
Поени од реакции
34.479
..или како што е повеќе милозвучно: Аца Лукас!

QeaempA.jpg
E! можеби најпознатиот српски и балкански турбофолк ентертејнер, но сите знаеме дека е повеќе од тоа алудирајќи на спиритуален гуру, емоционален револуционер, боем. Затоа, да ве запознаам со неговата професионална биографија/дискографија.​
Во 1968 под Ursa Major констелацијата најверојатно, Белград, се родил и ги жигосал декадите што предстоеле пред него. Неговата нескротлива душа започнала со свое експресирање преку џез и џипси музика, па одкога бил музички препознаен и стекнал своевидна тогашна слава влегол во соработка и во рок жанрот со рокерката Викторија. Но, малку покасно поради притисок преминува во соло кариера, а неговиот први хит бидува "Pesma od bola" која покрај целата дискографија, е сеуште меѓу топ 5 на.. многу луѓе. Хитот беше проследен со други хитови како евергринот "Kafanu na balkanu", "Kuda idu ljudi kao ja" и секако "Bjele ruze".​
Во 1999та Аца го има својот прв концерт во Белград каде настапува пред 10,000 млаѓи луѓе. Но Белград беше само почетокот на синџирот на дешавки (chain of events), тој после Белград ја освојува цела држава полнејќи многу стадиуми, но како познат мултитаскер тој во меѓувреме промовира два нови албуми за интернационалниот пазар. Во 2002ра го вади можеби својот најдобар албум "Nesto protiv bolova" со хитот "Koma!" со настапи од 20.000.. луѓе а медијата го прогласува за најпопуларниот српски фолк пејач.​
Познат по својата ексцентричност, бунотвност после 4 месеци затвор Аца се враќа со наполнети батерии и нов хит албум "Istina je da te lazem, Boze" но не брзо после издавањето ја напушта државата со изјава дека ми е преку кур од оние што сакаат да го симнат од сцената. Но сепак во 2006та се враќа назад за настап но воедно и издавајќи компилација албум, од различни автори но сепак со одлични песни како "Udari prva".​
Во Фебруари 2008ма тој освојува прво место на Гранд Фестивалот со песната "Upali svetlo", не многу долго после објавувањето на својот албум "Lesce" со премногу провокативниот кавер од Аце како лежи во ковчек со испружен средниот прст, со суптилна порака: ова е за сите што ме посакуваат мртов! Албумот содржи не-ве-ројатни песни како: "Pao sam na dno", "BY PASS", "Chivas" еt cetera, et cetera.​
v1tDhuc.jpg
Факт, кој го издига меѓу великаните:​
On his 40th birthday on 3 November 2008, Aca performed at a concert in Belgrade Arena in front of nearly 25,000 fans. He repeated that two years later. On 3 and 4 November 2010, he performed again in Belgrade Arena in front of almost 50,000 fans each night. That brings the total to almost 75,000 people, making him likely the most popular singer in Serbia, especially among younger people.
На црниот 3ти Фебруари, 2009та е упуцан од непознат сторител, два пати, добро, не е девет пати како 50 сент, ама сепак преживува само со посериозна повреда во пределот на ногата. Неговата изјава, сигурно морфиум индуцирана: Dobro se osećam. Hvala Bogu, nije mi ništa. Pustili su me iz Urgentnog centra i dobro mi je!". Лукас, сеуште твори. До ден денес. Буквално.​
Дискографија:

Студио албуми
Кавери
Албуми во живо
Компилации
Несакам да дадам правец на темата, во духот на креативноста на дотичниот, можеби некој ќе сака да продискуитра за социјалниот импакт, за молдирање на уметноста што е музиката, за креирање историја и креирање љубов. Или постирање омилените! Да не се ограничуваме. Освен ако сте хејтери.​
Jас го имам слушано 2 пати во живо, а од новиве ќинење е ваа:​
 
Мене ми се свиѓа онаа шпекулација (која има амбиции да биде потврдена, во зависност дали на некој му текне да пише порака на DM SAT кога тој ќе биде гостин в студио и да го прашаат, ко на Кили шо го прашаа на што е), дека Ацко всушност, е рокер во душа и во хороскоп, дека има завршено академија (музичка), и онака, си ја знае работата. Тоа му дава особен шарм, она, recimo, кога знаеш дека тоа што го слушаш, какво и да е (сепак, индивидуално е), е направено од мајстор. Не од калфа, ко, рецимо, Халид Бешлиќ, туку, онака, мајстор, што знае да лепи ноти и тонови, ко мајстор што знае да мачка и лепи плочки за купатило.

Убави песнички има. Јас не знам дали една има, а да не му е хит. Она, хит, што се слуша, долго време, месеци на пример. Не е ова ван хит вондер, два три пати на радио и толку. Ова е бренд.

Е сега, имаше зли луѓе, па го стрпаа взатвор тогаш, заедно со Tsetsa, ama бренд е бренд. И тој, и таа, се вратија jaci nego ikad, и БАШ оттогаш навака ги кубичат своите најдобри дела.

Камо да имаше лонгплејки уште...
 
Фактот дека Аца Лукас за една вечер може да собере повеќе фанови отколу што јас за 5 години можам да соберам лајкови, тотално ја руши смислата на моето постоење.

suicide.gif
 
Очекувам Сусаро да напише реферат за Аца, во негова отсутност ќе го постирам текстот од Време виа офнет кој тој го одобри.


Не приоѓај, не приоѓај
со мене во ноќта не заминувај,
ни келнерите ни девојките
не сакаат такви типчиња,
не е ова маса за двајца,
ова е мое засолниште.
(Аца Лукас, „Вистина е дека те лажам")

Голем број српски, а богами и регионални снобови, се соблазнија од фактот дека Аца Лукас на 8. јуни ја наполни Маракана. Очекувано, веднаш се почна со згрозување и анализи. Што и како, и над сè, зошто, и дали е ова конечната победа на турбо фолклот, сатанскиот изум за расипување на инаку сосема добрата, паметна и добро воспитана младина. Виновен е Аца Лукас што не верува во богови во кои верува кругот на двојката, туку воведува други нови божества, а виновен е и затоа што ја расипува младината. Моралната температура достигна загрижувачи 39 со 2.
Не бев на Маракана, од објективни причини, помеѓу останатото и заради пат во Берлин, таа европска и светска престолнина на креативноста и слободата. Нема сомневање дека Берлин во изминатите петнаесетина години навистина стана глобален центар на уметноста и креативноста. Но, како што паразитите сакаат да се населат на здраво месо, така и во Берлин се собрале толпа белосветски квазиуметници во стара но скапа облека, без вистинска професија, кои живеат од социјална помош, се муваат по Кројцберг, бесни на „системот" и проповедаат некаква апстрактна љубов и мир во светот. Освен дрндање и општи места, не се баш во состојба да објаснат како точно системот и државата опресивно делуваат врз нив. Токму како што се неспособни да дадат одговор на прашањето со која точно уметност се занимаваат. Западноевропското благоутробие и отсуството на егзистенцијални грижи како да направиле тие млади луѓе и не баш толку млади ебиветри од различните делови на планетата да станат мртви, како оној психијатарот кого го игра Брус Вилис во „Шестото сетило", да талкаат низ светот и да мислат дека се живи. Но, дури и такви, тие се и понатаму она што голем број белградски младинци сакаат да бидат, додека сркаат Сомерсби некаде на Сава, или пиво пред Филозофскиот факултет, и мечтаат за револуција, а потоа одат кај мама и тато на ручек.
Но, каква врска имаат тие со Аца Лукас? Најцврстата врска лежи во фактот дека токму тие го сочинуваат најтврдото јадро на оние кои би сакале да немаат никаква врска со Аца Лукас и кои најмногу се чудат и се згрозуваат над неговиот успех на Маракана. Меѓутоа, Белград не е Берлин, Сава Мала не е Кројцберг, а особено Балканот во последните 20 и кусур години не е исто што и Германија по обединувањето. Затоа, податокот дека на 8. јуни на концертот на Аца Лукас на стадионот на Црвена ѕвезда имало 50,000 луѓе, може да изненади само некого кој во последните две децении бил хиберниран, а да го згрози само оној кој, во својот малограѓански јад, би сакал Белград да е нешто што тој не е, и што не може да биде.
Аца Лукас во сето тоа е една од ретките преостанати појави кои не се обидуваат да бидат нешто што не се. А кога веќе се фаќам за споредби на „урбанлукот" на Белград и Берлин ќе додадам, па што ми даде Господ, дека Аца Лукас е поградски, побелградски и поурбан од сето она што тука како такво се претставува. Или, во најмала рака, и тој е она што го прави еден град она што тој е, и тоа не кој било град туку Белград, и е едно од неговите поавтентични лица.
Почна во деведесетите, на сплавот „Лукас", па од таму и прекарот. Првиот хит кој излезе од рамките на белградските сплавови бешеПесна од болка и веќе тогаш беше јасно дефиниран музичкиот правец во кој ќе се движи, посттурбо-фолк, кафански поп, градски народњак. Само што неговиот градски дух доаѓа од темната страна на градот, ако баш мора да го употребам тој збор тогаш од - подземјето. Но, и од кафаната, родното место и тајната на неговата музика. Само, таа кафана не е романтизирана ни прочистена од сето грдо, а не е ни безопасна, натопена со чемер, зачадена биртија за уморни шофери. На таква повеќе ѝ личи Тома Здравковиќ. Лукасовата кафана на Балканот, на премин на вековите, е мрачна, полна со заебани ликови и полуголи девојчиња кои им се нудат. Тоа е секој белградски сплав во кој странците свраќаат да почувствуваат малку балканска егзотика, па се магепсани, иако спектакуларно ништо не разбираат.
Музиката, меѓутоа, е само еден, и тоа помал дел од неговиот јавен лик: излечен од зависност од дрога и коцка (прва домашна личност која за тоа јавно проговори), пред четири години е ранет од огнено оружје пред својата зграда на Нов Белград, апсен во „Сабја" заради илегално поседување оружје и врски со подземјето...Кога тој и таков ќе запее и ќе побара „карта за лет на оној свет, и полна дланка олово и нешто против болки", „запишете ми го бројот, приведете ме утре", „бело, околу мене се е бело" или „сама, пијана, имаше вкус на дно, зарем мораше да бидеш иста како јас", нему публиката на која ѝ се обраќа му верува. Вистина е дека поголемиот дел од текстовите на неговите песни ги пишува Марина Туцаковиќ, но ги пишува наменски за него. Затоа добро му стојат и може да ги протурка, и покрај скромниот глас.
Да се разбереме, тој свет од кој доаѓа Аца Лукас е ужасен, грд и опасен. Сето тоа стои и тука може да им се даде за право на загрижените чувари на добриот вкус. Но, во исто време, тоа е еден од световите кои не се претворил во дигитализирани единици и нули. Кога сме кај дигиталното, го има тој опеано и тоа во сосема пристојната балада „Запали го светлото": „ги живеев твоите бесови и стресови, ги учев твоите мејлови и СМС-и, но само очите се огледало на душата". Неговата емоција е црна и горчлива, но сепак жива и силна. А ни поетиката на поедземјето не е ништо необично, Марио Пузо од тоа ја има направено кариерата. Можеби Аца Лукас не е Нино Рота, па таа поетика да ја вметне во музика на маестрален начин како што овој тоа го има направено во „Кум" на Копола, но...Сè е јасно како на дланка, сите зборови ги собира во една чаша, и ноќва кафаната ќе плаче.

-Белградско "Време", јуни, 2013
 
Несакам да дадам правец на темата, во духот на креативноста на дотичниот, можеби некој ќе сака да продискуитра за социјалниот импакт, за молдирање на уметноста што е музиката, за креирање историја и креирање љубов. Или постирање омилените! Да не се ограничуваме. Освен ако сте хејтери.

Jас го имам слушано 2 пати во живо, а од новиве ќинење е ваа:

Што збориш? Па празници се ближат. А пошто за нова година мора да е весеље на Ацо нема да му смета ако на темава се даде допринес со ретро хитови, не за друго за молдирањето на уметноста и за социјалниот импакт ми е највеќе.:)


 
Еве ја :icon_lol:.

--- надополнето: 29 ноември 2013 во 10:16 ---
 
:гик:

Имам чуено од Аца Лукас само една песна на желби и честитки, се вика „Лична карта“, каде нешто возеше мотор, ама никој не ја спомнува. Има еден Аца Лукас, нели?
 
Турбо фолкер (?!) од таков калибар со доза на генгста фром д худ не е ни чудо што може да наполни цел стадион. Јес да не е 50 сент ама сепак е бед мадр факр. Сум бил еднаш на негова свирка и сум видел што може да им направи на луѓето со неговите песни, па затоа никогаш повеќе.

Не, озбилно, турбо фолк не слушам, не дека го мразам овој жанр на музика ама некако тешко ми легнува. Слушам такви песни но само во исклучителни ситуации кога сум под големи количини на алкохол или кога ќе седнам во кафана/ресторан бидејќи само пијан можеш да ги слушаш тие песни а и затоа што нашиве само тоа знаат да пуштаат и да ги забавуваат луѓето, но нема зошто да се лутам бидејќи народот таа музика ја сака, посебно младината. Интересен е фактот што народов е толку болен по српски песни што ниту на домашните не им даваат шанса.

Фактот дека Аца Лукас за една вечер може да собере повеќе фанови отколу што јас за 5 години можам да соберам лајкови, тотално ја руши смислата на моето постоење.

!!!
 
Јас слушам секаков вид музика,поточно се што ми е убаво за слушање и слободно можам да кажам дека Аца Лукас е еден од пејачите кои сакам да го слушам(не би си го пуштила дома сама,ама во кафана или дискотека зш да не) Атмосфера каква знае да направи-чудесии.Бев на негов концерт и буквално ја здиве публиката,доживљај невиден..но добро,не е ни чудно пошто концертот се одвиваше во еден од нај-турбо-фолкерски настроените градови на балканот. И бдв мразам фаци што упорно тврдат тука како никогаш не би го слушале,на концерт не би му отишле,како е тешко срање и слично,а во позадина вени сечат на неговите песни.
 
Не слушам негова музика (бидејќи едноставно не ми е по вкус иако знам неколку песни од посетување на кафани и слични други архитектонски решенија) ама си го поштувам Лукасов како појава во музиката. Како што пишаа погоре - најголемата рок-ѕвезда во турбофолкот.

П.С. Боље Лукас од Џорџ Лукас.​
 
„А ја пијем само киселу воду, киселу воду, киселу воду
ахахахахаххахахахахаххахахахахахааааааааааааааааааа....“ - уметност? :facepalm:
 
Да беше насловот Аца Лукас никад не би јотворила , ама ја саа научих нешто :P

Благо кажано алергична сум на него и неговите песни.Разбирам да ги сакат неговите песни и да му се клањат ,ама цела вечер да ги пуштат се исти па исти песни и тава у кафич...неможам ...

За една НГ у кафуч 100пати ја пуштија личната карта удавија ме ....

Другата година ај друг кафич белким нема да е до толку викам. Е јас ќе одев на бајпас од 100 пати неговио Бајпас, 12.30 летканик дома.

Разбирам еднач ама цела вечер сечене вени ауу.

Од напатија саа прво питам шо музика ќе пуштат

Почитувам кој шо сака нек си слуша ,ама на мене ич не ми е јасно шо толку Ацета. :confused:
 
:гик:

Имам чуено од Аца Лукас само една песна на желби и честитки, се вика „Лична карта“, каде нешто возеше мотор, ама никој не ја спомнува. Има еден Аца Лукас, нели?



Еден и единствен, Ланџи(y)

Колкумина од вас знаат дека од 3 години свирел хармоника? ;)

Еве го, фото времеплов од бебе, па надаље (сакам пијачка у кафана на наредна собиранка за ова :icon_lol: )

3849_aca-lukas-privatno05_af.jpg


3847_aca-lukas-privatno03_af.jpg


Баш сладок бил, нели? :)

Идеме натаму...овде веќе почнува да личи на себе :icon_lol:

3853_aca-lukas-privatno_af.jpg


Лукас фудбалерот, најдете го на сликава...

3846_aca-lukas-privatno02_af.jpg



И денес, со третата му сопруга Соња, инаку бивша жена на пејачот Жељко Сашиќ, некогашен другар на Аца (да,да, Лукас му ја презел жената:D)

aca-sonja-lukas.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom