Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Нема господ, нема грев, нели?;)
А и за тоа дека “некој ќе се онади и ќе абортира ко божем е контрацептивно средство“, ............. па и да е така, сите сме грешни (ова грешни е дека грешиме, а не она религиозното) па и да го искористат луѓето правото на абортус за понекогаш да ја корегираат својата грешка

Јас заземам доста субјективен став кога станува збор за верски причини против абортус, па не сакаат многу-многу да ме слушаат баш на таа тема. Ама, еве, дури и да ги тргнам моите лични убедувања на страна, како верата ќе помогне на дете кое се родило со тешки деформитети, на дете оставено во дом, дете кое родителите не сакаат да го чуваат? Или, муабетот е - дај ние да се заштитиме од божјиот грев што ќе не спопадне, да си бидеме на чисто со чичкото горе, а детево кој го врти - крај краева увек може да проси по улици.
 
:(Јбга, проста раја што друго може да ти каже? Да не случајно можеме да очеуваме некоја мудра мисла? За жал се таквите деца, кои однапред се осудени на пропаст или ептен тежок живот во кој никогаш нема да можат да се осетат како деца.:mad:
 
Добро има ли начин некако да се промени законов?
Има, ама не е мировен. Треба да се истребат тие тавтабити, до еден.
Еднаш се умира зарадни нивните закони, друг пат ќе не казнуваат, трет пат ќе ни забранат што да јадеме, четврто дека ни се потребни додатни тестирања, ...... рамковните да не ги заборавиме......
Ако има правдина, секоје нивно женско чељаде во следните 5 генерации ќе поминува низ истите маки ко посочената девојка.
П.С. Дали се има можност да се направи абортирање во странство?
П.П.С. Дали абортусот го прават само државните клиники и ако НЕ, дали законот дозволува на приватно да се абортира во приватна?
 
Добро има ли начин некако да се промени законов?
многу тешко ако и Уставен вели дека не е противуставен (на претставка од Хера до Уставен). А тоа што се ограничува правото на жената сама да одлучи (мислам беше по 10 недела) и тоа што мора да чека неколку дена (со што може и здравјето да и се загрози) како и ред други процедури, не знам како би се нарекло.
Еден графикон за разликите на стариот и новиот и можните последици
http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2013/06/abortus_info.png
 
Ми го имаат кажано ова истово. Тоа не е причина против абортус. Може да е слаб зародиш на идеја која ќе ја зголеми свесноста при користење заштита при секс, некакво превентивно размислување, али причина против абортус не е. Ми имаат кажано и дека е грев против господ, дека е убиство на невини деца, дека се коси со моралните вредности. Ништо од тоа не е причина за да бидеш против абортус. Затоа така и го напишав. :)

Баш така. Многу малку некој согледува реално на ситуацијата, се си има позитивна и негативна страна, а ако веќе решиш да имаш став по одредено прашање, барем размисли и ставот поткрепи го со нешто. Зошто абортус е абортус, дали таа не знае од кого и е зошто спиела со тројца вечерта, дали зашто е силувана, дали..... крајниот исход е ист. Тоа со господови чеда не држи вода па ич, зашто на истите тие ,со крст на чело, кога ќе ги прашаш ,а што ако е силувана, - епа тогаш може е одговорот. Демек на ембрионот многу му мења дали мајка му од ќеиф имала секс, или ја силувале.[DOUBLEPOST=1414543276][/DOUBLEPOST]
Има, ама не е мировен. Треба да се истребат тие тавтабити, до еден.
Еднаш се умира зарадни нивните закони, друг пат ќе не казнуваат, трет пат ќе ни забранат што да јадеме, четврто дека ни се потребни додатни тестирања, ...... рамковните да не ги заборавиме......
Ако има правдина, секоје нивно женско чељаде во следните 5 генерации ќе поминува низ истите маки ко посочената девојка.
П.С. Дали се има можност да се направи абортирање во странство?
П.П.С. Дали абортусот го прават само државните клиники и ако НЕ, дали законот дозволува на приватно да се абортира во приватна?

За првото прашање имам чуено за Косово (guess why :rolleyes: ) а за второто мислам дека може(ше). Сега со комисииве кој би знаел.
Како ни тргнало со тексашкиве закони... 6a00e54eccda798833016302cddcb9970d-800wi.jpg[DOUBLEPOST=1414543550][/DOUBLEPOST]Еј според ова погоре, што ако нема брачен другар? Ќе го бараат среќникот? Жити се.
Абе во оваа земја не вреди во брак да влезеш, никако. Лудаци бре мајкому стара.
 
Последно уредено:
Денеска девојка ми направи тест за бремености излезе дека е бремена, таа има 19 а јас 24 години и размислува за абортус. И кажав дека таа одлучува и јас цврсто стојам зад таа одлука, ја сакам премногу и превземам секаква одговорност. Ова е огромен шок и за двајцата и тешко дека ке ја разубедам да не оди на абортус. Барам ваше мислење и помош и клиники каде да се изврши сето тоа и кој е ризикот.
 
ја сакам премногу и превземам секаква одговорност

Бидејќи не си ти тој кој ќе подлежи на таа процедура (која патем знае да биде и ризична за девојката), а гледам тврдиш ја сакаш и преземаш секаква (целосна?) одговорност, понуди се да ги подмириш сите трошоци за абортусот, и тие пред и после него што ќе следат. Кога џебот не ти бил доволно длабок за еден кондом, сега копај подлабоко за ова.

Со среќа на двајцата.
 
Нормално дека ќе ги подмирам сите трошоци и ќе гледам да биде во најбезбедната клиника, последно што ми паѓа на ум се парите во моментов. Подолго време сум со неа и ова со кондомов ќе се правам дека не сум го прочитал.
Има некој искуство и информација со клиниките низ скопје, па и нека биде од државната.
 
ова со кондомов ќе се правам дека не сум го прочитал.

Бидејќи тоа ти било најверојатно пракса како и други како тебе со исто размислување и пред да се случи зачнување, затоа и доаѓате во ваква ситуација. Кул, прај се дека не си прочитал. И така е доцна сега.
 
Бидејќи не си ти тој кој ќе подлежи на таа процедура (која патем знае да биде и ризична за девојката), а гледам тврдиш ја сакаш и преземаш секаква (целосна?) одговорност, понуди се да ги подмириш сите трошоци за абортусот, и тие пред и после него што ќе следат. Кога џебот не ти бил доволно длабок за еден кондом, сега копај подлабоко за ова.

Со среќа на двајцата.

Шкорпи, брат, не мора одма да ги караме :)
Очигледно дека и девојката била активен учесник во ситуацијата, не мораме одма да го караме дечкото.[DOUBLEPOST=1418517941][/DOUBLEPOST]
Нормално дека ќе ги подмирам сите трошоци и ќе гледам да биде во најбезбедната клиника, последно што ми паѓа на ум се парите во моментов. Подолго време сум со неа и ова со кондомов ќе се правам дека не сум го прочитал.
Има некој искуство и информација со клиниките низ скопје, па и нека биде од државната.

И да има некој лично искуство нема да ти каже.
Дали девојчето има матичен гинеколог? Ако нема, ОДМА да најде, немате време за чекање.
Значи во понеделник прво тоа.
Откако гинекологот ќе ги направи сите потребни тестови, ќе може она сама да си разговара со него се што ја интересира и исто така ќе може докторот правилно да ја упати.
Настрана од парите, во моментов најпотребна и е морална поддршка, без оглед колку некоја сака или не сака да биде бремена, абортусот не е забавна работа и не е лесна одлука.
 
Извини, не е мое да се мешам и посебно не во вакви работи, сакам само да те прашам: Велиш дека не се проблем парите и дека воопшто не размислуваш за тоа, што значи дека финансиски си ок, во најмала рака не си сиромав. Велиш дека ја сакаш премногу. Велиш дека имаш 24 а таа 19, значи двајцата полнолетни и во врска. Што е проблемот тоа дете да се роди?

Јас немам ништо против абортусот но само како крајна мерка, во исклучителни ситуации. Ми се чини дека поприродна работа е да ја прифатите ситуацијата и покрај одредени компликации што ќе ви донесе.

Извини уште еднаш можеби ова не е тоа што сакаш да го слушнеш во моментов, но мислам дека абортусот ќе ви нанесе емоционални проблеми кои можеби нема да ги надминете во иднина како пар. Од друга страна, детето е радост.

Поздрав и се најдобро.
 
Извини, не е мое да се мешам и посебно не во вакви работи, сакам само да те прашам: Велиш дека не се проблем парите и дека воопшто не размислуваш за тоа, што значи дека финансиски си ок, во најмала рака не си сиромав. Велиш дека ја сакаш премногу. Велиш дека имаш 24 а таа 19, значи двајцата полнолетни и во врска. Што е проблемот тоа дете да се роди?

A шо пари е еден абортус, па да се смета дечкото способен да израсне свое дете? Исто кошта или? За другар питам. Ако напишал парите се најмал проблем у моментот, не значи дека плива во нив, туку тоа е најмалку што може да стори. Што воопшто и не треба, ќе си ја однесе мајка ѝ ко шо си личи и запознавањето со дечко ѝ ќе се пролонгира уште некоја година ради незгодност. Какви емоционални проблеми како пар, 19 години е девојчево, најверојатно трет дечко, прв за секс. Тој дали и завршил уште факс, таа тек запишана. Тоа е осудување на двајца млади да живеат во најдолната класа во земјава ни. Од мама и тато ли ќе го пораснат детево и пратат на факс? А и да не се финансики проблемите, тие уште не се изградени како личности и да кажеш: ја сакаш, шо е проблемот? е смешки. Нема ништо природно во таков пар да глуми семејство, не е тоа прифаќање ситуација, тоа е прифаќање уназадените црковни морални вредности толку длабоко инсталирани во колективниот ум што тешко и формат да помогне.

Не зборам за тебе конкретно Ио, навлегов во проблемот.

Момче, ти можеби треба да бидеш прашан из чиста формалност и култура иако немаш право на глас, а како младо правилно изгледано момче треба да застанеш зад кој и да избор го направи девојката. И да бидеш среќен ако одлучи да абортира и да бидеш таму за неа, колку што ситуацијата дозволува.
 
Јас го прашав @wot, нити јас знам нити ти знаеш каква му е ситуацијата. Од тоа што кажа ми личи дека не е до таму дојдена работата (финансиски).

Емоционални проблеми во смисла на соочување со последиците од одлуката после одреден период на време. Не сакам да навлегувам во тоа, сеокј човек приказна за себе.

Не се согласувам дека тој нема право на глас и треба да застане зад било кој избор на девојката. Мислам дека ваквата ситуација е заеднички проблем и заедно треба да донесат одлука. Тој може да понуди друга алтернатива, ако сака.

Јас пишав затоа што насетив дека тој не е сосема ок со абортусот кога рече дека „тешко ќе ја разубеди“. Што ќе направат понатаму си е нивно.[DOUBLEPOST=1418535412][/DOUBLEPOST]Уште едно заборавив: можеби си во право дека не се доволно емоцинално изградени за семејство. Но дали мислиш дека се доволно емоционални изградени за да живеат со една вака тешка одлука? Пак сето ова е многу индивидуално, не знаеме ништо за луѓето освен возраста.
 
A шо пари е еден абортус, па да се смета дечкото способен да израсне свое дете? Исто кошта или? За другар питам. Ако напишал парите се најмал проблем у моментот, не значи дека плива во нив, туку тоа е најмалку што може да стори. Што воопшто и не треба, ќе си ја однесе мајка ѝ ко шо си личи и запознавањето со дечко ѝ ќе се пролонгира уште некоја година ради незгодност. Какви емоционални проблеми како пар, 19 години е девојчево, најверојатно трет дечко, прв за секс. Тој дали и завршил уште факс, таа тек запишана. Тоа е осудување на двајца млади да живеат во најдолната класа во земјава ни. Од мама и тато ли ќе го пораснат детево и пратат на факс? А и да не се финансики проблемите, тие уште не се изградени како личности и да кажеш: ја сакаш, шо е проблемот? е смешки. Нема ништо природно во таков пар да глуми семејство, не е тоа прифаќање ситуација, тоа е прифаќање уназадените црковни морални вредности толку длабоко инсталирани во колективниот ум што тешко и формат да помогне.

Не зборам за тебе конкретно Ио, навлегов во проблемот.

Момче, ти можеби треба да бидеш прашан из чиста формалност и култура иако немаш право на глас, а како младо правилно изгледано момче треба да застанеш зад кој и да избор го направи девојката. И да бидеш среќен ако одлучи да абортира и да бидеш таму за неа, колку што ситуацијата дозволува.

Леле до кај појде човече со размислување, дали ќе имале пари да го пратат нероденото дете на факс.
Како факсот да е некоја ултимативна среќа за убав живот на детето.
За тоа колку се изградени личности не можеш да кажеш ништо кога не ги познаваш лично.
Има луѓе кои на свои 50 години се однесуваат незрело и има деца кои малолетни имаат одоворност во своите постапки.
Точно финансиската ситуација е проблем, ама искрено кај нас во државава тоа е статус кво веќе години назад, и ќе биде години напред.

Од мој аспект лично ми се допаѓа како размислува дечкото и што застанува зад девојката во ситуацијава без разлика каква ќе биде нејзината одлука.
Би советувал да си разговара со девојката околу тоа одново и одново и секако со родителите во ситуацијава од причина што теретот сепак ќе биде на нив, барем на почетокот ако добро разбрав од причина што и двајцата се невработени.

Инаку што се однесува до абортус во Скопје има сосема од доволно добри клиники за да се изведе рутински зафат како тој и нема потреба од тоа да се крева паника.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom