- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.307
Ти користиш типична неморална демагогија,каде што користиш технички термин фетус кој означува еден од фазите на развој на човекот за да го оправдаш абортусот.
Тој фетус би станал човек кога некој не би го убил.
-------------
Секој треба да има избор,вклучувајќи го и малото дете кое треба да се роди а кое ти и таквите како тебе пежоративно го нарекувате фетус-што е само медицински термин за почетен стадиум на формирање на бебето т.е. детето т.е. човекот.
Извини што вака грдо ти извадив два цитати, ама не ми е поентата да те вадам од контекст, мислам дека ќе се сложиме...
Има една смешна маалска анегтота која вели “Ако абортусот е убиство, мастурбацијата е масакр“(Баш коректно ја изменив а?). Според твојот муабет, оваа зафрканција и тоа како излегува вистинита, бидејќи ако земеме дека зачнатото дете се смета веќе за човек, тогаш зошто машкото семе кое е ејакулирано би го сметале за нешто поинакво. Секое од тие мали сперматозоидчиња е потенцијален човек, зошто би ги фрлиле во некој кондом или во веце шољата? Тоа е убиство дефакто според твоите примери.
Но, ако тргнеме по тој систем и тој начин на размислување, не само сперматозоидите, туку самото имање секс е веќе неморален чин особено ако двајцата партнери тоа го прават без намера да направат дете, чисто за взаемно уживање.
Првата фаза во развојот на човекот е желбата неговиот родител да го створи според твоите размислувања, но тогаш, би требало комплетно да го отфрлиме општеството и неговите навики па да се посветиме исклучиво на правење деца, а тоа, сигурен сум дека ќе се сложиш е благо налудничаво. Затоа, мораме да повлечеме граница, каде почнува човечкиот живот, нешто кое на овие милијарда страници сме го дискутирале со други членови и границата е невозможно да се повлече. Мојата граница, каде човекот почнува да живее е детските 4 години, кога може да ги оствари првите реални сеќавања кои остануваат до крајот на животот, но хеј, тоа е мое убедување, мојата граница е ебано висока, за разлика од онаа на религиозните фанатици кои мислат дека границата е кај мастурбацијата и непотребното излевање на семето.