KaiTekk
R&B boy
- Член од
- 17 март 2006
- Мислења
- 1.045
- Поени од реакции
- 22
Нема право да одлучи.
Основно право е овде биолошко.
Човекот треба да има биолошко право да живее пред се и никој не може и нема право да му ја одземе можноста да биде среќен а ниту можноста да биде несреќен,бидејќи среката и несреќата се релативни работи.
Сиромаштијата не е најголема несреќа,ниту мора да биде.
Со самото тоа што некој знае дека е сиромашен и што знае дека не може на детето да му приушти нешто не му дава за право да го убие.
Жената има право да одлучи дали ќе има или нема да има деца,се до моментот кога тоа дете ќе се најде во нејзината матка.
Немаш право да одземеш нечиј живот,и нема право за него да одлучува и да му скрати или среќа или несреќа.Тоа право му е подарено со самиот чин на зачнувањето.
Ако за разлика од животните сме свесни,тогаш свесно и не треба да правиме деца ако не ги сакаме и ако одиме да ги абортираме.
Нејзиното право престанува во моментот кога та азагрозува живот на друго живо суштество.
Користиш типични методи на манипулација.
Ја прошируваш дефиницијата на 'човек' за да вклучи и едномесечен фетус. Дефиниција за човек: http://en.wikipedia.org/wiki/Human
Второ, да човекот "треба да има право" но кој му го дава тоа право како прво...многу групи имаат 'права' но интересно е што никој нема поим кој им ги дава тие права од кај доаѓаат тие права?
Не сум против тоа да се залагаш за жените да немаат абортус али for fu*** sake не го прави тоа преку лобирање и донесување на закони и забранување на личен избор...имаш толку многу други начини со кои можеш да си ја оствариш целта и да придонесеш за општеството...давање мотивација на жените со тоа што наместо да го абортираат детето би го дале на посвојување (тропам глупи примери, сигурно има измислено доста алтернативни начини за како да се мотивираат жените да немаат абортус.)
А за закон, веројатно (немам истражено многу имам одамна читано дека во некои земји е вака) после 6-7ми месец треба да и се забрани да го абортира бидејќи веќе од фетус станува човек со развиен мозок и се тоа и влегува во вистинската дефиниција на 'човек'. Така што не е баш прашање на црно и бело...