Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Благослов од бог ако си го планирал, ,и да те снајде непланирано не знам дали би го сметале за благослов.:smir:
Од кога тоа постои план за размножување..можеби денес кога се поместени сите вредности...Децата се благосов..Барем Господ така вели..денес се се сведува на индувудуалноста и личниот избор не е ни чудо што секоја шуша се прашува за нечиј живот...
 
Тоа е твој личен избор, кој има директни последици врз живи единки...Фетусот во рана фаза не е индивидуа, така да има разлика...Сепак ова е мој став и не се обидувам да ти го наметнам

Дискутабилно... Се зависи од личното гледиште, како што си кажа и самиот.

Интересна работа ова модерниве размислувања, мајку му стара! Кога некој ќе дознае дека е заразен со вирусот на сидата, лекарот НЕ СМЕЕ да каже на никого и овој (заразениов) има право (пази) самиот да избере што ќе прави и дали ќе каже некому. Значи тој зошто е индивидуа, голема и одговорна со право на избор, смее да го шири наоколу вирусот (не смее, ама оди да го пазиш)... Не е ретардирано тоа право на избор? За мене е исто толку ретардирано и тоа што на некоја си недозреана и се дозволува да го убие детето што го носи во себе „зошто е голема и одговорна и со право на избор“.
 
Тоа е твој личен избор, кој има директни последици врз живи единки...Фетусот во рана фаза не е индивидуа, така да има разлика...Сепак ова е мој став и не се обидувам да ти го наметнам
Зошто 2.000.000 овци ги нарекуваш живи единки? Бидејќи имаат срце кое им чука, тоа ги прави ЖИВИ??? На тој твој фетус му се формира срце кое почнува да бие веќе во втората недела.
Жива единка човече...
Принц бе, 2 000 000 и 1 не е исто :smir:. И многу поразлично е од абортус.
Од каде бе вие знаете во каква ситуација е некоја девојка??? Па не мора баш по некое правило девојката да МОРА да го роди!
Навистина во муабетов не ме интересира ситуацијата на некоја девојка што не знае ни кој е татко на детето што го носи, колку што се грижам за едно дете кое ќе биде убиено а е сосема невино.
 
Дискутабилно... Се зависи од личното гледиште, како што си кажа и самиот.

Интересна работа ова модерниве размислувања, мајку му стара! Кога некој ќе дознае дека е заразен со вирусот на сидата, лекарот НЕ СМЕЕ да каже на никого и овој (заразениов) има право (пази) самиот да избере што ќе прави и дали ќе каже некому. Значи тој зошто е индивидуа, голема и одговорна со право на избор, смее да го шири наоколу вирусот (не смее, ама оди да го пазиш)... Не е ретардирано тоа право на избор? За мене е исто толку ретардирано и тоа што на некоја си недозреана и се дозволува да го убие детето што го носи во себе „зошто е голема и одговорна и со право на избор“.
Стварно не разбирам како не сваќате дека абортусот се прави до 3ти месец кога сеуште не е формирано детето...дали е убиство ако лишиш од живот нешто што сеуште не е ни оформено..и дали тоа е лишување од живот???
 
RTEmagicC_Schwangerschaft_-_Embryo_-_Fetus_Kopie_02.gif.gif

Последната илустрација е дете во 11 недела од трудноста односно третиот месец.
Предпоследниот е 8 недела, односно втор месец...
Сигурен си дека зборуваме за неформирано дете?
 
Стварно не разбирам како не сваќате дека абортусот се прави до 3ти месец кога сеуште не е формирано детето...дали е убиство ако лишиш од живот нешто што сеуште не е ни оформено..и дали тоа е лишување од живот???

Да е, зашто свесно го правиш тоа. Еве, да користиме друг израз - уништуваш може?
Значи свесно уништуваш нешто кое ЗНАЕШ дека ЌЕ БИДЕ дете. А се правдаш со тоа што сеуште не е оформено? Точно, го уништуваш пред да се дооформи. Како израз ти се допаѓа повеќе овој? За да не дрвиме дали лишуваме од живот или не.
Дали тоа го оправува чинот?
 
Moжеби вака однадвор физички е океј...Но органите сеуште не му работат самостојно....има разлика...и тоа голема...
 
Moжеби вака однадвор физички е океј...Но органите сеуште не му работат самостојно....има разлика...и тоа голема...
Еве дел од еден мој пост пред година дена...
кај зачетокот на детето се одредува бојата на очите,физиономијата, полот, отисоците на прстите..секој од нас е човек со зачнувањето..срцето започнува да чука после третата недела..за шест недели мрда со рацете и нозете..дали навистина мислиш дека зборуваме за ембрион
Сеуште така мислиш..
 
Еве дел од еден мој пост пред година дена...
Сеуште така мислиш..
Океј можеби згрешив...Можеби не сум во право, но ниеден факт нема да ми смени мислење во однос на абортусот...Не е убиство...Мислам дека досега за ниеден абортусот човек не е изваден на суд за да му се суди за убиство...
 
Можеби не на овој свет..
 
Можеби не на овој свет..
Afterlife слабо верувам у тој суд...Никој не се вратил да ми каже дека му е судено поради грешките на овој свет....сепак да не се тргаме од темава...
 
jas opravduvam ako:deteto koe treba da se rodi ima fizicki deformiteti,majkata e na pr.14 godini i slicni situacii.
 
Па добро де, подобро е да го родиш тоа дете, да биде уличар, да нема пари за леб, да се проституира и ред други работи или едноставно да го лишиш од такви срања? Точно, може би ми било тешко тоа да го направам, ама уште потешко би ми било да го гледам како се уништува себе си.
Хм... мајка ми има 3 абортуси направено. :nesvest:
 
Чудесии :) Голема работа завршила мајка ти :) Ем волкот сит ем сите овци на број.Наместо да му дадеш живот лиши го од такви срања бе,и така нема човек да биде од него..ебати беља ебати.
 
Зошто ако мажот е спремен да биде родител му го ускратуваш правото? Мајка си е мајка точно, ама доколку не би бил таткото таа мајка би била девојка, жена, значи се` што е женски род, само мајка не.
Тоа што природата и` овозможила на жената да го носи детето во себе 9 месеци не и` дава за право и носење на себични одлуки.

Типичен машки егоцентричен став.
А зошто не те замисли оваа реченица*жената е таа која знае дали е спремна во тој даден момент*?!

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom