Aaaaa не, на непознати не кревам...

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
^
Секој си има право на избор и јас избрав да не кревам, ако кревате пишете кревам и готово а не фрустрирачки било или какви опции има на мобилните. Едноставно ако се има кредит да се јави ќе се има и за една обична порака прво, десет секунди работа.
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Кревам у секој случај:toe:Ако треба да ми се случи нешто лошо,нека се случи...ако не,тогаш уште поубаво:smir:

Што подразбирате под "лоша вест"?Јас не го сваќам вашиов поим...што треба да значи?смрт на некој близок (недај боже),сообраќајна несреќа или ...?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
^
Секој си има право на избор и јас избрав да не кревам, ако кревате пишете кревам и готово а не фрустрирачки било или какви опции има на мобилните. Едноставно ако се има кредит да се јави ќе се има и за една обична порака прво, десет секунди работа.
Зборувам затоа што сум се наоѓала во неколку ситуации да морам да вртам и да немам време да пишувам пораки. Додека пишеш порака, додека ти ја примиш па додека пак ти вртам, ај и димни сигнали ако не да пратам? Мајка ми на ајфоун 10 минути у просек пишува порака, уште да се погоди од таков мобилен да треба такви ритуали да прави за јас да кренам.... А и неугодно е сега ако сум позајмила телефон од другар или другарка да трошам накнадно и за порака и повик.

--- надополнето ---

Кревам у секој случај:toe:Ако треба да ми се случи нешто лошо,нека се случи...ако не,тогаш уште поубаво:smir:

Што подразбирате под "лоша вест"?Јас не го сваќам вашиов поим...што треба да значи?смрт на некој близок (недај боже),сообраќајна несреќа или ...?
Тоа подразбираат веројатно.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Е јас така не се јавував.
Кога го купив бројот пред 2 години, испадна дека претходно бил на некоја си Биљана, на којашто поради некористење и` бил одземен па ми го продадоа мене. Па така, се јавуваа разно-разни персони во разно-разни термини (од 7 наутро па некои и после полноќ) и ја бараа неа. И сите тие си ги меморирав во именик за да знам следниот пат ако ѕвонат, да не кревам. И така си измеморирав едно 20 броеви и на крај викам не кревам па кој сака нека ѕвони, и онака бројот го имав дадено на малку луѓе па која е веројатноста друг некој да ми го знае?!

За беља, кога ми се расипа нетот и требаше да дојде екипа да го среди, татко ми во салонот им го дал мојот мобилен, и јас онака по навика не кревам и се чудам зошто екипата сеуште ја нема :pos: И сега тоа е тоа, што да правам, морам да се јавувам :)
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Пред 1 месец ми ѕвонеше упорно скриен број и се зезнав и кренав, се јавувам и од другата страна ми вика еден "Овде Мекси Секси од Тетово, хочеш да се упознамо" (онака знаете со албански акцент) :pov: И ВЕЌЕ НЕ КРЕВАМ НА СКРИЕНИ БРОЕВИ!!! ди енд
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
599
Поени од реакции
407

Овие што не креваат на непознат помалку гледање вакви филмови во иднина.

Кревам на секого, непознат или скриен број мое е да одговорам. Непознати броеви што ги немам во именик и кој ме замараат ги запишувам како Пожарна за да знам за друг пат.
А и не мора тој што ти звони со непознат број баш тебе да те бара. Утнал бројка и те побарал тебе а ти не креваш и он упорно ќе си стиска redial. Не губиш ништо ако кренеш слушалка
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Прво разграничете скриен број и непознат број.

Второ ептен е сељачки да не креваш на непознат број? Пола шо ми ѕвонат ми ѕвонат од непознат, некој нашол од друг шо е на вип и бесплатно му е кон мене па ми врти од сосем трет чоек, колешка од кај татко и ми врти на пример нема кредит, секакви ситуации, па затоа е ТЕЛЕФОН, коа бил измислен сигурно немал идентификатор, и кој критериум е мојот именик или твојот за да кренеш или не?

Не кревав на скриен број едно време, ама од компании и институции глеам последно време вртат од скриен па почнав и на нив да кревам, ако не ми се свиѓа има ЦРВЕНА слушалка. Ограничен народ.
 
Ти имаш потреба поради работа, некој друг нема. Сељачки е да не креваш на непознат, ограничен народ? Ццц зошто вакви зборови се употребуваат за личност/народ кој не крева на непознати, значи да не може човек да остави мислење на форумов кое спаѓа во малцинството баш од вакви постови.
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
На непознати кревам и разговорот трае околу 1 до 2 секунди - чисто за да и земат пари и да знаат со кого си имаат работа.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ај да речеме знаеш дека ќе те бара некој од негде а сакаш да го избегнеш па не дигаш слушалка, ама да не креваш на непознати зборови е...ај да не користам навредувачки зборови (си знаете што е), кога немаше мобилни и ви вртеа дома никогаш не сте знаеле кој е.
Ова мене ми се оние основни симболи на егоцентризам и ништо повеќе, еј јас сум вро велики фраер па нема што да дигам на непознати...а бе ај :pos:

Баш пред две недели бев у ситуација со братучетками каде што поради ваквиот став (ако уопште е став) еден дечко смрзна цела вечер у друг град. Имаше промена на план за да го збереме успат а братучедками немаше кредит да му се јави, а фраеров си наместил тие што не му се во именик да не можат нит да му се јават нит порака да му пратат...а башка тоа фраеров ни кредит немал пази мајката :pos:

Како правиш така ќе ти се прави бре момци и девојки :pos:

Ме изнасмеавте со темава мајке ми...не дигале на непознати :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
се јавувам на сите повици...доколку бројот е непознат или го немам во именик го менувам тонот и зборувам.....како аљбанац :)
аљо......
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Нц, не кревам.
Дрога клавет в`непознатине броеви.
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
секогаш кревав на непознати, до пред месец дена.
еден ,,другар,, сакам да го откачам, секогаш кога ми ѕвони не му кревам, го игнорирам и он паметен од друг број ми ѕвони, и....
ја: -ДА ????
тој: е Дарко, овде Петре..........
...мене ми се скина филмот.......и од тогаш решив да не кревам на непознати.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.626
Поени од реакции
31.487
normal so broj na ekran otvaram linija ., ama na skrien broj ni pod razno ., 6tom se krie ne6to ne e vo red ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom