Конечно ќе се стави ред во македонскиот етер, што од една страна е добро ќе има многу локализирани канали на Македонски, а од друга страна ние гледачите ќе ги изгубиме популарните канали кои досега ги гледавме преку кабелските оператори за доста по евтина цена, меѓутоа без авторски права. Е сега кога ќе размислам што е подобро за мене:
-ефтино ( 320 денари кабловска, преку 60 програми, ХРТ 2, Нова, Б92, РТЛ Хрватска, и сите останати популарни канали со српско -хрватски превод) али незаконски и втората варијанта
- скапо ( 500 денари за БООМ, ТОТАЛ или МАкс тв со Македонски титл и синхронизација но без Екс - Ју канали ) али законски.
Додека да се стави ред не би ја мењал кабловската, но со тек на времето кога ќе почнат да фрчат тужби за незаконско емитување мислам дека ќе им дојде крајот на овие каблоски и полека но сигурно ќе преминуваме на овие нови оператори. Па да уживаме уште малце во времето кое ни е останато.