A1 TV Lite (ONE BoomTV/Vip TV Lite) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798
Пуштија ги ама овај пат терах ги у ку,ац на тел ебати мајмуните,живци ми искинаја,
 
Член од
13 ноември 2009
Мислења
344
Поени од реакции
186
veke 2 casa nema Boom vo Ohrid i Struga...kako e vo ostanatite gradovi niz Makedonija?
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
4
Здраво. Дали некој има проблем да му се закочува бумот?
Вчера купив нов телевизор Toshiba 40L3453DN, и после 4-5 минути се закочува. Бумот ми е на скарт.
Дури и ако е изгаснат бумот, после одредено време блокира, не можам да го уклучам со далечинското, морам од струја да го вадам.
Со стариот телевизор (LG 32" lcd) не ми прави проблеми.
Чепкав во менито на телевизорот, CEC и CEC power-up исклучив, ама пак ништо.
Изгледа има некој повратен сигнал од телевизорот што го буни.
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
126
Поени од реакции
37
Здраво. Дали некој има проблем да му се закочува бумот?
Вчера купив нов телевизор Toshiba 40L3453DN, и после 4-5 минути се закочува. Бумот ми е на скарт.
Дури и ако е изгаснат бумот, после одредено време блокира, не можам да го уклучам со далечинското, морам од струја да го вадам.
Со стариот телевизор (LG 32" lcd) не ми прави проблеми.
Чепкав во менито на телевизорот, CEC и CEC power-up исклучив, ама пак ништо.
Изгледа има некој повратен сигнал од телевизорот што го буни.
Ке земеш кабел скарт со пин нормално скартот на боомот а пиновите на тв то ке ги приклучиш и проблемот е решен боомот има проблем со повеке телевизори поврзани со скарт скарт.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
4
Ке земеш кабел скарт со пин нормално скартот на боомот а пиновите на тв то ке ги приклучиш и проблемот е решен боомот има проблем со повеке телевизори поврзани со скарт скарт.
Пробав така, ок е со бумот, ама сликата е тапа.
Инаку пробав и со друг бум уред, ок ми бил мојот. И другот ми блокира со новиот телевизор.
Ќе мора да го заменам со ЦИ модул. Пробав така, многу подобар прием има отколку со бум.
 
Последно уредено:

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Не знам дали сте приметиле, ама бидејќи моите не знаат англиски кога нема превод на македонски си пуштаат српски. Е од вчера нема српски јазик да си одбереш. Од ААВМУ им забраниле да нудат српски. Ајде ок. На пола канали нема македонски превод ама има албански. Не можат да преведат на македонски? Се јавив на 181 и таа ми вика тоа зависело од програмата и филмот што се емитувал. А за албански не зависи така?[DOUBLEPOST=1418985101][/DOUBLEPOST]Им пишав за истово на фејсбук и ми вратија дека се труделе што поскоро да овозможат македонски превод на сите програми. Па ајде баш да видиме :)
Инаку Fox life и National Geographic нема веќе :/
 
Последно уредено:

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.989
Поени од реакции
7.131
Како сте задоволни од BOOMTV? Барам алтернатива за моменталниот кабелски оператор па го истражувам пазарот. :oeoeoe:
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
734
Поени од реакции
623
ЦРНИ ЕКРАНИ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ МАКЕДОНСКИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ

ИСКЛУЧЕНИ НАЈПОПУЛАРНИТЕ СТРАНСКИ КАНАЛИ

Во петокот кабелските оператори во Македонија престанаа да прикажуваат неколку популарни странски телевизиски канали, меѓу кои Нешнл џеографик, Фокс лајф, Минимакс.


Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата, објасни дека исклучувањето не било извршено по барање на македонските телевизии, иако имало поплаки од некои.
„Не станува збор за притисок туку за почитување на закон и за меѓународно право. Се знае што значи реемитување, тоа е без никаква интервенција во програмата и во рекламите. Во договорот на кабелскиот оператор е дефинирано на кој јазик оди програмата, а на кој рекламите.
На некои од исклучените канали веќе подолг период се емитуваат реклами и на македонски компании. Кај други, програмската содржина е реемитувана во целост, а не како што е наведено во склучените договори со радиодифузерите, дел од нив да се затемнуваат.
Агенцијата објасни дека инсистира на почитување на регулативата, зашто македонските електронски и печатени медиуми се тие кои губат доколку рекламите, наместо кај нив, одат надвор. Тоа значи зафаќање во рекламниот колач на домашните телевизии, без дозвола тие реклами да се прикажуваат пред македонските гледачи.

Целиот текст: http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=51D2B73FD30FA747A14D95944DB3300B
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.989
Поени од реакции
7.131
vidi znaci boomtv ima mal izbor na kanali resiverite ne im se bas nesto naj menuvanjeto na kanali od eden na drug odi mnogu sporo nemaat moznost za HD kanali a ako go povrzes resiverot na televozor od ponovata generacija slikata e uzas pa uvidi si sega
Значи ништо (n) Да пробам со Телекабел ако не, барем нема обврзувачки договор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom