ЦРНИ ЕКРАНИ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ МАКЕДОНСКИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ
ИСКЛУЧЕНИ НАЈПОПУЛАРНИТЕ СТРАНСКИ КАНАЛИ
Во петокот кабелските оператори во Македонија престанаа да прикажуваат неколку популарни странски телевизиски канали, меѓу кои Нешнл џеографик, Фокс лајф, Минимакс.
Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата, објасни дека исклучувањето не било извршено по барање на македонските телевизии, иако имало поплаки од некои.
„Не станува збор за притисок туку за почитување на закон и за меѓународно право. Се знае што значи реемитување, тоа е без никаква интервенција во програмата и во рекламите. Во договорот на кабелскиот оператор е дефинирано на кој јазик оди програмата, а на кој рекламите.
На некои од исклучените канали веќе подолг период се емитуваат реклами и на македонски компании. Кај други, програмската содржина е реемитувана во целост, а не како што е наведено во склучените договори со радиодифузерите, дел од нив да се затемнуваат.
Агенцијата објасни дека инсистира на почитување на регулативата, зашто македонските електронски и печатени медиуми се тие кои губат доколку рекламите, наместо кај нив, одат надвор. Тоа значи зафаќање во рекламниот колач на домашните телевизии, без дозвола тие реклами да се прикажуваат пред македонските гледачи.
Целиот текст:
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=51D2B73FD30FA747A14D95944DB3300B