Имам два нови ресивера Powerbox HD едниот ми е врзан на постар телевизор преку скарт во пин адаптер, другиот ми поврзан преку хдми кабел на нов лед телевизор LG. На телевизорот каде што сум поврзан преку хдми кабел со дигиталниот ресивер, приметувам значително каснење на звукот во однос на сликата. Пробував да менувам во сетингс на телевизорот, на одредени канали е добро, но на пример на Телма или Cinemania звукот и сликата се несинхронизирани.
Прашањето ми е дали некој друг имал вакви слични проблеми и како го решил тоа и дали би ми било решение менување на дигиталниот ресивер со CA модул и приклучување на кабелот директно во телевизор?