Почитувани,
од 02.03.2015 година, телекомуникацискиот оператор „Близу“ воведе неколку промени во дигиталните програмски листи.
Од денес, сите претплатници на пакетот ДТВ плус ќе можат без дополнителна доплата да ги следат новите британски ексклузивни канали од портфолиото на најгледаната платформа на музички канали: BOX Television. Станува збор за британските број 1 музички канали: Smash Hits, Kerrang! и Kiss. Наскоро корисниците ќе можат да следат уште два нови канали: Magic и The BOX Africa.
Smash Hits eканал кој го пренесува најдоброто од поп музиката - од 80-тите, па сѐ до денес. Каналот Kerrang!, пак, е канал исклучиво посветен на алтернативната музика: рок, панк, ну метал,додека благодарение на каналот Kiss,за првпат во Македонија ќе се емитува канал кој во најголем дел е посветен на хип-хоп и Р’н’Б културата, како и на другите урбани музички правци. Каналот Magicе фокусиран на музика од 80-тите, 90-тите и 2000-тите. The BOX Africaе првиот канал во Македонија кој ексклузивно ќе емитува интернационална и локална музика од целиот африкански континент.
Исто така, од денес, 02.03.2015 година, операторот ги отстранува од програмските листи каналите MTV Dance, MTV Hits, MTV Rocks и VH1 Classic. Покрај новите канали, другите странски забавни музички канали кои ќе продолжат да се емитуваат и понатаму во програмските листи сеMTV Adria и VH1. Целосната листа на канали можете да ја погледнете на
www.blizoo.mk
Со вклучувањето на овие премиум канали, „Близу“ го најави претстојното зголемување на бројот на разновидни музички канали во својата понуда, со каналите Djazz TV HD, Brava HD и Classica HD.
______________________________________________________________________________
Почитувани,
Од 2.3.2015 година, телекомуникацискиот оператор „Близу“ повторно ги активира каналите од Спортклуб платформата на канали, додавајќи три нови канали и тоа :
Sportklub HD, N1 и Grand Narodna.
Од денес, сите претплатници на Супер и Супер Плус пакетот ќе можат повторно да ги следат каналите кои ги содржат овие пакети: SK1, SK2 во пакетот Супер и каналите SK3,Cinemania, Ultra, Lov и Ribolov и SK Golf во пакетот Супер Плус. Цените и условите на пакетите остануваат исти за досегашните корисници како и досега.
Новите корисници ќе можат да ги следат SK каналите во два нови пакети:
- Спорт ,кој ги вклучува каналитеSK 1 и SK 2. Пакетот чини 59 денари месечно, со вклучен ДДВ.
- Спорт Плус, кој ги вклучува каналите: SK 1, SK 2, SK 3, Sport Klub HD, Sport Golf, Lov i Ribolov, Cinemania, Ultra, Grand Narodna и N1. Спорт плус чини 99 денари месечно, со вклучен ДДВ.
Овие пакети ќе бидат бесплатно вклучени во одредени пакети. Деталните листи на канали како и информациите за новите пакети кои се наоѓаат во понудата на операторот можете да ги погледнете на следниот
линк (линк)