A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Од пред некој ден ставив Blizoo, па ми приклучија само на еден телевизор ДТВ ме интересира дали можам да си приклучам аналогна телевизија на другите 2 телевизори со сплитер, затоа што они не приклучуваат веќе аналогна ?

Треба да ти приклучуваат аналогна телевизија на повеќе од 1 (ЕДЕН) телевизор, не знам од каде ти е информацијата дека не приклучуваат повеќе аналогна телевизија.

Доколку од Близо ти кажале дека не приклучуваат повеќе аналогна телевизија, сепак јави им се и прашај ги дали би можеле да ти пуштат дополнителни кабли и сплитери за аналогната телевизија, за кои би бил подготвен да им платиш еднократно за монтажата, иако вообичаено не наплаќаат воопшто за тоа.

Но доколку ти кажат дека ниту приклучуваат аналогна, ниту ќе пуштат дополнителни кабли и сплитери за аналогната телевизија, тогаш можеш и самиот да си завршиш работа, но гледај да купиш добри коаксијални кабели и сплитери за аналогна телевизија, по можност купи ги од Логинг Електроникс од трговски центар Беверли Хилс.

Доколку одлучиш да ја прошириш дигиталната телевизија од првиот телевизор кон останатите телевизори, што ќе те чини плус 200 денари за секој телевизор во месечната сметка, сакале или нејќеле, Близо ќе мораат да ти пуштат сплитери и коаксијални кабли, па од тука паѓа во вода тврдењето дека Близо не пуштаат сплитери и кабли за аналогна телевизија.

Освен ако намерно го прават тоа за да те натераат да земеш дигитална телевизија од кај нив наместо аналогна телевизија, се разбира.

Доколку е тоа случајот, за инает купи си сплитери и коаксијални кабли од Логинг Електроникс, а не ќе биде лошо да купиш и засилувач на аналогниот сигнал или појачало за аналогниот сигнал, за да имаш одличен сигнал на сите телевизори, истовремено оставајќи ги Близо со прстот во уста, бидејќи останатите корисници ќе имаат послаб сигнал поради твојот засилувач на аналогниот сигнал или поради твоето појачало за аналогниот сигнал.

Не знам дали во Логинг Електроникс продаваат засилувачи на аналоген сигнал или појачала за аналоген сигнал, но претпоставувам дека продаваат во Зора Сат. Зора Сат е охридска фирма, која пред некоја година отвори своја продавница во Скопје на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 70 во Тафталиџе, каде што продаваат се и сешто од опрема за кабелска телевизија и за сателитска телевизија.

Всушност, токму Зора Сат ја создадоа кабелската телевизија Зора во Карпош и во Автокоманда, која подоцна ја продадоа на КејблТел, кој подоцна се ребрендираше во Близо. Со други зборови кажано, корисниците на услугите на Близо во Карпош и во Автокоманда, користат кабли и кабелска опрема од Зора Сат, кои денес Близо ги одржува и доколку е потребно, ги менува со понови.

Немој да ме држиш за збор околу ова за засилувачот на аналогниот сигнал или за појачалото за аналогниот сигнал, не знам ниту дали ги имаат на лагер во продавницата на Зора Сат во Скопје, ниту знам колку чинат доколку воопшто ги имаат на лагер.
 
Последно уредено:
@Dexter26 супер одговор, само мала корекција. Екипата што ќе намонтира на првото доаѓање, тоа е тоа, доколку е се во ред нели. Да ја цитирам девојката од техничка поддршка: "Доколку се ви е во ред, а сепак сакате да дојде екипа ( во мојот случај за промена на положбата на кабли и мала измена на истите) се наплаќа 500 денари." Ова секако не беше вака кога го направив договорот, но небитно сам си поврзав. Исто, тогаш пуштаа кабел до три телевизори, сега можно е и тоа да го смениле.
 
За секој дополнителен телевизор, blizoo наплаќа по две стотки?!?
 
За секој дополнителен телевизор, blizoo наплаќа по две стотки?!?
1 метар кабел е 15-20 ден, еден сплитер 50ден. Просек 10м потрошен кабел за еден тв = не е скапо, повеќе ке те фати сам да ставаш
 
Јас сфатив дека тоа е цената за месечната претплата.
 
Јас сфатив дека тоа е цената за месечната претплата.
За дополнителен ресивер за дигитална се плаќа 100ден месечно. А за трет ресивер нова претплата мора.
За аналогна плаќаш само за приклучување.

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
За секој дополнителен телевизор, blizoo наплаќа по две стотки?!?

За втор, трет, четврт и секој нареден кабелски рисивер, Близо наплаќа плус 200 денари секој месец.

Поточно наплаќаат 100 и нешто денари за секој нареден кабелски рисивер, додај на тоа ДДВ и следува заклучокот дека наплаќаат речиси 200 денари плус секој месец за секој нареден кабелски рисивер.

Ова важи само кај дигиталната телевизија, додека кај аналогната телевизија месечната претплата си останува иста, без разлика на колку телевизори се користи аналогната телевизија.
 
Многу е 200 денари. boom tv наплаќа само 100.

За аналогна знам дека не се наплаќа за повеќе телевизори.
 
Господата од Близу гладни се за пари.
 
Само видете на некој понов филм каква слика има ТВ1000. Зборувам за СД резолуцијата, а за ХД да не збориме. Сеа кога пуштив мислев Близу ТВ1000 ја има заменето со ТВ1000 HD. :-)
 
Овие изгледа немаат намера да сменат нешто околу дигиталната. Стримингот на SK1,SK2 е канта, квалитетот на сликата е за никаде. Стриминзите на нет што си ги најдов а исто така се SD квалитет се 2 пати подобри.
 
Овие изгледа немаат намера да сменат нешто околу дигиталната. Стримингот на SK1,SK2 е канта, квалитетот на сликата е за никаде. Стриминзите на нет што си ги најдов а исто така се SD квалитет се 2 пати подобри.
SK1,SK2 и SK 3 се и на Макс тв катастрофа со квалитетот на сликата.

Мора да се потрудат нашиве тв кабловски и дигитални оператори да ни го обезбедат SK HD.
 
Да не знае некој каде се наоѓа проблемот со сликата на СК? Звукот е стакло, али сликата...
 
Да да убаво викате ова е проблем само со СК каналите, ресто се добри немам замерка. Ама еве стримингот на сликата подолу, на 32 инча има подобра слика него стримингот што ми го пушта Blizoo преко DVB-C. Можеби е и проблемот во тоа што користат MPEG-2 кодек(blizoo), а овие стриминзите нови се со MPEG-4 па и со помал битрејт сликата и не е е лоша. Стварно не ми е јасно како 4 мегабити стриминг на близу е полош од 1,5 мегабити од интернет.
Untitled.png
 
Да да убаво викате ова е проблем само со СК каналите, ресто се добри немам замерка. Ама еве стримингот на сликата подолу, на 32 инча има подобра слика него стримингот што ми го пушта Blizoo преко DVB-C. Можеби е и проблемот во тоа што користат MPEG-2 кодек(blizoo), а овие стриминзите нови се со MPEG-4 па и со помал битрејт сликата и не е е лоша. Стварно не ми е јасно како 4 мегабити стриминг на близу е полош од 1,5 мегабити од интернет.
Untitled.png
Пријателе дај кажи како ги стримаш СК каналиве. Ако сакаш пиши и преку порака.[DOUBLEPOST=1400445863][/DOUBLEPOST]А Да не ви е ,,зацементирана,, сликава од кај 22:15?[DOUBLEPOST=1400449154][/DOUBLEPOST]Мизерии се. Србија побрзо ќе се опораи од поплавиве, одколку овие со понудата. Ме тераат Шварценергер да изигравам, и да одам со базука дувлото да им го запалам!!!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom