- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.347
- Поени од реакции
- 13.142
Од пред некој ден ставив Blizoo, па ми приклучија само на еден телевизор ДТВ ме интересира дали можам да си приклучам аналогна телевизија на другите 2 телевизори со сплитер, затоа што они не приклучуваат веќе аналогна ?
Треба да ти приклучуваат аналогна телевизија на повеќе од 1 (ЕДЕН) телевизор, не знам од каде ти е информацијата дека не приклучуваат повеќе аналогна телевизија.
Доколку од Близо ти кажале дека не приклучуваат повеќе аналогна телевизија, сепак јави им се и прашај ги дали би можеле да ти пуштат дополнителни кабли и сплитери за аналогната телевизија, за кои би бил подготвен да им платиш еднократно за монтажата, иако вообичаено не наплаќаат воопшто за тоа.
Но доколку ти кажат дека ниту приклучуваат аналогна, ниту ќе пуштат дополнителни кабли и сплитери за аналогната телевизија, тогаш можеш и самиот да си завршиш работа, но гледај да купиш добри коаксијални кабели и сплитери за аналогна телевизија, по можност купи ги од Логинг Електроникс од трговски центар Беверли Хилс.
Доколку одлучиш да ја прошириш дигиталната телевизија од првиот телевизор кон останатите телевизори, што ќе те чини плус 200 денари за секој телевизор во месечната сметка, сакале или нејќеле, Близо ќе мораат да ти пуштат сплитери и коаксијални кабли, па од тука паѓа во вода тврдењето дека Близо не пуштаат сплитери и кабли за аналогна телевизија.
Освен ако намерно го прават тоа за да те натераат да земеш дигитална телевизија од кај нив наместо аналогна телевизија, се разбира.
Доколку е тоа случајот, за инает купи си сплитери и коаксијални кабли од Логинг Електроникс, а не ќе биде лошо да купиш и засилувач на аналогниот сигнал или појачало за аналогниот сигнал, за да имаш одличен сигнал на сите телевизори, истовремено оставајќи ги Близо со прстот во уста, бидејќи останатите корисници ќе имаат послаб сигнал поради твојот засилувач на аналогниот сигнал или поради твоето појачало за аналогниот сигнал.
Не знам дали во Логинг Електроникс продаваат засилувачи на аналоген сигнал или појачала за аналоген сигнал, но претпоставувам дека продаваат во Зора Сат. Зора Сат е охридска фирма, која пред некоја година отвори своја продавница во Скопје на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 70 во Тафталиџе, каде што продаваат се и сешто од опрема за кабелска телевизија и за сателитска телевизија.
Всушност, токму Зора Сат ја создадоа кабелската телевизија Зора во Карпош и во Автокоманда, која подоцна ја продадоа на КејблТел, кој подоцна се ребрендираше во Близо. Со други зборови кажано, корисниците на услугите на Близо во Карпош и во Автокоманда, користат кабли и кабелска опрема од Зора Сат, кои денес Близо ги одржува и доколку е потребно, ги менува со понови.
Немој да ме држиш за збор околу ова за засилувачот на аналогниот сигнал или за појачалото за аналогниот сигнал, не знам ниту дали ги имаат на лагер во продавницата на Зора Сат во Скопје, ниту знам колку чинат доколку воопшто ги имаат на лагер.
Последно уредено: