A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам што да кажам ама нешто муљаат.... јас мислам дека сите тие канали ќе ги лупнат на крај на година и ќе биде ау мау ете се ние дигитално. Така ќе направат. А за Бум... не им треба едноставно а за пари имаат колку сакаш[DOUBLEPOST=1458056428][/DOUBLEPOST]Уште еден доказ за ресиверот. Еве демо од VIP SAT TV во Хрватска... истиот

https://www.youtube.com/watch?v=YNIPeTWjXRc
 
Последно уредено:
Момци а дали опремата за сателитска од вип ќе се плаќа.И дали ќе можам на пр. да си платам шеринг и за тие шо не се слободни канали доколку успее проектов на оне.вип.Сеа за сеа сум на комбо м и е прилично добро..
 
Покрај тој pdf фајлот за понуда на Direct to home на one.vip има и листа на канали
http://onevip.mk/wp-content/uploads/2016/01/Appendix_3_ChannelsDirect2home.pdf

Тоа се моменталните што ги стримаат преку нивен сателит

Ваква понуда е изводлива исклучиво и само ако Македонски Телеком одлучат да ги намалат цените на редовните месечни претплати на нивните 2 Max и 3 Max пакети, или исклучиво ако одат во пакет заедно со кабелскиот Интернет, фиксната и мобилната телефонија во Комбо пакетите на Вип, исто како и Магента пакетите на Македонски Телеком.

На друг начин ваква понуда е речиси невозможна, барем не во случајот со дигиталната ТВ понуда на Близо.

Па дури и ако овие канали останат дел само од сателитската ТВ понуда на Вип, а не бидат дел од дигиталната ТВ понуда на Близо, тоа би било самоубиство на Близо како телевизиски оператор, бидејќи ретко кој ќе прифати да продолжи да користи кабелска телевизија со послаба дигитална ТВ понуда и фиксен телевизиски приклучок, наспроти сателитската телевизија која може да се гледа било каде.

Единствена проблематика ќе биде набавката на сателитска антена, LNB окце и мотор за сателитската антена за дома и за викендицата или станот во Охрид или Маврово или на село или на некое друго место, како и монтирањето и поларизирањето на сателитската антена. Единствено нешто што ќе треба корисникот да земе со себеси, ќе биде сателитскиот рисивер и ајде здраво.

Се разбира, има и друга опција, а тоа е да не бидат сите сателитски ТВ канали дел од сателитската ТВ понуда на Вип. Сигурно сателитските ТВ канали од поранешна Југославија ќе бидат достапни во дополнителни пакети со дополнителна месечна претплата - исто како и сегашниот Балкански пакет на Близо, а несомнено истото ќе важи и за останатите сателитски ТВ канали од западна, централна и северна Европа.

Сите асални ТВ канали или нема да бидат дел од сателитската ТВ понуда на Вип, или ќе бидат достапни исклучиво само со дополнителна месечна претплата.

Но затоа, повеќе од сигурно е дека рамковнистичките сателитски ТВ канали ќе останат бесплатно достапни и исто како и досега, ќе бидат приоритет на Вип за нивната сателитска ТВ понуда, исто како што се приоритет и на Близо за нивната дигитална ТВ понуда.
 
Во Хрватска опремата за Вип сат е беспари и согурно как нас ќе биде така...али мене мо е рак рана што нема Хбо и слично. Тоа е...
 
Во Хрватска опремата за Вип сат е беспари и согурно как нас ќе биде така...али мене мо е рак рана што нема Хбо и слично. Тоа е...

Ќе си го купиш најевтиниот сателитски рисивер преку кој ќе може да се фаќа HBO и кога ќе сакаш да гледаш, ќе го поврзеш со сателитската антена и решен проблем.

Јас лично не верувам дека ваква сателитска ТВ понуда би станала реалност во Македонија, барем не по ниски и прифатливи цени на редовните месечни претплати, или со сите овие сателитски ТВ канали достапни во еден основен програмски пакет.
 
Околу сателитската јас мислам ќе биде како Total tv со плус нешто видеотека и такви додатоци, а за каналите не верувам сите овие да ги стават.
 
Околу сателитската јас мислам ќе биде како Total tv со плус нешто видеотека и такви додатоци, а за каналите не верувам сите овие да ги стават.

Тоа ако биде ќе биде како во Ote во грција. Сателитскиот ресивер поврзан со Ethernet порта има такви функционалности
 
Зошто Universal нема превод? И така не гледам ТВ, ама изгледа треба да почнам. Да видам што сѐ добивам или губам.
 
Зошто Universal нема превод? И така не гледам ТВ, ама изгледа треба да почнам. Да видам што сѐ добивам или губам.

Universal нема превод веќе неколку месеци бидејќи така им текна на пвеводбениците, пардон, на АААВМУ.

Или ќе има превод на македонски и/или на рамковнистички јазик, или воопшто нема да има превод. Така налагал законот кој пвеводбениците самите си го усвоија, а повикувајќи се на истиот тој закон, ги забранија српскиот и хрватскиот превод на National Geographic, на FOX, FOX Life, FOX Crime, FOX Movies, на 24 Kitchen, на Universal, а несомнено прашање на време ќе биде додека истата судбина ги снајде и TV 1000, Discovery и останатите малку ТВ канали на кои сеуште има српски и/или хрватски превод.
 
какви глупости. се за само да не се гледаат странски канали. само шител и анал5.
 
Искрено јас го поддржувам Законот, но факт е дека има лоша реализација. Тогаш кога ќе беа преведени сите канали и сите нивни емисии, тогаш можеше да се казнува односно остранува странски превод.
Сакам да кажам, можеби требаше да се остави простор операторите да обезбедат македонски превод на каналите и едно година дена каналите додека си преведат се` што нудат, па потоа да се спроведува тој член од закон.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom