A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Почитувани,
Преговорите за вклучувањето на Спортклуб каналите во дигиталната платформа на blizoo се во тек. Во моментот се договараат условите под кои каналите ќе бидат вклучени во програмската понуда на операторот. Заедничкото решение од преговорите помеѓу blizoo и United Media (претставникот на Спортклуб платформата на канали) ќе биде објавено наскоро. Сето внимание на blizoo и на United Media во моментов е насочено кон пронаоѓање на решение кое ќе биде во корист на корисниците кои уживаат во врвни спортски натпревари.
 
Во петок е 3 седница на АВМУ(СРД) од оваа 2015 година. Мислам дека тука ке добијат право и уште истиот ден, или во сабота ке бидат пуштени.
 
Во петок е 3 седница на АВМУ(СРД) од оваа 2015 година. Мислам дека тука ке добијат право и уште истиот ден, или во сабота ке бидат пуштени.
Веќе не се доделува потврди на седници, изгледа од кога стана Агенција, телово дава кога било. Еве линк: http://avmu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1982&Itemid=490&lang=mk .
Потврди доделила и во денови кога немале воопшто седници.
 
arena nema sansi na blizoo toa vi go tvrdam......
Џабе се повторуваме. Едноставно некои не сфаќаат некои работи и точка.
И да се нацрта,нема да сфатат дека Телеком ги има правата и понатаму ќе ги има. Доволно е да се погледне Хрватска, каде што ситуацијата е иста, и тука и таму само еден оператор ги има правата.
Искрено не знам, зарем е толку тешко да се сфати ова?
 
Му рекле во салонот на Близо дека ќе ги воведат Арена Спорт каналите, исто како што му кажале и дека EuroSport News повеќе не постои, исто како што и Спорт Клуб каналите се нелегални и безброј други приказни кои Близо ќе ги измислат за да ја смират рајата додека сеуште не ги батали еднаш и засекогаш.
 
Сега само ни останува да се молиме дека СК ќе се врати, друго МАЊЕ БИТНО. :popce:
 
Nat.geog. Fox life до кога планираат да бидат затемнети??? или пак со нивната објава дека се исклучени по налог на ААВМУ тие се исклучени од одговорноста да ги сменат нив и да стават други (со ист квалитет нормално), или пак мислат вечно да го гледаме нивното соопштение што стои на каналите:
 
Ако ги додат SK во HD, големи се шансите да направат нов HD пакет со EuroSport 1,2 HD и овие четирите SK во HD. Моја претпоставка.
 
Џабе се повторуваме. Едноставно некои не сфаќаат некои работи и точка.
И да се нацрта,нема да сфатат дека Телеком ги има правата и понатаму ќе ги има. Доволно е да се погледне Хрватска, каде што ситуацијата е иста, и тука и таму само еден оператор ги има правата.
Искрено не знам, зарем е толку тешко да се сфати ова?

Србија, Црна Гора, Босна и Македонија ги нудат истите Арена спорт значи иде Српско аудио, Махтв хр сам ги откупува правата преку Арена за Хрватската лига ЛШ и други работи, затоа и само он ги има правата во Хрватска.* и иде само хрватско аудио на сите 4 канала*
Вип Хр идат сите 4 Спортклуба во ХД, во Махтв ги нема само СД каналите ги нудат.

Ако така зошто тогаш ете и во Црна гора имаш Т-хоме, кој ги нуди Арена, ама нудат и други 2 кабелски оператори зошто е тоа така?
 
Nat.geog. Fox life до кога планираат да бидат затемнети??? или пак со нивната објава дека се исклучени по налог на ААВМУ тие се исклучени од одговорноста да ги сменат нив и да стават други (со ист квалитет нормално), или пак мислат вечно да го гледаме нивното соопштение што стои на каналите:

Соопштението на Близо за затемнување на National Geographic и FOX Life не само што нема да го тргнат, туку и согласно со денешната одлука на АААВМУ, ќе го прошират и на FOX каналот и на Спорт Клуб каналите.

Според денешното соопштение на АААВМУ за вонредната контрола на македонските кабелски и дигитални оператори извршена на 27 јануари 2015, сите македонски кабелски и дигитални оператори ќе мораат да ги исклучат сите FOX канали и Спорт Клуб каналите, бидејќи FOX каналите се регистрирани во АААВМУ со лиценца од Бугарија, а Спорт Клуб каналите се регистрирани во АААВМУ со лиценца од Романија, но сепак истите се емитувани од Србија, а не од Бугарија и Романија.

Сега на Близо им останува да му ја мислат - дали ќе им текне да воведат некои асални канали, или повторно ќе пополнуваат празнина со турски и албански канали, или па можеби и со босански или бугарски музички канали. Кој знае, можеби ќе не почастат по уште месец дена бесплатно уживање во каналите од балканскиот пакет, или можеби конечно ќе им текне да ги стават во стандардниот дигитален пакет и да не наплаќаат дополнително за нив.

Како и да е, повеќе од јасно е дека АААВМУ ги штити македонските телевизии како бели мечки - ако македонските телевизии емитуваат турски и индиски глупости, владини реклами и документарни филмови платени со народни пари, наместо да им текне да емитуваат асална програма, тогаш спасот на македонските телевизии лежи во исклучување на конкуренцијата од странство.

Една работа е малку нејасна во целата оваа работа - доколку проблемот е во државата од каде што е издадена лиценцата, зошто тогаш АААВМУ не прифати лиценца од Србија, па така да се решат овие проблеми еднаш и засекогаш ?

А да, заборавив, не сакаат да ги решат ваквите проблеми, бидејќи се одлучни да ги штитат македонските телевизии како бели мечки.

http://www.avmu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1997:2015-01-29-09-52-50&catid=88:soopstenija-media&Itemid=313&lang=mk

Вонреден надзор врз работата на сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи

Скопје, 29.01.2015 - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден надзор врз работата на сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи евидентирани во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети со цел да се утврди дали операторите ги почитуваат одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Извештај за извршен вонреден програмски надзор на ден 27.01.2015 – констатиран е прекршок на член 141

http://www.avmu.mk/images/Pismen_iz...eden_nadzor_na_den_27.01.2015_-_za_na_veb.pdf
 
Последно уредено:
Ако не им даваат српско аудио, може хрватско. Всушност како што разбрав не е ни наведено кое аудио треба да оди?
 
ЕПа чорба.
Сега или ке се соберат операторите и ке платат да биде на македонски јазик или ке слушаме на романски или словенски, или скроз ке ги нема
Ова одамна се знае и затоа не можеше да биде на македонски каналот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom