Да беа Близо толку заинтересирани за враќање на исклучените ТВ канали, досега ќе требаше и за National Geographic и за FOX Life да потпишат нови договори и да ги вратат.
Дај Боже да си во право, ама тешко ми е да верувам дека навистина ќе дочекаме враќање на Спорт Клуб каналите, бидејќи официјалното соопштение на Близо за National Geographic и за FOX Life каналите, е дека истите се затемнети по барање на АААВМУ и дека ќе останат затемнети се додека АААВМУ не наложи спротивно.
Истото соопштение од денес, или од утре, Близо ќе го објават и за FOX каналот, а најверојатно и за Спорт Клуб каналите.
Дај Боже да грешам за ова, бидејќи мислам дека со почетокот на годинава имавме доволно идиотизми за цела година.