Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Почнувајки од квизовите “Ба ба бум“ (меморија) и “Тркало на среќата“ (бесилка) преку новите (вештачки) “Македонски приказни“ и синхронизацијата на шпански серии каде што во едната се двајца актери кои позајмуваат глас на 20 души (од 7 до 77 години) со лошо мутирање на гласовите... па завршувајки со губењето на Англиската Премиер притоа оставајки не на милост и немилост на бисерите на спортските коментатори од Сител.
Пропуштив нешто???
Слободно дополнете, согласете се или дајте контра аргументи.
Копираат сител се-што да излезе на А1 и е хит тие одма го преземаат...Абе како немат да се катастрофа, кога сега Сител ја има парата и дават на све пари. Но едно е сигурно тие две телевизии се влезени во некоја борба и незнам дали сте заприметиле ама ево приме- А1 почна да дават турски филм Сител за 2-3 недели гледам и тој почна турски филм. А1 Нови Македонски нардони приказни, Сител стари Македонски народни приказни. Мислам доста се примери, како и да е премногу глупа работа што кај мене губат поени и двете телевизии.
Јок, Дијаманту ја сум од постаритеима содржини кои се разновидни и за сите генерации, а најповеќе за постарата генерација која цел ден го поминува пред ТВ.
Целосно се согласувам, последнава година Пинк=А1=Сител, каде е модерната концепција на телевизија која што ја имаше А1. Ја нема, стана шунд како и другиве две.А1 до пред некоја година ја ценев како телевизија која колку-толку се трудеше да ги следи светските стандарди. Но потоа започнаа да откупуваат ефтини шпански (а во последно време и турски) серии, започнаа да ги копираат балканските телевизии (како Нова, или уште полошо Пинк), секој ден да не информираат што има ново во Хедис. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека кога даваат некој интересен филм тогаш обавезно има 2-3 пати реклами од по 15 минути, со што автоматски се продолжува филмот за 1 час веднаш ми доаѓа да го сменам каналот. Јас разбирам дека се живее од реклами, но тоа што го прават не личи на ништо.
За разлика од нив би ги навел Канал 5 и Наша ТВ (пријатно сум изненаден во последно време), како телевизии кои се доста оригинални и кои се трудат да го задоволат, а не да го наметнуваат вкусот на гледачите.