Mr.Deni
Животна грешка си ми ти...
И кај мене е сеуште истата ситуација, нема никакви промени затоа и не сум пишал досега ништо.
Досега само еден торент достигна добра брзина (и тоа е под прашалник) , сите други одеа со многу варијабилна и мала брзина.
Моментално состојбата е очајна, еве скриншот од торент кој треба да има 11 000 сидери и 1500 личери:
![]()
И јас се мислев да им вртам на Близу ама незнам како ке се објаснам со нив.
Пиши тука што ке ти кажат вработените во Близу ако денес си ги контактирал.
Значи изгледа не е само проблем кај мене ова со торентите.Денес пробав и од кај чичко ми во иста зграда и тој го имаше истиот проблем.Гледам сега и кај тебе истото.Значи после 1 по полноќ се стабилизира и шиба со максимална брзина.Денес околу 2 попладне си беше супер.И околу 8 навечер кога се вратив накај дома гледам пак иста песна со катастрофа торенти.А бе од јавен од приватен од сите можни тракери џабе ми е.Еве сега е катастрофа исто како и вчера.
Ги барав денеска во Близу и почнаа со тие нивните совети (пробај директно на компјутер немој преку рутер......и да се јавиш кога ке го имаш проблемот.Им се јавив околу 10 навечер ноќва и еден друг таму ми вика дека имаат заведено таму кај нив дека сум пријавил проблем и дека утре би требало да реагира екипа) Ама од друга страна што ке реагира екипа кога брзината на интернетот е топ а само торентите ме зезаат и тоа како му текне на денот.Може да се погоди кога ке дојдат да е супер.Ај докажи им дека само навечер имаш проблеми.Ке видиме дали ке дојдат утре.