A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Бев и прашав. И ми кажаа дека може да се направи ова, т.е. да се префрлам за 800 на неопределено и уште 10 минути пробуваше да ми објасни вработената како имало и поефтини пакети, со договор на 2 години и слично, иако јасно и кажав дека не сакам договор, сакам неопределено.

Нејсе, барав после на страната за некои други пакети да разгледам, па не ми беше јасно и им се јавив...и се објаснив пак што имам и што сакам...видоа таму дека имам мнооогу стар пакет и ајде сега да го смениме. И ми вика, ако земам овој пакет со договор на 2 години кошта 700 денари. Викам, не сакам договор, сакам неопределено. Е тогаш кошта 800 денари, ама ќе треба да платиш и 2000 денари еднократен надомест, затоа што ќе се менува пакетот, па приклучок па,....WTF?!

Нема WTF, оди у Т-Хоум и види колку пари се плаќа коа е на неограничено...И почекај да поминат промоцииве (до септември) после пак коа ќе ги пукнат цените за новите корисници...
 
Пак има проблеми, интернетот е супер спор, 5 минути се отвара една страна, едвај успеав да се логирам. Кај сите ли е вака или само кај мене?
 
2173222256.png

Шуќур! :))
 
Морам и јас да пишам, слабо иде нетов овие 2 дена. Завчера се вратив од Германија па не знам како бил претходно (али брат ми нешто ми спомна дека заебавал), и еве и јас самиот се уверив дека е сјебан. Мислев дека ми е до рутерот, ама очигледно не е до него пошто и други луѓе се жалат.
 
Корисник сум на Смарт пакетот. Можам да направам нов договор со новите цени?

Ако не си на некоја промоција најверојатно ќе можеш со нов договор. Ако си на промоција како јас (само што потпишав на две години и следниот месец ги симнаа цените) ќе ти направат проблем па ќе треба да ги убедуваш да те префрлат (јас не успеав). Порано не правеа проблем ама во последно време се станати доста ригидни за било каква промена.
 
И ја сум на некоја си промоција, кај нив нон стоп пишува -промотивни цени-.
Еве во тоа панелот за проверување на потрошен сообраќај што пишува:

Пакети
Активен пакет: СМАРТ промоција

Сега во Прилеп ќе воведи КДС Кабелнет наскоро пакет: 20мбита, дигитална и аналогна за 1000 денари, па ќе ги задумаат малку.
 
И ја сум на некоја си промоција, кај нив нон стоп пишува -промотивни цени-.
Еве во тоа панелот за проверување на потрошен сообраќај што пишува:

Пакети
Активен пакет: СМАРТ промоција

Знам, тоа им е финта да не те пуштат да смениш пакет :).

Место да напишат смалени цени, стално пишува промоција и така те држат за стар понеповолен пакет. Од моја гледна точка многу непрофесионално, маркетиншки погрешно и на долг рок ќе им донесе повеќе (финансиска) штета него корист.

Ќе те тераат да потпишеш нов договор ама со наводно цена без промоција значи 1299 за смарт (што не ти се исплати) а ако сакаш да одиш на поголем пакет ќе бараат да плаќаш 1699, наводно старата непромотивна цена (иако нема врска).

Ако имаш среќа и успееш, да пишеш ;)
 
A eве да речиме сакам да ставам посилен пакет, ЕКСТРА пакетот кој е сега 1400 денари, скоро исто колку што плаќам сега. Не е логично да ми речат дека не смеам да ставам појак пакет од оној што го имам сега. Или до толку се вглава удрени?
 
Значи сега ако потпишам нов договор на 2 години и следната година ако пак сакам нов договор ќе неможам поради тоа што ова им е промо ?
 
Нив им е логично, од прва рака ти кажувам дека може ама ќе бараат да плаќаш 1699 а не 1399 затоа што според нив втората цена била промотивна.

Ама ако си плател пенали (имало некаков анекс во договорот со ситни букви ако прекинеш промоција) тогаш можело.

И јас се нервирам пред месец дена нов договор и сега не можело, тоа е фала за сите стари корисници ;).

Значи сега ако потпишам нов договор на 2 години и следната година ако пак сакам нов договор ќе неможам поради тоа што ова им е промо ?

Можат да те маткаат како сакаат со тие наводни промоции, сега е така а како ќе биде утре ни тие не знаат.
 
Идиотска шема и идиотска работа.

Исто мислиме ама кој не шиша ;).

Пред мои очи слушав како се расправа еден дечко за промена на пакет и толку изгуби нерви им вика па ако решам да не ви плаќам и да се правам на удрен сами ќе ми го прекинете договорот а вака плаќам повеќе дека сум фер со вас и вработениве само климаат со раменици, цели собрани пошто не зависи ништо од нив а на нив сите им се сипаат за такви бесмислени правила и анекси.

Наши фирми не знаат маркетинг, гледаат сега да ти земат 100 ден вишок а што ќе изгубат 1000 после тоа не ги интересира ;).
 
Јас сум вчудоневиден од интернетов последниве 2 недели!

Играм Дота, хостирам игри, и кога сум хост, за разлика од порано, играчи од цела европа влагаат на хост и поголем пинг од 60ms нема! просек е 30-40ms, што е фантастичтен резултат! дилеј немаат воопшто, ги прашувам секоја партија никој не се жали, никој.

Дури и проклетиот ADSL на One, кој е катастрофа за хостинг од поглед на delay/ping према Blizoo и обратно, комбинација која претходно со еден другар на One гласеше вака - константно имаше 110 пинг кај мене на хост а исто така имаше констатен 0.500 - ms delay со повремени спајкови од цели 2000/3000ms секунди или поточно 2/3 секунди...неигриво.

Сега, покрај тоа што нема дилеј, нема загуба на пакети, нема спајкови, нема вариација на пингови, дури и сите корисници во собата имаат зелени конекции, претходно имаа црвена конекција (зборам за Garena) и X во статус, т.е. знак за проблематична конекција со мене како потенцијален хост.

Ова го истакнувам, затоа што добар дел од квалитетот на еден интернет според мене се мери со гледање - стриминг, или хостирање на онлајн гејминг, овој начин на тестирање на интернет е најдобриот можен ако сакате да дознаете колку всушност е добар вашиот интернет, без разлика дали играте игри воопшто (онлајн) или не.

69428991.png
69429091.png
69429122.png
69429231.png
69429366.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom