A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Мене секоја вечер ми снемува интернет, околу 7 саат. Веќе и се навикнав :facepalm:
Кај мене ноќеска/сабајлево снема некаде околу 04:30, појма немам кога дојде, пред легнување бев тогаш.
Првпат ми снемува интернет после којзнае колку време.
 
2141458049.png

добро е сега засега па ќе видиме понатака како ќе се покаже:)
 
Абе само мене ме заебава (или можда ми е потрошен за месецов?) или сегде брзината е мизерна? Едвај ми отвара google и fb, за youtube ич муабет да не правиме :)
 
Не постои никаков лимит за потрошен собраќај на Близу
Пробав да го најдам делот од законот на страницата на АЕК кој вели дека за неограничен интернет сообраќај важи политика на фер од 300 GB месечно. Потоа брзината се намалува.
 
Нема бре тоа фер политика во близу, троши колку сакаш, не си ограничен.
 
Фер политика имам приметено кај Т-Хоум, кај Близу не. Фер сме си и вака и така. :D
 
Пробав да го најдам делот од законот на страницата на АЕК кој вели дека за неограничен интернет сообраќај важи политика на фер од 300 GB месечно. Потоа брзината се намалува.
Тоа е закон во Македонија и мислам дека важи за сите провајдери...
Мислам дека лошо си информиран.
Поимот „политика на (не)фер користење“ или со други зборови овозможување на полесен overselling на услуга напумпана од маркетинг тим пред јавноста го дефинира операторот, ова важи насекаде во светот за сите best effort понуди кои што најчесто се користат од обични смртници, додека за фирмите постои „загарантирана“ услуга со строго дефиниран Service Level Agreement - SLA.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom