A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Денес имавме неколку часа целосен прекин во Штип (за прв пат по Септември 2011та). Причината - „пукната“ оптика. Средија за 4-5 часа, отприлика. Комшијата ми кажа дека поради невремето и поплавите во источна Македонија деновиве имале прекинати оптики на повеќе интернационални линкови. Затоа и ги вратиле брзините на номиналните (според договорот). По стабилизирање на состојбата, рече дека ќе вратат по старо. Се надевам дека така и ќе биде.
кај мене уште е на таа номинална брзина :(
 
Работеа несто пред 2-недели и ми го устраа нетот.Си има брзина но лагира како лудо.
 
Тапа е страната ми дава брзина 12.5 а пинг 120 мс ,реално брзина ми е 20 а пинг 20-40
 
Тапа е страната ми дава брзина 12.5 а пинг 120 мс ,реално брзина ми е 20 а пинг 20-40
зависи стаи на спидтест страната на сервер во западна европа колку ќе ти покаже
--- надополнето: 10 март 2013 во 23:44 ---
2564731356.png
 
speedtest нормално на берлин правам ,таму ми ја дава таа брзина која ја пишав како реална
 
И кај мене е исто, не ми се верува дека ке ни ја вратат старата брзина штом еднаш ја намалија :(
Во Штип од денес се вратени повисоките брзини. Ваљда и кај вас е така...
--- надополнето: 13 март 2013 во 12:56 ---
И кај мене е исто, не ми се верува дека ке ни ја вратат старата брзина штом еднаш ја намалија :(
Во Штип од денес се вратени повисоките брзини. Ваљда и кај вас е така...
 
Денес добив уште една сметка од Близоо - за март,
поминаа над 30 дена немам одговор од АЕК,бев денес лично таму и им кажувам немам одговор,прво ќе те прошетаат лево-десно и одговорот беше па не прошле 45 денови.
А јас им велам за триесет денови три плочи ставаат на новине згради во Ново Лисиче,
и тоа да видите со работа не со гледање....и т.н.
и ич не му се секираат, а јас ќе си чекам и најпосле ќе ми ги земат парите од ТР.сметка.
(претходно објаснувава за случајов и зошто одев дури во АЕК,по ваши сугестии)
 
Чичко Анчо, според правилникот на АЕК (сега го излистав) вика:
Член 4​
(1)Агенцијата спорот од член 3 став (1) на овој правилник го решава во рок од 42 дена од денот на поведувањето на постапката по службена должност или од приемот на предлогот за започнување на постапка за решавање на спорот.
(2)Крајниот рок за решавање на спорот од ставот 1 на овој член може да се продолжи доколку тоа е потребно заради обемот на постапката, но не смее да биде подолг од четири месеца. Решение за продолжување на рокот донесува директорот на Агенцијата, согласно Законот за електронските комуникации.
Член 6​
Агенцијата при решавање на споровите од член 3 став (1) на овој правилник треба да ги има предвид и целите за обезбедување на ефикасна конкуренција и заштита на интересите на корисниците на пазарот, согласно закон.

Трпение спасение, ова е доволно. Ако сакаш цел да го разгледаш преземи тука
Знам дека и јас чекав бааѓи па дочекав на крај, иначе и на нивната страна ги објавуваат одлуките за споровите кои се поднесени.
 
Само кај мене зеза Фејсбукот во последниве 2 дена?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom