A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Стаив што стаив премиум пакетот. Имам еден проблем, а тоа е што не можам да достигнам 5.5mb/s.
Модемот ми е Cisco EPC 2202(Кој може да ја достигне таа брзина), но имам и рутер TrendNet TEW 432BRP(пишуе на него 54mbps Wireless Firewall Router. Ваљда може и тој да ја достигне).

Кога се јавив да прашам кај дотичните за следново, типот ми кажа дека рутерот не може да ја достигне таа брзина:eek:, и да пробам директно од модем у ПЦ. Но, извадив иста брзина и вака и така, не повеќе од 2,5/2,6мб/с. Што би можело од прилика да биде, некоја идеја дур чекам да ми се јават за ова.

Што отприлика би било причина за следново?
Anyone?
 
На Св.Никад ќе го поминат телеком поготово не сега кога за 1500 денари телеком пушти пакет со телевизија (80 канали), неограничен интернет и неограничено разговори. Кога ќе ја отворам страната на Близу на фејсбук гледам само жалби за тоа како немало интернет и што уште не.

:ROFLMAO:
 
На Св.Никад ќе го поминат телеком поготово не сега кога за 1500 денари телеком пушти пакет со телевизија (80 канали), неограничен интернет и неограничено разговори. Кога ќе ја отворам страната на Близу на фејсбук гледам само жалби за тоа како немало интернет и што уште не.


[превземено од сајтот на t-home]
(1) За неограничени разговори во мрежата на Македонски Телеком важи политика за фер користење од 100 часа месечно. По надминување на вклучените 100 часови месечно, разговорите се наплатуваат по редовните цени за локални и национални разговори во рамки на мрежата на Македонски Телеком.По надминување на вклучените месечни разговори, важат редовните цени за локални и национални разговори во рамки на мрежата на Македонски Телеком.
(2) За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер од 300 GB месечно. По надминување на вклучениот интернет сообраќај, брзината на пристап се намалува на 768Кbps/768Кbps.


Ти изгледа никогаш не ги читаш фуснотите, а?

Башка, T-Home нудат 80 канали, Blizoo нудат 120 канали + 7 HD. И секако, телефонијата и интернетот НЕМААТ ЛИМИТ.

Спремен бев да го откажам телеком за близу кога не бев доволно информиран за стабилноста на интернетот. Се јавував 2 пати за да поднесам барање. Не само јас. Им кажував на сите кај мене на улица дека се добри за да се јават и поднесат барање, но очигледно не се заинтересирани за мојата населба и не пуштаат линија. Се работи за Љуботенски, тоа е помеѓу Бутел и Радишани каде веќе има линија. Епа батка со таква работа никогаш нема да го надминат телеком. Така да не верувам дека ќе имаат многу корисници ако продолжат со ова темпо.
А ти што очекуваш, дека компанија која е само неколку години во Македонија за 2 недели ќе се прошири насекаде со одлична инфраструктура? o_O
Дај им малку време, ти гарантирам дека ќе се среди се'.
 
Хаха уште ли ве лажат со тоа неограничен интернет на Телеком бе? Па и уште кога ќе видам некој пишал ае распрдени, малце да не ви се 300 гб? :tapp: 2012 година сме ало, 2 - 0 - 1 - 2.
 
Што отприлика би било причина за следново?
Anyone?

А да ти ја испитаат линијата дали поддржува поголема брзина... Телеком има таква можност, кај овие прашај на тој нивниот број за инфо.
 
Имавте и вие проблеми последниов сат или до мене е?
 
Имавте и вие проблеми последниов сат или до мене е?

И кај мене имаат некој проблеми...Некој страни не отвара па за момент ке снема интернет комплет.
 
Имале дефект, кај сеа најде пред Јувентус, тешко пцуење ќе падне ако не можам да гледам:mad:
 
Imale problemi so linkovite. Cela Makedonija ima problemi.

Decko sto raboti vo Blizoo mi kaza.
 
глобален е проблемов не се секирајте ќе се реши
 
Дали ова значи дека сега ја плакаме цената што ни пуштија спорт клуб :D
 
Еднаш во годината се решавам да правам семинарска, тогаш дефект :tapp:
 
Јас сега седнувам и ок е, нема никакви проблеми
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom