A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.047
Поени од реакции
6.074
Ќе ме префрлат на blizoo веројатно нареднава недела, па имам неколку прашања:

- Дали тие од вас кои имаат/имале проблеми со отворање на страници пробале да ги сменат DNS адресите?
- Дали на каналите за серии, филмови и документарни емисии (конкретно Fox Life/Crime, TV1000, Universal) има превод, барем на српски/хрватски?
- Каков е квалитетот (на звукот) на телефонијата? Дали има каснење, ехо и слични глупости?

Фала.
1. Не сум чепкал, пошо не се разбирам.
2. Да, има превод. Дали е српски или хрватски е најмалце битно. Еден од нив е сигурно:)
3. Не го користам телефонот скоро ич, но тие 3-4 пати дур сум го користел, се било ОК.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Ќе ме префрлат на blizoo веројатно нареднава недела, па имам неколку прашања:

- Дали тие од вас кои имаат/имале проблеми со отворање на страници пробале да ги сменат DNS адресите?
- Дали на каналите за серии, филмови и документарни емисии (конкретно Fox Life/Crime, TV1000, Universal) има превод, барем на српски/хрватски?
- Каков е квалитетот (на звукот) на телефонијата? Дали има каснење, ехо и слични глупости?

Фала.
- Да. Работа завршена - кога/како. :)
- На аналогнава нема, за на дигиталнава не знам дали има преводи.
- Телефонија немам. :)
 
Член од
20 март 2008
Мислења
377
Поени од реакции
280
Ќе ме префрлат на blizoo веројатно нареднава недела, па имам неколку прашања:

- Дали тие од вас кои имаат/имале проблеми со отворање на страници пробале да ги сменат DNS адресите?
- Дали на каналите за серии, филмови и документарни емисии (конкретно Fox Life/Crime, TV1000, Universal) има превод, барем на српски/хрватски?
- Каков е квалитетот (на звукот) на телефонијата? Дали има каснење, ехо и слични глупости?

Фала.
Баш сега проверив, на сите овие 4 канали има српски.:):)
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Фала ви за одговорите. Ако има уште некој кој сака да сподели информации, нека пише тука или по ПП :)
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
јас стварно не знам што симнувате па да ви требаат 600 гига месечно? или само ви е ќеф дека, ете, може да се симнат 600 гига? секој месец? кај одат тие? имате ли дискови од 6 тера? колку такви...?

мене ме интересира каква е стабилноста генерално? не мора поделено по населби, чисто онака. паѓа ли нетот? колку често? колку долго?
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
јас стварно не знам што симнувате па да ви требаат 600 гига месечно? или само ви е ќеф дека, ете, може да се симнат 600 гига? секој месец? кај одат тие? имате ли дискови од 6 тера? колку такви...?

мене ме интересира каква е стабилноста генерално? не мора поделено по населби, чисто онака. паѓа ли нетот? колку често? колку долго?
Незначи дека сите иаме хард диск од 320гига...Некој има и по 2 тера хард диск...Еве сценарио: Ја симињам блу-реј филм кој тежи околу 30 и кусур гига...Аплоудирај го до 100 гига избриши го...6 такви симни ете ти 600 гига.

Неможеме да ти кажеме за стабилноста генерално пошо има голема разлика од реон...Искрено ако бараш стабилност си дошол на погрешно место - стабилност ти е т-хоум. Овој знае онака во недела еднаш да падне, во недела 7 пати да падне или во еден месец еднаш да падне...Комбинациите се секакви (барем кај мене) али не се десило еден месец (веќе го имам 8 месеци) да имам нет (додуше се десило коа ќе се сетам али тоа првите 2 ипол месеци, после почнаа проблемите)...Од друга страна коа ќе видам што добивам за парите - не се жалам...

Пак - немаш потреба да го зимаш нетов ако бараш 99.7 % стабилен нет...Ако бараш тоа, парите и правац Макс Оптик...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Фала ви за одговорите. Ако има уште некој кој сака да сподели информации, нека пише тука или по ПП :)
Преводи на тие канали нема на аналогната, има само на дигиталната :)
јас стварно не знам што симнувате па да ви требаат 600 гига месечно? или само ви е ќеф дека, ете, може да се симнат 600 гига? секој месец? кај одат тие? имате ли дискови од 6 тера? колку такви...?
Живееме во 2012 година каде што скоро сите имаат ЛЦД/ЛЕД Фул ХД телевизори. Исто така не знам дали знаеш ама има еден формат на филмови кој се вика блу реј и еден таков филм е некаде 50 ГБ. Е сега, пак ќе кажам, затоа што живеам во 2012 година, сакам да гледам филмови како во 2012 година а не како за во 1995 година. Ај пушти на Full HD LED TV avi формат од 700 мб да видиш каква ќе е сликата. И имам хардиск од 1.5 тб.

Постов ти беше како теткине кај што се плаќа, е што правите бе деца со толку интернет? Е што правиме бе тетке, сигурно хороскоп не читам на интернет. :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.237
Поени од реакции
8.340
јас стварно не знам што симнувате па да ви требаат 600 гига месечно? или само ви е ќеф дека, ете, може да се симнат 600 гига? секој месец? кај одат тие? имате ли дискови од 6 тера? колку такви...?

мене ме интересира каква е стабилноста генерално? не мора поделено по населби, чисто онака. паѓа ли нетот? колку често? колку долго?
Не мора да значи дека мораш да имаш ТБ хардови па да симињаш, едноставно симињаш гледаш и бришеш, итн. зборам за ХД филмови, едноставно е ФЛАТ не се замараш да гледаш секој ден дали си го поминал лимитот или не си го поминал.

Пак мора по населби да се кажува за интернетот, не е сегде ист изгледа.
Еве конкретно Драчево пред некој ден немаше интернет 20минути, па дојде, пред тоа се случи лани Август немаше интернет неколку часа, испадна изгледа цела МК немало интернет од Близоо, останатото време не смеам да се жалам, презадовлен сум од Близоо..
 
C

Crazy Diamond

Гостин
јас стварно не знам што симнувате па да ви требаат 600 гига месечно? или само ви е ќеф дека, ете, може да се симнат 600 гига? секој месец? кај одат тие? имате ли дискови од 6 тера? колку такви...?

мене ме интересира каква е стабилноста генерално? не мора поделено по населби, чисто онака. паѓа ли нетот? колку често? колку долго?
Еве на пример јас симнувам музика во FLAC (најчесто цели дискографии) кои се над 20ГБ. И плус по некој Блу-Реј филм и ете ти ги минимум 300 ГБ. Плус може ќе симнам и некоја серија во ХД (исто околу 20ГБ), нешто за другари и ете ти ги 500-600 ГБ. За разлика од другиве интернет провајдери, тука не мора да се замарам до кај сум со лимитот, и секогаш имам фул брзина за симнување. :)
 
Член од
2 мај 2009
Мислења
276
Поени од реакции
170
Поради тоа што бев споменат погоре, ќе се надоврзам на дискусијата. Јас имам пакет од 50 мбпс. До пред две недели симнував со 9 мегабајти во секунда. Од тогаш симнувам со 6-6.5 мегабајти во секунда. Имам качено неколку слики - кој сака да види нека пребара малку. Интернетот кај мене во Штип е многу стабилен. Последниот прекин го имав во Септември 2011 г. За телевизијата можам да кажам дека им недостасува англиско првенство. Во аналогна немаат преводи, но на дигитална имаат избор од неколку јазици. ХД каналите им се со стварно ОГРОМЕН квалитет. Имам правено споредба со Телеком. Разликата е огромна. Телеком стрима со 6 до максимум 8 мегабита во секунда за ХД, додека кај овие имам видено и стрим со 15 мегабити во секунда. Тоа кај поголеми телевизори (и луѓе што разбираат) значи многу.
Телефонијата еден период имаше доста проблеми. Се слушаше „ехо“. Ми се има случено да ми се „измеша“ друг разговор. Даваше „зафатена линија“ и кога телефонот е „затворен“. Последниве 3-4 месеци овие проблеми ги нема. Се надевам дека овие податоци ќе ти помогнат да направиш подобар избор.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Живееме во 2012 година каде што скоро сите имаат ЛЦД/ЛЕД Фул ХД телевизори. Исто така не знам дали знаеш ама има еден формат на филмови кој се вика блу реј и еден таков филм е некаде 50 ГБ. Е сега, пак ќе кажам, затоа што живеам во 2012 година, сакам да гледам филмови како во 2012 година а не како за во 1995 година. Ај пушти на Full HD LED TV avi формат од 700 мб да видиш каква ќе е сликата. И имам хардиск од 1.5 тб.

Постов ти беше како теткине кај што се плаќа, е што правите бе деца со толку интернет? Е што правиме бе тетке, сигурно хороскоп не читам на интернет. :)
а, што правите бе теткин? продавате пиратски двд-а пред бисер?

mkv-ата не чинат више? само сељаци гледаат мкв? јас скоро све што симињам - чувам. ако ми треба песна - не симињам дискографија за да се најде... сите теми за интернет провајдери се кој колку изм'кнал од нетов пред да му симнат брзина. или дека не му симнале брзина... налет!
сите станаа елитисти - само FLAC, само дискографии. само 1080p DTS full BD rip, пошто другото е за сељачаана. и не, скоро сите немаат фул ХД ЛЕД/ЛЦД. во најдобар случај ХД реди ЛЦД. што ако е 2012? да не рипнал стандардот у мк, можда?

http://www.njuz.net/srednjoskolac-skinuo-ceo-internet-za-svaki-slucaj/

се извинувам на оф топикот. заклучокот е: ако ми треба скоро 100% стабилен интернет - да не го барам кај близу.евентуално ако живеам у „ново лисиче, будало“... аеродром се брои?
бидик друже, извини...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Добро де, другите немаат, јас имам. Мада стварно 90% од населениево има плазма или лед/лцд ама еве така нека ти биде. И зошто да не гледам блу реј филмови? Коа сум им платила, ќе си трошам колку сакам.

Стварно не знам што мешаш сеа дали рипнал стандардот или не. Си пишале тие дека е неограничено, ако сакам и слон ќе симнам, не па блуреј филм.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.047
Поени од реакции
6.074
Секој си симнува што му душа сака, ако има можност. Интернетот ми дозволува да правам трансфер и по 300+ гб, и си го користам тоа. Сигурно нема да глеам avi филм, а да имам можност да гледам BluRay од диск аплоудиран на некоја страна. Ќе си го симнам, ќе си го гледам. Слика топ, звук топ. Дури и превод си има.
Брзината е доволна за да симнам што сакам, иако е „само“ 12мбпс(неофицијално зголеменана пакетот 10/500). Би сакал да го иам 50mbps пакетот, ама го немам зашо не ми се даваат пари. Ќе си ставам BluRay филм(пр. 40гб), ќе го остаам ПЦ-то да си работи навечер и готоо. Сабајле е симнат.

MKV се ОК, ги симнувам кога филмот кој сакам да го симнам и гледам го нема во оној формат во кој сакам да го гледам. Барам прво BluRay „оригинал“, па после барам rip-овите на RemuX, е ако нема ништо од ова, тек тогаш си симнуем MKV.

Имаат еден минус MKV филмовите. Ретко кој е рипуван на 1280*720 или 1920*1080.
95% се 1280*534(+-) или 1920*800. Ова ич не ми се допаѓа, бар не мене.

Како што кажав погоре, се што можам, максимално ќе го искористам. Барем кога се работи за интернетов на Близу! Како што кажа Џ, не блуреј, јас кит ќе си симнам:pos:. И стварно ТАКА Е!
 
Член од
2 мај 2009
Мислења
276
Поени од реакции
170
Пошто отидоа капиталците од морскиот (кит) и животинскиот (слон) свет, јас ќе си симнам Баобаб (капиталец на растителниот свет):P
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Имаат еден минус MKV филмовите. Ретко кој е рипуван на 1280*720 или 1920*1080.
95% се 1280*534(+-) или 1920*800. Ова ич не ми се допаѓа, бар не мене.
Епа така е оти повеќето филмови и не се во 16:9 (1.78:1) формат. Тоа е телефизиски стандард.
Кај киното многу повеќе се користи 1:85:1 и 2.35:1.


-----

И не го користете интернетов за пиратски цели, не го симнувајте целио интернет за секој случај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom