Не си ми јасен. Се утепа плукајќи а си нивен корисник. Ако не ти одговараат смени ги не гледам поента фрустрации тука. Ако мислиш дека можеш да допринесеш за Вип можеби треба да аплицираш за работа таму, мислам дека би бил многу попродуктивен.
Договорот истекува Април 2020, не е на мое лично име. Барав начин, но немам можност засега да ги откачам.
Да имав, одамна ќе бев далеку од нивни корисник.
Сооглед на тоа дека плаќам како рата за кредит, 4.500 за 4 мобилни телефони, 3 телевизори, интернет и фиксна, сакам да добијам тоа што го фактурираат.
Ако има да ги пофалам за нешто, сум ги пофалил, но со вакви испади конкретно кај мене лично или кај сите корисници, не можам да замижам и да премолчам.
Човекот дава пари за одредена услуга и сака квалитетна услуга за своите пари.
Додека е врзан со договор за да ги фрла своите пари за неквалитетна услуга, го искористува своето право да ги критикува тие кои му испраќаат редовно сметка секој месец за услуга која не го испорачува квалитетот за наведената сума на сметката.
Не знам кој дел не ти е јасен, токму постоечките корисници на услугите на било која одредена компанија имаат најголемо право на критика во споредба со тие кои не се корисници или се поранешни корисници на услугите на истата таа компанија.
Точно.
Си барам тоа што треба да ми следува.
Не сум бил корисник на Телеком, Телекабел или Неотел, и како што велиш и ти, поради тоа никогаш не сум коментирал на тие теми во насока на детални критики.
Но очигледно им пречи на некои мое лично мислење.