По барање на АЕК или според некое ново правило кое го имаат воведено, сите телекомуникациски кабли во урбаните средини мораат да одат под земја, па затоа ги пуштаат овие црева - за да ги префрлат каблите под земја.
И во мојата зграда кабелската телекомуникациска мрежа на Вип ТВ пристигнува преку коаксијален кабел преку бандера, а истото важи и за кабелската телекомуникациска мрежа и за оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел - сите 3 кабли пристигнуваат во мојата зграда преку истата бандера.
Единствено Македонски Телеком од самиот почеток уште кога се градела зградата пред повеќе од 40 години ги пуштиле нивните бакарни телекомуникациски кабли подземно, а истото го направија и во 2016 година кога подземно ги пуштаа оптичките телекомуникациски кабли.
Тоа што пишува Fiber Optic на цревата не говори ништо, единствено потврдува дека цревата се доволно цврсти и издржливи за да се пуштат оптички кабли низ нив, без да бидат оштетени, бидејќи оптичките кабли речиси воопшто не се еластични и лесно пукаат при поголемо оптеретување, а овие црева се доволно цврсти и издржливи за да ги заштитат оптичките кабли кои - можеби - би поминувале низ нив.
Но како што спомна @
JB00F во пост
#7129, веќе почнале да пуштаат коаксијални кабли низ тие црева, што говори дека дефинитивно - за жал - нема од Вип ТВ да пуштаат оптички кабли до крајните корисници.