4G LTE е најнова мобилна технологија за извонредно брз интернет преку мобилен телефон. Оваа технологија овозможува 10 пати поголеми брзини од сегашните 3G, што е идеално за супербрзо сурфање и преземање големи количини податоци. Користењето 4G LTE интернет е како возење формула - постигнувате неверојатно забрзување, а потоа брзината стабилно се одржува на многу високо ниво. Новата 4G LTE мрежа на Vip ќе Ви овозможи сосема нови кориснички искуства, на пример:
- инстант вчитување интернет-страници во истиот момент кога ќе го кликнете линкот, без да чекате да се отвори веб-страницата;
- уживање во HD YouTube видеа со брзо преземање на клипот, без прекини во звукот и во сликата;
- download/upload на големи PowerPoint, Excel или Word документи, и
- онлајн видеоигри со кои ќе имате неверојатно време на реакција.
Каде има 4G LTE покривање во Македонија?
4G LTE мрежата на Vip има најголема покриеност во Македонија. Мрежата на 4G LTE е достапна во Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Штип и во Струмица, така што доколку се наоѓате во овие градови, слободно сурфајте со 4G LTE брзини.
Мапата на покриеност можете да ја видите
тука.
Како се користи 4G LTE?
Потребно е да имате смарт-телефон што ја поддржува 4G LTE мрежата на Vip, како и специјална uSIM картичка наменета за 4G LTE сурфање, која може да ја добиете во најблиското продажно место на Vip.