А1 Македонија

Јас кога потпишував фино лепо ја прашав девојката и ми кажа дека претплата половина плаќам а со тоа и половина разговор имам(ке немам 590 ден. денари туку 295), не може тоа плаќај половина претплата а збори ко за цела, работата/бенефитот е што со претплата Vip Smart M добиваш гага према сите вип(што без промоцијава би требало за оваа тарифа да плаќаш 590 ден.) а доколку ја земеш таа претплатата Vip Smart S (390 ден претплата) за таа имаш три броја, тоа е разликата бар така беше јас коа стаивив, пред 3 месеци.
 
Само читате ама не дочитувате.. сите знаме дека ако истрошиш и само 50 од претплатата која е 300, плаќаш 300. И, сите знаеме дека промоциите на пола претплата, имаш пола разговор. Исто колку претплатата. Vip/ebill e малце хаос дека мојот проблем бил друг и не ги пишувале тие додатни трошоци како што се. Додуша ни на сметката не објаснуват што се. Јас сум имал 190 денари плус во пораки, ама надвор од нашиве мрежи. Значи пораки надвор од земјава не спаѓаат во месечната претплата. Убаво објаснуваат ако прашате таму. Овде на форум, кој од кој сте сите. :))))))))))

Се зезам дечки.. и навлекување е тоа претплатата. Као ќе се контролираш. Со 900 денари минуваш 3 месеци.
Јас имам за овие 3 месеци, 3.000 ама убаво е. :))))
 
Јас имам за овие 3 месеци, 3.000 ама убаво е. :))))

Јас за вториот месец имав 3500 и ептен ми беше убаво, особено кога сфатив дека пола од тогашниот хонорар ќе ми отиде на тоа :pos:
Ама после си се опаметив и сега повеќе од претплатата не ми стигнало :)
Иначе пред потпишување на било кој договор треба да си се распрашате добро за сите услови и се' што не ви е јасно да си прашате пред да ставите потпис :toe:
 
Од кога до кога е месечна сметка за ВИП ? ( ми кажаа од 26 до 26, ама не ќе да е така)
 
ти пишува на сметката
 
Или види на сметката или јави се у контакт центарот нивен бе. Они потчно ќе ти кажат. 077 1234
 
Ми стигна ваква порака:
Твојот бонус истекува за 10 дена. Со надополнување бонусот ќе биде префрлен на твојата сметка. За проверка испрати ...

Некој да ми ја објасни? Каков бонус е уствари ова?
 
Ми стигна ваква порака:
Твојот бонус истекува за 10 дена. Со надополнување бонусот ќе биде префрлен на твојата сметка. За проверка испрати ...

Некој да ми ја објасни? Каков бонус е уствари ова?

Бонус што е собран што ти ѕвонеле од другите оператори.. стави 100 кредит и во зависност колку бонус си собрала толку ќе добиеш плус.
повеќе: http://www.vip.mk/cm/offer/prepaid/kakva-rabota/index.php
 
ВИП со нови постпејд тарифи

Вип оператор од утре воведува нови најповолни тарафни модели за своите постпејд корисници.
Со тарифните модели Вип Смарт 590, Вип Смарт 990, Вип Смарт 1790 и Вип Смарт 2990 корисниците добиваат бесплатни разговори кон целата Вип мрежа. Со тарифниот модел Вип Смарт 390 корисниците добиваат бесплатни разговори кон 3 Вип Пријатели, а со Вип Смарт 240 кон еден Вип пријател.

Во рамки на избраниот тарифен модел постпејд корисниците , покрај 1000 бесплатни минути во рамки на Вип мрежата, добиваат и бесплатни минути и за разговори кон сите национални мрежи во зависност од одбраниот тарифен модел.

Истовремено, како најголема поволност за постпејд корисниците на тарифите Вип Смарт 990, Вип Смарт 1790, Вип Смарт 2990, е тоа што за првпат на македонскиот пазар, во претплатата добиваат бесплатни вклучени минути за меѓународни разговори, и тоа 50, 100 или 200 минути, во зависност од одбраната тарифа. Бесплатните меѓународни минути можат да се искористат за повици кон сите земји во зоните, соседство, регион, европа, свет1 и свет2. По искористувањето на бесплатните минути важат регулаторни цени за меѓународни разговори.
Извор
 
Баш сега ја гледав новата реклама :)
 
и до сеа беа исти условите не глеам шо е ново
 
4955


Популарната услуга за контрола и управување со возила сега и во Vip!
Само со Vip Автолокатор, GPS систем за следење возила од Vip, Вие имате целосна контрола над Вашиот возен парк. Со оваа нова услуга од Vip, Вие во секој момент знаете што се случува со Вашите возила и имате постојан преглед на сите трошоци.

Со Vip Автолокатор добивате:
- следење во живо каде се Вашите возила во моментот и дали се во движење или во мирување
- детален извештај и реконструкција на однесувањето на возачот и на возилото
- безбедносен аларм – алармирачките сигнали може да пристигнат директно на Вашиот мобилен телефон преку SMS-порака или, пак, на Вашата е-mail адреса
- информации за недозволено однесување – пречекорување брзина, прекршоци, напуштање претходно утврдени области итн.
- дефинирање рута на движење за возилото
- сензори за температура
- мониторинг на потрошувачката на гориво
- поврзување со таксиметар – следење во живо на сите возила и можност за комуникација со секој возач одделно
- сензори за седиштата со регистрирање присуство и број на патници во возилото
- експертски совети, препораки и советување.

Со Vip Автолокатор ќе ја зајакнете контролата врз користењето на Вашите ресурси: ќе ја подобрите продуктивноста на возилата и работната дисциплина на вработените, ќе спречите неавторизирано користење на Вашите возила и ќе бидете обезбедени од кражба. Тоа секако ќе доведе до намалување на оперативните трошоци за гориво, сервис и осигурување.

За повеќе информации во врска со оваа понуда, јавете се во Контакт центарот на 077 1234, каде што нашите оператори Ви се достапни 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

http://www.vip.mk/cm/bo/offer/promotion/vip_avtolocator/index.php
 
и до сеа беа исти условите не глеам шо е ново
Новина се бесплатните меѓународни разговори:
... во претплатата добиваат бесплатни вклучени минути за меѓународни разговори, и тоа 50, 100 или 200 минути, во зависност од одбраната тарифа. Бесплатните меѓународни минути можат да се искористат за повици кон сите земји во зоните, соседство, регион, европа, свет1 и свет2.
:smir:
 
Вип Смарт 990, Вип Смарт 1790, Вип Смарт 2990, од каде сега овие тарифи ги најдоа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom