А1 Македонија

Секогаш постои опција да го земеш од Ледиком за 12.200 во кеш со пола гаранција кога производителот ти дава 2 години гаранција. Или Нептун на промоција за 14.000 али со 2 години гаранција(на рати 18.000). Извини што ти се мешам, али кога веќе не е за некоја тинејџерка, зашто не си земете P9 lite за 4.000?
Ке го земе P9,иде на пола цена од Ј5 т.е за некој си 4500 а скоро идентични карактеристики со Самсунгот.
 
Гледам од 1 јануари ќе ги има ЅК 4 5 и 6 ама го нема ЅК НD, добро е што решиле конечно и тие канали да ги додадат ама ако го извадат ХД стварно ептен ќе ја укакаат...
 
Дали вреди да се префрлам од Телеком припејд на Вип припејд,кој од овие две имат подобри понуди,подобра мрежа итн.
За постпејд мислам дека не вреди со сегашните понуди што ги имат ни кај едните ни кај другите.
 
Дали вреди да се префрлам од Телеком припејд на Вип припејд,кој од овие две имат подобри понуди,подобра мрежа итн.
За постпејд мислам дека не вреди со сегашните понуди што ги имат ни кај едните ни кај другите.
Само да знаеш како инфо 4G на Вип за припејд корисници нема.
 
Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Телекомуникациската компанија Вип ја започнува новата година со подароци и изненадувања за своите свои корисници на мобилната телефонија. Сите припејд и постпејд мобилни корисници во првиот месец од годината добиваат подарок дополнителен интернет пакет, а со тоа и уште поголема можност за слободна мобилна интернет комуникација.

Сите постоечки и нови пост пејд корисници, активирани заклучно со втори јануари веќе на вториот ден од новата година добија подарок “Mесечен интернет пакет од 2 GB” што ќе можат да го искористат до 31 јануари годинава. Подарокот од дополнителен мобилен интернет го добиваат и оние корисници кои во меѓувреме направиле обнова или промена на тарифата.

Сите постоечки и нови припејд корисници пак кои ја активирале услугата заклучно со втори јануари добиваат подарок “Неделен интернет пакет од 1GB” што ќе можат да го искористат до 10 јануари оваа година.

Со овој подарок што го добиваат сите корисници на мобилната телефонија, Вип уште еднаш потврдува дека е компанија ориентирана кон подобрување на комуникациското искуство на своите корисници.


https://inovativnost.mk/2018/01/06/подарок-мобилен-интернет-за-сите-вип-к/
 
Не дека нешто многу мрчам, ама подобро е да ги намалеа сметките ради немањето мрежа минатиот месец, јер јас и онака 10те гига нет не ги трошам...
 
Не дека нешто многу мрчам, ама подобро е да ги намалеа сметките ради немањето мрежа минатиот месец, јер јас и онака 10те гига нет не ги трошам...
Кај мене е намалена од 750 на 620 ;) имав цело време мрежа :D
 
Здраво дечки, ми треба ваш совет посебно доколку некој бил во слична ситуација.

Вчера купив Samsung Galaxy J7 (2017) со обнова на Договорот во VIP во продажниот салон во Штип. И ги побарав на продавачката сите бои за да си одберам една и си земав црна. За моја несреќа останал само еден уред на залиха со црна боја, баш тој кој таа ми го покажа. Но кога се обиде да го помине на касата ми кажа дека истиот бил повлечен од продажба и не може да ми го продаде. И ѝ реков на продавачката да направам нарачка па кога ќе стигне да ми се јави, и она дека нема потреба за такво нешто, и дека ќе проба овој да го внесе во системот рачно само ќе почекам 20-тина минути. Ја прашав да нема некој проблем со тој уред и зошто бил повлечен, а таа ми кажа дека уредот нема никаков проблем туку дека бил повлечен како повлекување на роба од Скопје.

И откако го земав уредот и го однесов дома на него забележав 3 гребнатини на задната страна на уредот. Со оглед дека не сум од Штип, веднаш се јавив на 1234 им го пријавив проблемот и им пишав е-маил со приговор.

Очигледно беше дека станува збор за гребнатини направени пред да го купам, најверојатно бидејќи истиот беше отворен, стоеше во фиока и се користеше за демонстрација пред корисниците кои го побарале претходно да го видат.

Не зафатија неработни денови и не можам да и го однесам во салон но приговорот преку еимаил им е пратен и примен во ВИП Скопје само 1 ипол час од моментот на купување, откако се вратив дома и го видов проблемот.

Дали некој бил во ваква ситуација, и дали има шанса да направат замена на уредот бидејќи согласно Законот за заштита на потрошувачите Член 9 производи кои имаат недостаток не смеат да се продаваат како нови, истите треба да бидат одвоени на страна со јасен натпис дека станува збор за уред со недостаток, и член 43 од истиот закон кој вели дека доколку таков производ биде продаден на купувач, истиот има право по негова желба да бара обештетување или целосна замена на производот.
 
После колку време неактивност се деактивира број? 10+ години сум на вип со ист број.. сега од летово некаде го немав уклучено бројот, во странство... се враќам сега уклучувам симот , не сака да се закачи на мрежата... no service... при пејд број инаку... и каква е процедурата за реактивација . поздрав.
 
После колку време неактивност се деактивира број? 10+ години сум на вип со ист број.. сега од летово некаде го немав уклучено бројот, во странство... се враќам сега уклучувам симот , не сака да се закачи на мрежата... no service... при пејд број инаку... и каква е процедурата за реактивација . поздрав.
1 година би требало да е валиден. Надополни 100 денари и види што ќе се случи. Ако не врти на 1234 но во принцип не би смеело да ти е исклучен
 
1 година би требало да е валиден. Надополни 100 денари и види што ќе се случи. Ако не врти на 1234 но во принцип не би смеело да ти е исклучен
една година валидност на број + 3 месеци грејс период после тоа деактивација скроз на бројот
 
Бев во салонот на Вип, не постои вика таков број... неможело да го повратам... го деактивирале, требало 500 денари ваучер да дополнам за да е валиден година време, јас секогаш по 100-200 ставав... благодарам на довербата и време беше да се префрлам во Т-Мобиле ... кршете глава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom