До пред 2-3 години за мене А1 телевизија беше најдобра телевизија (прва приватна во државава), даваа добри играни и сериски филмови, а додека спортот не беше толку застапен како сега. Во последно време на телевизијата им се подобри програмската шема со нови серии и филмови и со преноси од квалитетни спортски натпревари. За цена да се добие тоа ја расипаа програмата во план на маркетингот односно зголемување на минутажата на реклами, блокови со реклами на секои 15 минути со по траење од по 5 минути што дури ни квалитетните германски приватни комерцијални телевизии го немаат тоа. Но сепак тоа е цената за да се подобри програмата на една приватна самофинансирачка телевизија во државава. Инаку според мое мислење во последните година до две Сител се многу подобри во тој дел, квалитетот на сликата и звукот им е многу подобар од тој на А1, исто така даваат добри и нови играни серии и филмови и квалитетните спортски преноси им се доста застапени. Во план на вести и политички емисии нема да коментирам затоа што ако некоја телевизија е одредена кон некоја си политичка партија може да не му се бендисува на тој гледател што не е за таа политичка партија која ја пропагираат.
Како и да е газдата на А1 арно си знае со сите тие негови реклами за смоки, вегети итн. затоа што доколку не го рекламира неговиот производ нонстоп до сега ќе немаше од каде да ја финансира телевизијата.