A Song of Ice and Fire

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.095
Поени од реакции
9.016
Jojen е жив во книгите. Нели на крај сите завршуваат во пештерата но неможам да се сетам на неговата состојба, дур патуваа беше многу слаб така да не е нешто неочекувано. Неможам да се сетам далинприсуството на Children of the Forest имаше некакво влијание врз состојбата на Jojen, ќе не потсети некој?
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Па се влошуваше неговата состојба се повеќе во книгите, ама исто знаеше кога ќе умре, веројатно и на кој начин. Jojen paste теоријата може да си ја читнете, иако неговата смрт во серијата може да биде поништување на истата, ама мислам дека не треба да се гледа на тој начин на двете дела. За мене случувањата во серијата не влијаат на она што го очекувам од книгите, и не мислам дека може да ги користиме како канон. Ама ја прифаќам и можноста за спротивното. That being said, јас и онака никогаш не ја прифатив Jojen paste теоријата, премногу морничава ми е, иако има основа, дефинитивно не би сакал да е вистина.

Епизодава одлична, и покрај тоа што ми остави впечаток како да беше избрзана. Крајот антиклимаксен, сите знаеме зошто. We needed our lady. Се надевам ја чуваат за средбата со Brienne и дека нема да ја исфрлат целосно како лик.
Фалеше и "Stannis Stannis Stannis", сега едвај чекам да гледам сцени со него и Jon. Колку само ги обожавам нивните разговори од книгите.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Без муабетот за Тајша, некако глупо ми испадна у епизодава онака на рандом да му текне на Тирион да се качи во Tower of the Hand. Мислам дека баш поради тоа што Џејми му ја кажува вистината, он отиде да го убие Тајвин. Или грешам?
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Фалеше и "Stannis Stannis Stannis", сега едвај чекам да гледам сцени со него и Jon. Колку само ги обожавам нивните разговори од книгите.
E уште за ова ми е страв да не ја заебат работата.

Во книгата:
" Edd, fetch me a block. " Then the King nodded and went back inside the tower.

Во серијата:
" Edd, fetch me a block. " Тhen the King looked at Melisandre. She nodded. He nodded. They went back inside the tower.

Кои се импликациите што ќе се десат од ова? Пошто Џоџен си го оствари тоа што го замислуваше.
Тука те цитирам оти не ми текнуваше како да се изјаснам без да пишам спојлери и теории, а нејќам бан од темата за серијата.

Еве, свеж пример.

Прво, ја знам теоријата за гробарот и сето тоа, ама ништо не е потврдено. Сандор го нема. Кога Арија го остави сите претпоставувавме дека умре таму. Ама после, низ очите на Бриен видовме висок човек кој куца, со повреди кои се совпаѓаа со тие на Сандор. Плус, бесниот коњ беше опишан како Стрејнџер.

Поентата е дека сега никој не е безбеден, посебно ако е некој чија судбнина остана неразрешена на крајот на петтата книга. Џоџен потврдија дека умре, значи неизбежно е и во шестата книга да се случи истото. Така си мислев и кога се бореше Сандор. Јас не знам што има испланирано Џорџ, ама продуцентите знаат. Значи тоа беше моментот - дали теоријата ќе остани на статус кво или дали ќе биди скршена со неговата смрт.

Е, за таквите случки ми е страв. Дека ќе потврдат или побијат нешто шо на читачите уште ни е тајна. Импликацијата е дека шоуто пред време ќе си убива ликови чија приказна не му служи на приказната во глобала.

PS: Aко е вистина теоријата за гробарот и дека Сандор сега им служи на боговите...

CLEGANEBOWL 2016
GET HYPE
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Требаше Тирион на крај кога заминува да го рече фамозното "Lord Tywin Lannister did not, in the end, shit gold". Со ова мислам онака поиронична ќе станеше сцената. Тајвин умира во веце бе, еј. Плус, ова мислам ја намали можноста за теоријата дека Ред Вајпер го отрул Тајвин.
Аууу, колку ми фалеше таа реченица, некако сцената ми беше недовршена без таа реченица. :)


Т
Туку ова со Coldhands штом веќе Bran доаѓа до Tree-Eyed Raven значи ликот комплетно одпаѓа. Трпе бил во право. Веќе не гледам логика како би го убациле понатаму во приказната. Дали ова значи дека е небитен лик, дека можеби не е некој важен за приказната па бил само рандом wight или Other кој ќе ги пренесе на север Bran и компанија?

Голем спојлер е ова со Coldhands, делуваше како лик кој ќе биде значаен понатаму. Ама пак зашто имавме гаврани кога Sam го убива WW-от? Тоа не е хинт дека Coldhands е во близина, хммммм?!
Хммм, Ладноракиот не е стандарден бел или бел шетач, за разлика од белите тој размислува и дејствува по сопствено мислење. Тој би требало да е нешто помеѓу луѓето и белите.
Што се однесува до гавраните што го спасуваат Сем и Гили, подсети се како го викаат Бриндон Риверс (иљада очи и едно) и помисли од каде му доаѓа надимакот. ;)

јас го Преспав делот со смртта на Џоџен во книгите или ??
немаше лејди стоунхарт
Не си го преспал, и сеуште ја нема (ако воопшто се појави) Госпожа Срце од Камен.

Не, не, не...Станис Станис Станис никогаш нема да им го простам. Го утепаа ликот начисто, ова требаше да биде моментот кога гледачите ќе го засакаат.
Апсолутно се согласувам со тебе, тотално го уништија ликот на Станис, а во оваа епизода и ликот на Менс. Го напаѓа неколку иљади војници (според книгите Станис има 1500 витези, плус нешто луѓе од Ноќната Стража), Менс има 100.000 луѓе, а тој вика „Се предавам“.
Мислам, глупо до крајни граници.

Без муабетот за Тајша, некако глупо ми испадна у епизодава онака на рандом да му текне на Тирион да се качи во Tower of the Hand. Мислам дека баш поради тоа што Џејми му ја кажува вистината, он отиде да го убие Тајвин. Или грешам?
Требаше тука да се држат до книгата. Во книгата постои ооооогооооомнааааа можност Варис да го има изрежирано настанот околу убиството на Тајвин од страна на Тирион, со оваа епозода го срушиа таквиот можен тек на настаните.
Исто така фали Тајша, во епизодава се разделуваат како пријатели, додека во книгите Тирион е тотално утепан во поим, и ги мрази сите бидејќи сите го разочаруваат во животот, а најмногу го боли предавството на Џејми, единствениот човек кој покажал некоја љубов кон него.

Сепак, епизодата не беше лоша, единствено беше некако пренатрупана. Лично мислам дека имаше доволно материјал за можеби три цели епизоди, и тогаш сите три ќе беа одлични и напнади епизоди.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Значи фактички режирањето на убиството на Тајвин од страна на Варис испадна само теорија.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Требаше тука да се држат до книгата. Во книгата постои ооооогооооомнааааа можност Варис да го има изрежирано настанот околу убиството на Тајвин од страна на Тирион, со оваа епозода го срушиа таквиот можен тек на настаните.
Исто така фали Тајша, во епизодава се разделуваат како пријатели, додека во книгите Тирион е тотално утепан во поим, и ги мрази сите бидејќи сите го разочаруваат во животот, а најмногу го боли предавството на Џејми, единствениот човек кој покажал некоја љубов кон него.

Сепак, епизодата не беше лоша, единствено беше некако пренатрупана. Лично мислам дека имаше доволно материјал за можеби три цели епизоди, и тогаш сите три ќе беа одлични и напнади епизоди.
Сосема се согласувам, и јас го очекував муабетот за Тајша, ќе имаше многу голем импакт, Тирион сосема скршен и разочаран од единствениот човек на кој што му веруваше и тука ќе му плесне за Ленсел и fucking moonboy :D
И го очекував муабетот со Варис да му го објасни патот до кулата на намесникот, ќе беше многууу појакоо, ќе му го дигнеа рејтингот на Варис како сплеткар, а и многу е едноставно, не ми е јасно зошто не идеа со тоа, требаше само Тирион да се сретне со Варис и Варис едноставно да му го кажеше патот до кулата на намесникот.
Абе тури пепел, книгиве ми се канон, серијава ми е посебно дело на страна.

Туку ова со Coldhands штом веќе Bran доаѓа до Tree-Eyed Raven значи ликот комплетно одпаѓа. Трпе бил во право. Веќе не гледам логика како би го убациле понатаму во приказната. Дали ова значи дека е небитен лик, дека можеби не е некој важен за приказната па бил само рандом wight или Other кој ќе ги пренесе на север Bran и компанија?
Неможе да е небитен лик според мене.
Coldhands е многу специфичен лик, единствениот што сме го сретнале со такви особини, измеѓу wights и луѓе, мора да има некоја причина, некоја позадина како станал таков, мора да го искористи Мартин за некоја цел.
Наредната сезона според мене ќе видиме премногу драстични промени, што со книгата едноставно многу работи ќе си немаат врска.

Еј нели во книгата Џејми и Серсеи последен пат имаа односи пред Џофри, а после тоа им се влошуваат односите. Овде го добив спротивниот впечаток, дека баш им се уарнија, што повлекува многу ствари. Којзнае како планираат да ги скараат во серијата, можеби Серсеи ќе се налути што Џејми го ослободи Тирион.
Мислам дека Ленсел ќе му се исповеда на Џејми и ќе дознае за аферата нивна.
Но мислам дека нема да му се налути на Џејми за ослободувањето на Тирион поради тоа што нема да дознае и нема да сака да верува во такво нешто и целата вина ќе падне на Варис.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Во наредната сезона ама баш ништо сериозно нема да се случува. Ќе бидат пред голем предизвик продуцентите како да ја направат интересна.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Во наредната сезона ама баш ништо сериозно нема да се случува. Ќе бидат пред голем предизвик продуцентите како да ја направат интересна.
Ако ја адаптираат само четвртата книга, мислам дека новата ќе биде make or break сезона. Не дека ќе биди досадна, со тоа ич не се сложувам, туку дека ќе има еден тон ликови и потешко е да се заинтересираш за некој што прв пат го гледаш, а тие чии приказни си ги гледал четири години воопшто ги нема.

Е, за да не се случи ова, 100 % сум сигурен дека ќе ги искомбинираат четвртата и петтата книга во сезонава, кои и така се одвиваат истовремено и се само геогрфаски разделени. Првата половина од AFfC и првата од ADwD, плус нешто филер и готово.

Кингсмутот.
Крунисувањето на Мирсела.
Одмаздата на Доран.
GET HYPE
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Во наредната сезона ама баш ништо сериозно нема да се случува. Ќе бидат пред голем предизвик продуцентите како да ја направат интересна.
Да, и јас на ова мислев.
Требаа приказната на Бран да ја остават за следната сезона, ова со децата и со старецот направи голем хајп и комотно можеше да се остави за понатаму бидејќи оваа сезона беше полна со јаки моменти, а следната ќе има недостаток од такви.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ако ја адаптираат само четвртата книга, мислам дека новата ќе биде make or break сезона. Не дека ќе биди досадна, со тоа ич не се сложувам, туку дека ќе има еден тон ликови и потешко е да се заинтересираш за некој што прв пат го гледаш, а тие чии приказни си ги гледал четири години воопшто ги нема.

Е, за да не се случи ова, 100 % сум сигурен дека ќе ги искомбинираат четвртата и петтата книга во сезонава, кои и така се одвиваат истовремено и се само геогрфаски разделени. Првата половина од AFfC и првата од ADwD, плус нешто филер и готово.

Кингсмутот.
Крунисувањето на Мирсела.
Одмаздата на Доран.
GET HYPE
Нема шанси да биде само четвртата книга, ќе бидат првите половини од двете.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Ако ја адаптираат само четвртата книга, мислам дека новата ќе биде make or break сезона. Не дека ќе биди досадна, со тоа ич не се сложувам, туку дека ќе има еден тон ликови и потешко е да се заинтересираш за некој што прв пат го гледаш, а тие чии приказни си ги гледал четири години воопшто ги нема.

Е, за да не се случи ова, 100 % сум сигурен дека ќе ги искомбинираат четвртата и петтата книга во сезонава, кои и така се одвиваат истовремено и се само геогрфаски разделени. Првата половина од AFfC и првата од ADwD, плус нешто филер и готово.

Кингсмутот.
Крунисувањето на Мирсела.
Одмаздата на Доран.
GET HYPE
Ќе мора да одат со двете одеднаш. Мартин видел дека ако ги подреди книгите хронолошки четврттата ќе му биде бавна, па ги поделил по ликови. Ама во серијата немаат избор. Догодина ќе гледаме повеќе дипломатија и пловење. Ама затоа во 6тата сезона ќе има пресврт кај Доран, змејот ја дига Даенерис, другиот Таргариен го напаѓа Стормс Енд, Серсеи ќе шета гола, Џон ќе јаде нож...
 
Член од
18 април 2008
Мислења
876
Поени од реакции
213
decki ako moze nekoj samo da mi kaze dali kuceto ke prezivee ? Nemam nisto citano od postovite gore, a ne ni planiram, no hound kako eden od karakterite koj sto poveke mi se svigaat stvarno na ovoj dozdliv, tmuren i malku depresiven den bi se izraduval dokolku ostanuva ziv... moze vo poraka ili citirajte me
fala mnogu
ps. znam deka e klise, no stvarno nemam momentalno makedonski font :(
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.095
Поени од реакции
9.016
Наредната сезона може да им биде досадна само на гледачите и по некој од читачиве што не ги поштува "споредниве" кралства и новите ликови но сепак ќе биде исполнета со случувања.

Што потенциално не чека во наредните 2 сезони?
-Kingsmoot
-Епик ликови како Euron, Victarion и Asha
-Adam's Family - Roose и Ramsey Bolton
-Jon Snow, Melisandre, Stannis на ѕидот
-Walk of shame на Cersei и можеби повторно појавување на Kevan Lannister
-Qyburn и неговите експерименти
-Jaime, Lancel и Blackfish/Edmure пред -Riverrun/Riverlands
-Tyrion, Jon Connington, Prince Aegon, Septa Lemore
-Tyrion и Jorah Mormont
-Sam и Gilly
-Bran и компанија
-Oldtown можеби? Се плашам да не го рипнат тој дел комплет ама пак се спомнува The Citadel.
-Случувањата во Meereen
-Quentin Martell и платениците, има доста дешавки на Essos
-И она за кое јас личбо сум најзаинтересиран Dorne и се тоа што се случува таму

Има многу материјал и ако не брзаат со fastforward сцени ќе има доволно време да се престават новите ликови. Кога можеше публиката со 3 појавувања да го засака Oberyn не се ни сомневам дека ќе им се допаднат новите случувања. Можеби ќе биде тешко да се надмине 4та сезона но сепак серијата ќе си го задржи квалитетот и публиката.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Би требало да се врати Кеван Ланистер, еднашка се појави во серијата ми нема логика да не се појави по смрта на неговиот брат.
Би требало да се појави на погребот на Тајвин, во стил бил во Casterly Rock ова сето време.
Ќе биде поинтересно со него, он е човекот кој беше единствена надеж за Ланистерс, единствениот способен човек да владее од таа фамилија и да го одржи името Ланистерс.
И дијалозите измеѓу него и Серсеи ми се интересни.
Некако ќе ми има дупка ако не се појави Кеван Ланистер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom