A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Јас пак со прашање после изгледаната епизода :)

Во епизодава, испадна дека Џејми ја силува Серсеи. Мислам дека во книгата не е силување, Серсеи на почетокот нејќе ама после као се внесува. Во право сум?

И некако сега за сега не менуваат многу во серијата, сите работи се според книгата (освен смртта на жена му на Роб од минатата сезона). Од оваа ми се чини дека се е исто.
 
Да, проблемот е што во книгите Џејми го прави тоа онака прљав и со свежо одсечена рака, само што стигна во Кралевото Пристаниште, а Серси има добиено, така да целата сцена е далеку попрљава и покрвава. ;)

И тука во серијава пробаа да направат нешто како во книгите, бидејќи таму Серси го „пали“ Џејми со допити и зборови (слично како во серијата каде Серси почнива да го бакнува Џејми), а сиромашкиот е сув како сува трева и малку му треба да пламне. :) :)

Што се однесува до односот помеѓу книгите и серијалот, за жал има се повеќе и повеќе измени.
Како што наведов, Џејми доаѓа порано, Сем исто така се враќа порано, го нема Белвас, Давос не оди кај што треба (до сега би требало да биде по пат за во Белото Пристаниште), нема преживеани припадници од Ноќната Стража во Кастеровата крепост, туку истите стануваат бели и го напаѓаат Сем кога се враќа со Гили, а од каде што го спасува „Ладните раце“, доаѓањето на Обреин Мартел е сосема поинаку опишано, ги споија Јункаи и Ашаи во едно, нападот на Марин е до сега тотално погрешно опишан и уште милион измени, некои битни, некои не до толку.

До крајот на третата сезона горе долу беше се тука, сега веќе навлегуваат на туѓо и непознато подрачје.
За жал.
 
Последно уредено:
Исто така Кучето и Арија доагаат кај селанот пред битката во меаната, всушност целото нивно патешествие запира во меаната каде што Кучето е тешко ранет и набргу умира.
 
Давос не оди кај што треба (до сега би требало да биде по пат за во Белото Пристаниште), .
Не. Дури откога Станис ќе стигне на ѕидот, пред да тргне по копно накај битката со дивјаците, го испраќа Давос во Белите Сидришта и он тргнува од Eastwatch-b-t-s. Така пак по море, се враќа назад до Белите Сидришта. .
(користам термини од српскиот превод)
 
Уште нешто да прашам :)

Во книгите Pycelle умира. Во серијата, уште во првата сезона видовме дека тој се преправа дека е изнемоштен старец, кога спиеше со една проститутка. Јас мислев дека ова ќе има некакво значение подоцна, ама бидејќи умира, а ништо околу тоа не му се дешава, зошто е потрошено време во серијата на таа сцена?
 
Онака, да си знаеме дека не е толку неспособен ко што изглеа :)
 
Онака, да си знаеме дека не е толку неспособен ко што изглеа :)
И во исечената сцена од трета сезона, помеѓу Тајвин и Пајсел, го имаше drop-the-act моментот. Многу добра сцена, според мене. Може требале да ја остаат во серијата.
 
Дали ќе ми биде досадно да почнам со книгиве после 4 ипол сезони изгледано од тв серијалот ?
 
Дали ќе ми биде досадно да почнам со книгиве после 4 ипол сезони изгледано од тв серијалот ?

4 и пол? Де кажи од кај ги ископа толку, и мене ми се гледа :)

Почни со читање, нема да ти биде досадно. Ако нејќеш така, првата книга според мене може да ја прескочиш, се битно е опфатено во серијата. Јас почнав со читање откако ја изгледав првата сезона и дур ја читав се каев, се ми беше познато.
 
И ја почнав баш тогаш, али со втора книга.
Првата првпат ја прочитав кога го почнав второто читање на серијалот.
 
ја почнав, ми здосадија и ги прекинав. Серијата си ја гледам редовно, некад и ги репризирам епизодите кои ми оставиле добар впечаток.
 
4 и пол? Де кажи од кај ги ископа толку, и мене ми се гледа :)

Почни со читање, нема да ти биде досадно. Ако нејќеш така, првата книга според мене може да ја прескочиш, се битно е опфатено во серијата. Јас почнав со читање откако ја изгледав првата сезона и дур ја читав се каев, се ми беше познато.
Добро бе па ти паушално кажав :D

Значи од втора да почнам .
 
Почнувај од првата, инаку многу ситници што ќе ги промашиш, а покасно нешто значат, ќе ти останат непознати.
 
Дечаци дај бре поактивно на темава мајкуму стара, секако ќе изумре кога ќе заврши сезоната од серијата за некој месец, да искористиме еуфорија.

Сакате да ви пишам тука некои интересни теории?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom