A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Па ранет е и во серијата. Гледај ја пак, баш пред да стани Арија да го удри Поливер или кој и да беше, Кучето ќе го забодат во грбот и тогаш ќе падни. После ќе го удираат на земја додека е. Исто и во книгата, Арија гледа дека е ранет в нога, ама не е голема работа се дури не крени температура и да се жали дека не можи веќе да оди.
Сеа ја пуштив сцената, све ми се глеа како да го бутаат со нога а и плус некако многу лабаво си оди со коњот, да беше избоден во грб немаше да му биде толку лабаво.
Kе видиме наредна епизода.
 
Последно уредено:

Еве уште едно одчино видео од зад сцените. Не го пуштам во темата за серијата оти има по некои мали спојлери. Прв пат ги гледаме Meereen, the Dreadfort, Mace Tyrell и уште некои ликови кои веќе беа во првата епизода. Дефинитивно вреди да се изгледа.
 
Сега кога Џофри умре, кој ќе го наследи неговиот меч од валириски челик?
 
Останува во фамилијарната оружарница.
 
Во книгата сцената со борбата со Поливер и неговата тајфа е откако Кучето ќе проба да ја однесе Арја во Долината на Арин,и да добие откуп од нејзината тетка Лиза Арин,но нема да успее да се пробие,зошто по војната Долината ги затвори сите пристапи..
Баш сцената пред борбата во крчмата го навестува ова,Кучето и кажа на Арја планира да оди во Долината и да бара пари за својата вредна награда...
Така да не очекувам сеуште разрешница на релација Арја-Кучето,сигурно во последните епизоди од сезоната ќе ја дадат разрешницата....
 
Поради некои причини не можев да отидам на саемот за книги. Затоа пак, вчера имав можност да го отворам македонското издание на Игра на тронови и мошне брзо да го затворам. Она што е добро е што кај книгава уште од првите страници многу работи стануваат стравотно јасни, посебно откако ќе се фрли поглед врз мапата на светот. Така, Dreadfort е преведен како Стравотија (!). Брзав, па немав време подетално да разгледам, а искрено, и не можам да се сетам во моментов и на други детали. Како и да е, горниот пример на превод сам по себе упатува кон некои стравотни заклучоци и се сомневам дека е единствен.
Останува некој поупатен да даде поопширна и подетална информација и евентуално, да ме корегира.
 
Кој знае master како го превеле ?
На HBO го превеле стопан.
Kако и да е, мислам дека maester не е збор од англискиот речник па поради тоа и тежок превод е.

Иначе очекувано беше Шае да не го таста Тирион на суд бидејки Шае во серијата и таа во книгата се сосема различни личности, во серијата стварно го сака само за себе додека во книгата му е само ебачица и не и гајле дали е во брак или не.
 
Последно уредено:
Кој знае master како го превеле ?
На HBO го превеле стопан.
Kако и да е, мислам дека maester не е збор од англискиот речник па поради тоа и тежок превод е.

Иначе очекувано беше Шае да не го таста Тирион на суд бидејки Шае во серијата и таа во книгата се сосема различни личности, во серијата стварно го сака само за себе додека во книгата му е само ебачица и не и гајле дали е во брак или не.

Баш ќе биде штета ако во серијата Шае не сведочи против Тирион и не се деси тоа со Тајвин, бидејќи е сосема неочекувано. Јас мислам во серијата ја тераат насоката дека Шае е навистина вљубена во Тирион, ама верува дека тој се заљубува во Санса и поради тоа ќе се сврти против него.
 
Би требало во серијата Шае да сведочи против Тирион,пред се од дијалогот на Тајвин и Серсеи,кога Тајвин и вика дека ќе заповеда да ја доведат во Кулата на Раката:icon_mrgr:(колку само смешно изгледа преводот на поимите од GOT на македонски):icon_lol:па после Шае ќе му биди ебачица на Господарот Тајвин(баш ме интересира дали ќе биди така и во серијата)...:drk:
А според мене во серијата и Брон ќе му сврти грб на Тирион.(платеник си е платеник)како и во книгата,без разлика шо му вети дека го видел бродот на Шае како заминува за Слободните Градови на Исток....
Посебно ако се сетите на дијалогот помеѓу Тирион и Брон во првата сезона(и книга)кога Тирион му рече ПРЕД ДА МЕ ПРЕДАДЕШ СЕТИ СЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ДУПЛИРАМ СЕКОЈА ПОНУДА КОЈА ТИ ЈА НУДАТ,САКАМ ДА ЖИВЕАМ....
Според мене ќе одат по книгата,би имал поголем и подраматичен заплет текот на сезоната.......
 
Така, Dreadfort е преведен како Стравотија (!). Брзав, па немав време подетално да разгледам, а искрено, и не можам да се сетам во моментов и на други детали. Како и да е, горниот пример на превод сам по себе упатува кон некои стравотни заклучоци и се сомневам дека е единствен.

Хммм, па и не е така лош преводот, јас можеби би го превел како Стравотник, иако и српскиот превод како Ужасник не е лош.

Кој знае master како го превеле ?
На HBO го превеле стопан.
Kако и да е, мислам дека maester не е збор од англискиот речник па поради тоа и тежок превод е.

Зошто тежок ?? Ние си имаме совршен збор за оваа титула во зборот „Даскал“.
Стопан е она што во книгата е наречено „Кастелан“, така да преведувачите во ХБО погрешиле тука.
 
Хммм, па и не е така лош преводот, јас можеби би го превел како Стравотник, иако и српскиот превод како Ужасник не е лош.



Зошто тежок ?? Ние си имаме совршен збор за оваа титула во зборот „Даскал“.
Стопан е она што во книгата е наречено „Кастелан“, така да преведувачите во ХБО погрешиле тука.

И јас не гледам што има лошо во преводот како Стравотија.
 
Ај некој што ги прочитал сите книги нека ми пише у ПП што знае за the three headed dragon.
 
Што има да ти пишува на ПП ?? Ова е топик за читачи, така да воглавном сите го знаат барем основнот.
Троглавиот змеј е ознака на куќата Таргеријан и ништо повеќе. Во книгите се зема како симбол на тројството на Егон Освојувачот и двете негови сестри/жени кои со него го освојувале Вестерос.
 
Ај некој што ги прочитал сите книги нека ми пише у ПП што знае за the three headed dragon.
aegon and his sisters
fakticki toa se tri zmeja upravuvani od aegon I dvete negovi sestri, posle osvojuvajneto na westeros(6te kralstva) aegon se zeni so negovite sestri I od tri zmeja dobivash eden triglav zmej :)
ko yu gi oh da igras fakticki :p
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom