A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
^ - кога се појави ова ова интервју, не губеа време, туку направија OnionNews приказна за тоа како Мартин наводно стварно бил инспириран од СФРЈ, коа ги смислувал приказните и го имаше дури и ова ти што го праиш, демек Словенија била Ланистер и така натаму....

Види стварно, па и сум погодил, исто како да сум го препишал. А првпат го читам. Тоа е.
 
Не очекував од било кој наш портал, Мечката и девицата - муабети.
Или препишале или некој таму ги има прочитано книгите.
 
ејч би о
ех па ти мислиш не постои википедија за обичните смртници
 
Ја пречитувам A Storm of Swords пред да почне серијата и искрено сум заборавил на многу од ликовите и настаните кои немаат централна улога. Интересно е колку детали и хинтови сум промашил на првото читање. Дури поинтересно ми е сега кога знам за некои настани па гледам од друг агол. Дефинитивно ваквите масивни серијали може повторно да се пречитуваат по подолго време и повторно да бидат интересни (ма да кога ќе ми текне 5x800 и кусур страни во просек :D).

Исто приметив дека почетните глави од ASoS се дел пренесени на крајот од 2ра сезона на серијата. Дека сите 5 книги ми се како една целина во глава веќе неможам да распознаам која сцена од серијата на кога книга одговара. Се повеќе и повеќе серијата на HBO ќе биде без некоја стрикна хронологија бидеќи се доближува до A Feast for Crows и A Dance with Dragons кои временски идат паралелно. Така да GoT 4та сезона иако замислена да ги опфати настаните од вториот дел на ASoS ништо чудно да инкорпорира сцени од преостанатите книги. Сигурно дека нема да има засебна сезона за A Feast for Crows бидеќи фановите на серијата ќе се чудат кај им се омилените ликови од првите 3 сезони.

Се додека се држат до приказната во целина, лично не ми пречи хронолошки како ќе ги претстават настаните од останатите книги.
 
Исто приметив дека почетните глави од ASoS се дел пренесени на крајот од 2ра сезона на серијата. Дека сите 5 книги ми се како една целина во глава веќе неможам да распознаам која сцена од серијата на кога книга одговара. Се повеќе и повеќе серијата на HBO ќе биде без некоја стрикна хронологија бидеќи се доближува до A Feast for Crows и A Dance with Dragons кои временски идат паралелно. Така да GoT 4та сезона иако замислена да ги опфати настаните од вториот дел на ASoS ништо чудно да инкорпорира сцени од преостанатите книги. Сигурно дека нема да има засебна сезона за A Feast for Crows бидеќи фановите на серијата ќе се чудат кај им се омилените ликови од првите 3 сезони.

Јас мислам дека ќе се заджат само на вториот дел од ASoS во четвртата сезона. Можеби ќе има некои додадени сцени, ама нема да чепкаат ништо од AFfC. Aма треба прво да видиме што се адаптирале во третата сезона за да бидеме посигурни.

На многу луѓе не им се допаѓаше AFfC поради географската поделба. Jon, Danny и Tyrion се fan favorite ликови и не би било добро за НВО ако направат исто како што направи Мартин. Во една сезона ( најверојатно петтата ), ќе ја адаптираат првата половина од AFfC и првата од ADwD.
 
Очигледно е дека во оваа сезона ќе навлезат длабоко и во втората половина од ASoS.
Jaime-Brienne-The-Bear-Pit-jaime-and-brienne-31587051-1280-932.png
 
За тие што немаат време да ја гледаат втората сезона уште еднаш, гледајте го ова видео:

Ајде, уште три недели останаа. Брзо ќе поминат. :P
 
Sapunica. I sto podaleku odi, se povekje potsekja na cista sapunica.
Ако за сапуници сметаш серии чии епизоди имаат буџет од над милион долари, со масовни битки, непредвидливи и напнати ситуации, тогаш да, ова е дефинитивно сапуница.

Плус, ваквите коментари би требало да одат во темата за серијата, а не тука. Овде зборуваме за книгите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom