А ромази јадете ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Кај нас се викаат јабачунки. Лето се користат за разубаување на дворови, а зимо за во туршија. Ми се свиѓаат и ги јадам кога има. Многу брзо се насадуваат и распространуваат.
 
Утка.
Јас ќе кажам по скопски,другачие име не им знам, ТРУПКИ
така ги викавме,бар во она предземјотресно маалско Скопје.
Кажаа и погоре за формата и видот, растат во едно стебло право угоре со мек лист.
Најдобро покрај ограда,на крај бавча во еден ред,покрај меѓа или насип,инаку потоа сами се множат, и не мора да се вади цело растение,се поткопува од страна се вадат поголемите плодови. Може да се расадуват и само од луспата.Лесно се приваќаат.
Сепак бараат почесто вода. Тазе само сум ги јадел,крцкаат,рупкаат а потоа трттттттт.
Сме ги имале во поголеми количини во двор под Калето,над црквата Св.Димитрија, а бидеиќи тогаш имав и многу зајци и тие доста ги сакаа,да ти е милина да ги гледаш.
 
Ова не е пашканат?
 
Не бе, пашканатот е како морков, самo бел. :)

И јас така знам, само си реков да не се деформирани при растењето, оти имам видено моркови во форма на тиква... а бојата на овие ЧИЧОКИТЕ многу ме потсети на пашканатот. Викаш во туршија се добри? Баш ќе пробам... ваљда и за во супа се добри...
 
Во туршија мммммммм само што помислам на нив, лиги ми течат. Пробај стави ги, па кажи. Само не знам колку време треба да стојат за да станат киселки.
 
И јас ги знам како трупки, дома така ги викале :)
 
Ко компир прошетан во Припјат :D

ај набројувајте уште имиња може и јас ќе ги знам под некое 20то :D
Зависи од дијалектот. Кај нас во Прилеп се познати како шалгани или зимски јаболка. Многу се издрави за јадење, но и барем за мене доста вкусни.
--- надополнето: 28 јануари 2014 во 18:29 ---
Утка.
Јас ќе кажам по скопски,другачие име не им знам, ТРУПКИ
така ги викавме,бар во она предземјотресно маалско Скопје.
Кажаа и погоре за формата и видот, растат во едно стебло право угоре со мек лист.
Најдобро покрај ограда,на крај бавча во еден ред,покрај меѓа или насип,инаку потоа сами се множат, и не мора да се вади цело растение,се поткопува од страна се вадат поголемите плодови. Може да се расадуват и само од луспата.Лесно се приваќаат.
Сепак бараат почесто вода. Тазе само сум ги јадел,крцкаат,рупкаат а потоа трттттттт.
Сме ги имале во поголеми количини во двор под Калето,над црквата Св.Димитрија, а бидеиќи тогаш имав и многу зајци и тие доста ги сакаа,да ти е милина да ги гледаш.
Не е тачно. Трупките се поголеми и имаат љиљаковко-бела боја. :)
 
Не се ни трупки, трупки се друго расттение и имаат каде каде поголеми тубери.
 
Јас ги знам како трупки - мајка ми и баба ми барем така ги викаат.

Рендани со морков, цвекло и јаболко се одлична освежувачка салата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom